Ама еве кажи ми жити се, што е ова поразлично од дечко кој си скрола на инста и си глеа рандом типки, а е зафатен? Уз пат упознава некоја од тие, им иде муабет, се зближуваат, има некои си чувства, али уште си ја сака женската. Зашо се реагира на ваква ситуација, чим е нормална? Па може колешка од факс му е , може од работа, среќен е што се дружат.
Па има разлика, на Инстаграм не сретнуваш некој случајно туку намерно, на работа такви се околностите, се движиш меѓу други луѓе. И некои од нив ќе ти се погодат за дружба и муабет. Таа рече нема никаков контакт со него надвор од работа, плус свесна е за ситуацијата и нема да ги храни симпатиите. За другото времето ќе покажи. Но долг е животот да не сретниш ниедна друга (било каква) интересна личност покрај партнерот.
Еве нека не е намерно, случајно налетува на колешка некоја, чатаат, се поврзуваат интелектуално. Мислам дека на многу од вас не би ви се допаднало ова, би го осудиле, ако беше машко. Спорниот момент е што има развиено некакви чувства, па се преиспитува самата, свесна дека не чини, па се прашува од кај чувства кон друг, коа тие чувства се резервирани само за една личност, а покрај тоа што е свесна, она сепак мисли на овој, и го мати умот.
Па не е пак баш случајно, свесно одбира да си пишува со неа, мада зависи и од контекстот на пишење. Таа на работа не оди за колегата, оди за плата. Надвор од таму тој не постои, не си чатува со него по социјални мрежи во слободно време. Пак ќе речам, таа си знае. Само кажувам дека ова можи да е нешто сосема минливо ако не му придава значење, и не е толку ретка појава во долги врски кои станале монотони. А ако веќе цело внимание и емоции свесно ги пренасочува на колегата и зборува работи кои треба со партнерот да ги зборува, има проблем.
Видете, во животот се наоѓаме во многу различни ситуации, некои од нив и сами си ги ствараме. Е сега членката наишла на некој со кој како она што вели кликнала, а ваму е во долга врска со човек со кој се и е совршено. Она самата си ставила кочница, се оддалечила и сведува контакт на минимум. Суштината на оваа ситуација по мене е подлабока, дали се работи за монотонија во врска, дали има нешто што колегата го има, а го нема кај партнерот, дали дошло до презаситување...има многу дали, а што е конкретната причина она треба да си размисли.
Ах да, нема никаков контакт со него вон работата...само пишува есеј за него на форумот и прашува дали може и со втор да си поврзан како со партнерот Сите вие вака правите за вашите колеги? Не сум знаела, pardonne moi I mean, маж ова да го пишеше, на 15 страни ќе се распнеше уште вчера Да, зрело постапила што го свела контактот на минимум. Но, тоа не е доволно, ако не седне да се преиспита себеси зошто тој и предизвикал емотивен хаос. Тоа е решението се подразбира. Особено е важно добро да размисли пред да донесува одлука за брак За другите мислења, значи плиз. Разграничете еднаш за што овде се дискутира и не ги извртувајте работите. Не станува збор дека си помислил на друг, си погледнал во друг, дека муабетиш со колега, дека ти е пријатно на работата, дека друга личност ти е интересна на карактер. Девојката воопшто не пишува за нешто вакво што е патем нормално. Самата уште во првата реченица вели дека има проблем и проблем со себе, ова ја мачи бидејќи е свесна како се чувствува или не се чувствува во однос на партнерот. Оти ќе ја тапшате по рамото дека сите сме вака, само некои наводно глумиме, не и помагате
Ама пак се нашле, се поврзале, кликнале. Тоа го зборам, тие си контактираат секојдневно, си разменуваат погледи најверојатно, може и некои сигнали да има, зашо иначе го потенцираше меѓу редови тоа дека не ја занимало демек како тоа он ја глеа неа, неговите чувства? Дали чатува или не, само таа знае. Чим се преиспитува во врска со чувствата, јасно е ко ден. Не контам како не ја гледаат големата слика во ситуацијава? Се појави ли интерес за трето лице у една врска, не е тоа тоа више, ко шо се научиле минливо. Од кај знаат бе дека минливо ќе биде?
Ако ги затворите партнерите во подрум ги намалувате шансите да ве изневерат. Follow me for more relationship advice"
Ова е чувство на восхит, не е емоционално неверство. Не си му се закачила на колегата и не си му рекла дека фантазираш акт со него. Џабе те критикуваат. Штом си свесна дека не треба да го романтизираш оти веќе имаш дечко и не го познаваш колегата надвор од работа, застани тука. Не го мисли него, мисли на дечко ти.
Ќе се обидам да бидам поконцизна и да дообјаснам како се одвиваше мојата ситуација и како размислував јас додека сѐ се случуваше, сепак многу детали се, ако сакам сѐ да опфатам ќе треба до утре да пишувам што како од каде. Апсолутно нема проблем што ме праша, не сфаќам ништо лично, таман работа, самата решив да споделам нешто лично мое со надеж дека би добила членката перспектива како некој кој бил „од другата страна". Одговорот на двете потпрашања е „не", воопшто не се работеше ниту за бес ниту за повредено его, ниту го надраснав по 3 месеци. Имавме две раскинувања во размак од една недела. За првото бев во шок, немав време да испроцесирам што слушам и што ни се случува (добив прашања од блиски дали сум претчувствувала нешто, дали му бил сменет односот кон мене, немаше ништо од тоа, целосно бев затечена), тој дојде преплашен и збунет од тие чувства и ми призна (не беше муабетот готово јас се вљубив во друга, кон тебе не чувствувам веќе ништо, туку чувствата кон мене стојат, но ги има и за неа). Од моја страна немаше бес, само чувствував неизмерна болка. Утредента откако спласна првичниот шок, се договоривме да направиме пауза една недела, малку да ни се средат мислите на двајцата, тој да се соземе и да проба да си ги дефинира тие чувства кон девојката и смирено да решиме што понатаму, зашто не се става крај на 10 години туку така. Да скратам, после една недела размислување, јас решив дека би дала шанса на нашата врска, направив „листа" на сѐ што мислев дека се нашите проблеми и бидејќи повеќе беа индивидуални работи на кои требаше да работи секој од нас мојот предлог до него беше да одиме on a break шест месеци, да видиме до каде сме што сме откако ќе измине тоа време и тогаш да донесеме конечна одлука (времето беше арбитрарно, доколу некој пред време донесеше одлука дека треба да е официјален крај, така и ќе беше). Тој одби, сакаше да проба со девојката. Му посакав среќа понатаму и го замолив доколку се предомисли некогаш да не ме бара и да стои зад оваа одлука, за да не поминувам одново низ ваква болка. Да резимирам, мојот совет да се збори со партнер се базира на ова мое искуство - јас имав недела време да размислам што посакувам за мојата врска, на некој начин донесов „информирана согласност" зашто тој беше искрен со мене, за разлика од другите партнери на луѓето кои ги спомнав во првичниот пост, тие не ни имале шанса да слушнат дека има проблем во нивната врска и да размислат како тоа нив ги афектира и што сакаат тие понатаму. Не го преболев јас за три месеци, само кога дојде и ми кажа дека се кае што не ја „прифатил" шансата за шесте месеци и дека сака да се обидеме повторно, јас застанав зад мојата одлука, таа опција за мене веќе не беше во игра, морав да мислам на себе и на мојата добробит, па и на моето недолечено срце, колку и драматично да звучи. Ве разбирам сите што ќе бидете - too long, didn't read.
Така де, ама општо искоментирав. Ме насмеа сега ептен Точно, маченце ми е комшијата, кажав дека ми е маченце не искоментирав дека имам чувства спрема него, треба пошироко да објаснувам или уште не ме разбираш што пишувам? Значи како што јас кажувам дека комшо е маче и мажот ми кажува дека комшиницата е мачкица, едно е да си коментираш, друго е да ти се развијат емоции. Секако не разбираш, џабе објаснувам. А чекај, фантазија и емоција валда знаеш да дека не е исто? Не ми се троши енергија за луѓе кои од носот подалеку не си гледат.
Ummm во целина, бидејќи сте толку фокусирани да испаднете морално супериорни што игнорирате сѐ друго? Тоа што може да си признае сама на себе и да напише на форум барајќи мислење наместо да изневери додека се лаже себе си дека било грешка како што прават 80% од луѓето е веќе добар чекор. Колку од луѓето се реално искрени со себе? Не сум ѝ во главата, не знам дали е минлива симпатија/хиперфиксација или заљубеност - што не верувам. За заљубеност треба повеќе од пиење кафе на пауза.
Dobro vecer na site Mi treba sovet itno ako moze Pisete mi lp ke vi objasnam za Sto SE raboti VE ZAMOLUVAM ITNO E Fala odnapred
Некои луѓе прекинуваат 10-годишна врска поради емоционално неверство. Некои луѓе остануваат во брак и покрај присутно плус физичко неверство и одат на правење второ бебе. Ова не е глумење морална супериорност. Туку едноставно различни луѓе со различно wired мозок, различни граници и различни прагови на толеранција за тоа што за нив е dealbraker и крај на еден однос. Едноставно има разлика дали некој наметнува морална супериорност или другата страна сама вака си го перцепира, како таков
Леле, ај што половина од вас пробувате да бидете морално супериорни, али овие маженца кои се одма вознемирија што дознаа дека некогаш и девојки во врска ,,манијачат" некого, а не само обратно, па ја распнуваат. Долги врски стануваат ебено досадни после неколку годинии и тоа е океј. 7 години не е заебанција, можам со голема веројатност да претпоставам дека од помлади се заедно и пораснале еден со друг. И што ако после толку време заедно почувствувала нешто за некој друг? Не ви звучи нормално, очекувано? Можете само да посакувате да сте самосвесни колку што девојката, само тоа имам да кажам.
Па ете пишала тука дека сведила контакт на минимум, не гледам на гравчиња шо прави таа во реалноста и не ја гледам поентата да лажи на анонимен форум кај што впрочем и бара помош и совет. Симпатии многу лесно можиш да створиш со некого со кого поминуваш осум саати во денот, посебно па ако имате исти ставови, мислења, исто хоби. Природно е да сакаш да си во близина на човек со којшто делите милион теми на разговор. Безразлика на полот, ете во случајот се погоди да е некој од спротивен пол. И да, нормално е да те збунат чувствата кога притоа си во долга врска, но најбитно е да раскрстиш и да ставиш граница. Се’ е минливо, па и тоа. И крајно, нема што партнерот нејзин да знае за ова што се случува во нејзината глава. Се додека не се случи меѓу нив нешто “физички”, нема шо таа да споделува со дечко и. Вие секоја мисла шо ќе ви прелета низ глава ја споделувате со партнерите?