Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.448
    Не, не звучи.

    Ќе кажам само, осетете го на своја кожа, ама да сте од другата страна, на партнерот после тие 7 години да сте му станале монотон/а, па нека се зближува и нека осеќа нешо за друг, па дојте кукајте низ темиве :)
     
    На Frida-, Mumoftwo30, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    (facepalm) Морално супериoрно било да кажеш дека треба да го испочитуваш партнерот со кој си во долга врска од 7 год. и да не се впушташ во емотивни авантури, не е ли тоа bare minimum што можеш да го понудиш?

    btw ова не се однесува толку на девојката која што е доволно самосвесна да увиди грешка туку на тие што мислат дека за ова треба да си не знам каква морална вертикала.
     
    На Mumoftwo30, Mr.Limonko, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Ај ќе си молчам.
     
  4. J. T.

    J. T. Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2026
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Фала за сите мислења и споделени искуства. Не би да ја продлабочувам темата повеќе, секако јас најдобро знам што осеќам и што е правилно. Превише акцент се стави на колегата кој реално не ми значи ништо, она што ме мачеше беше мојата емотивна реакција. Сфаќам дека не е толку ретка појава и не треба да се опсесирам со тоа и набивам грижа на совест. Поздрав.
     
    На pinklipstick, christinnn и arwen93 им се допаѓа ова.
  5. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да провериш некако како се чувствува тој во врска со тебе каква е неговиот љубовен живот и дали гледаш нешто во иднина до него. Сега за сега дистанцирање се од него. Имав слична ситуација и така направив. Само што кај мене не беше ништо сериозно со првиот. Само така љубовни проблеми. Никогаш не заљубувајте се во колега.
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    25.565
    Пол:
    Женски
    Тоа е твоја несигурност / страв. Сакаш да кажеш дека кога си 7 години во врска, конкретно еве без деца, не е нормално да ти е здосадено да го гледаш партнерот 5ти ден по ред и нема веќе што ново да си кажете? Секако дека е океј да постојат такви периоди, колку што е нормално да се враќаат и периоди на заљубеност и летање во облаци.

    И треба да имаш способност да толерираш такви периоди во врска, а не да се лажеш себеси дека се е секогаш совршено и дека не е човечки да имаш симпатија спрема друга особа.
     
    На hermosa, Mumoftwo30, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    11.279
    Пол:
    Машки
    На темава уште би додал и дека не е нормално една врска да трае 7 години. И 4 години се многу, а не па 7. И затоа после ќе ви стане монотоно. Секоја фаза си има своја убавина. Запознавање (врска), запросување, спремање свадба, спремање дом заедно, брачен живот без деца, па бременост, новороденче, па потоа секоја фаза од детето и вашиот живот си е приказна сама за себе. И така нема време за здосадување, бидејќи фазите од вашиот заеднички живот се менуваат, со нови предизвици, радости, проблеми, решенија на тие проблеми итн. И ако некој заглави во некоја од фазите (особено врска), нормално е да здосади. И треба да здосади, за да се отрезнат дека врската е само транзициона фаза што води кон брак, а не состојба доволна сама по себе. Но ете, модерни времиња, младиве се плашат од брак, живеат вонбрачно и си ги кркаат последиците од тоа.
     
    На kim.k, carangigia, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.448
    Отишол светот у курац :bug:

    Нема поштовање, нема љубов денес, нема ништо, па не знам ни шо уствари барате сите, шо мечтаете коа не ја очекувате?

    Пеперутки имало - минливо
    Заљубеност - минливо
    Монотонија - речиси увек
    Утеха - моментално, одма и сеа
    А љубов? Не постои.

    Такви се денешниве врски и бракови, може не треба ни да се чудам волку.

    @EvAngelos ако немаат деца? Ако не станат родители? Ако не се у брачна заедница, оти парче хартија и потпис е?

    Збори ми за долгогодишни бракови од 20 плус години, кои се растуриле ко кула од карти, а сепак ги имаат поминато сите фази :?:

    Не е до тоа, до љубовта и почитта е се'. Или ги имаш, или ги немаш.
     
    На Darko90, hermosa, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    13.495
    На луѓето кои им е досадно во врската, дали чекаат од електродистрибуција да дојдат да им ја поправат? :D

    И со ова, дека секоја долга врска е досадна е таков стереотип, my godness :tmi:

    Бикоз секоја врска е различна. Некои стануваат монотони по 3 месеци, но на многу им е супер и по 10 години.

    Вај? Бидејќи за да биде супер, треба буквално постојано и двајцата да вложувате труд. Andd actually да ви се свиѓа партнерот и да сте вљубени во него и обратно :D

    And honestly, ако после долга врска веќе ви е здосадено, како мислите дека бракот ќе го промени/реши тоа? (heidy)
     
    Последна измена: 15 февруари 2026
    На Mumoftwo30, Panda00 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.066
    Допаѓања:
    11.279
    Пол:
    Машки
    Или ќе си посвојат, или ќе си градат некоја поинаква визија за нивниот брак. Сепак ако врската стане цел сама по себе и луѓето се укотват во таа состојба, без воља да движат понатаму, и така си останат во некоја конформа зона, тоа не е добро.

    Епа се додека гледаат на бракот како „парче хартија“, затоа и бракот ќе им биде цврст како парче хартија.

    За верниците (христијаните), бракот е света работа и е многу повеќе од заверка на матично. Со таков став кон бракот, кога утре работите ќе станат тешки, ќе имате плус причина да се изборите и да останете заедно, да не се откажете кукавички
     
    На Frida- и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    10.494
    Пол:
    Женски
    Вришти неискуство во животот од некои постови.

    Сосема е нормално да ти се засвиѓа некој друг во долга врска/брак, колку и да ти е совршено. И ќе потрае и ќе заврши. Некогаш значи дека нешто ти недостига кај партнерот и го наоѓаш кај друг. Дури и продуктивно е на моменти и служи за зајакнување на врската. Ако си комплетно искрена за своите чувства и разговараш за истите со партнерот.

    Неверството настапува кога ќе решиш да направиш нешто во врска со тие чувства.

    Патем, ако тоа не ви е нормално, или сте немале долга врска или околината ви е ружна:D.

    Јас би ја советувала девојката, дека не е ништо страшно. Долги години сте заедно и нормално е да ти проврие крвта према некој друг. Не значи дека не го сакаш дечко ти или дека ќе го напуштиш, туку ете баш така, јебига, се дешава. Сметам дека најверојатно наоѓаш некоја возбудлива страна кај колегата што ти е потребна кај дечко ти. Ако навистина се сакате, биди отворена према него и размисли што е тоа што ти се засвиѓа кај колегата или пак што е тоа што ти недостига во врската. Таму лежи одговорот на се. А другиве коментари што те прават ненормална, слободно одмини ги. Секако ништо нема да ти сменат:).
     
    На Billy Idol, Mumoftwo30, tsanemsit и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    25.565
    Пол:
    Женски
    Едноставно не е можно да контролираш дали ќе имаш пеперутки кога ќе збориш со колегата, тоа не се контролира со мозокот, многу е спонтано. Акт на љубов е кога ќе избереш да си лојален на својот долгогодишен партнер, затоа што знаеш дека таа подлабока љубов вреди повеќе од нешто што е моментално возбудливо. И тоа не е форсирање ако врската е инаку добра.

    Не зборуваме за лоша монотоност во врска, туку на начин како што ако се преселиш во нов град, во почетниот период ти е превозбудливо и забавно, потоа се навикнуваш, ама сепак знаеш дека сакаш да останеш да живееш во тој град.
     
    На Angie1432, Billy Idol, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    63.223
    Пол:
    Женски
    Смешно е да очекуваш после години врска и секој ден поминување заедно дека ќе се осеќаш скроз како на почетокот на врската. Кога си долго време заедно љубовта се одбира, личноста со која се гледаш во иднина се одбира. Бидејќи после толку долго време заедно, ги знаеш сите предности, маани и навики на личноста (и таа тебе) и одбираш да се носиш со тоа. И вистината е дека има мнооогу луѓе на светов со кои би се поклопиле, и ако сретниме некоја ваква нова личност чувството е возбудливо бидејќи е нешто ново. Кога е ново нештото ги гледаш и се фокусираш само на добрите страни, па затоа и тие пеперутки. Така е со симпатиите и во почетокот на врските. Но тоа не трае вечно во никој случај.
    Е сега, некогаш тие симпатии се појавуваат бидејќи има одреден проблем или монотонија во моменталната врска, или можеби таа друга личност (изгледа) дека има нешто што партнерот го нема. Како ќе се одвиваат настаните понатаму е во контрола на тој што го чувствува ова.
    Но ајде да не го правиме ова како нешто најужасно и неморално кога е сосема човечко искуство. Ама и тоа е, ти треба и искуство за вистински да го сфатиш ова.
     
    На Billy Idol, Unknown_7, Albertos и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Во љубовта, како и во војната - се е дозволено. Не знам кој го кажал ова, ама како таложам години ја сфаќам востината во ова.

    До девојчето погоре, што развило чувства за колегата: имаш нежно и наивно срце, не дозволувај другите да одредуваат како да живееш. Но и биди свесна дека не секое чувство опстанува. Ако е нешто силно и длабоко, едноставно ќе знаеш.
     
    На tsanemsit и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Herraa

    Herraa Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Може ли некој лп за совет?
     
    На arwen93 и Lovy1 им се допаѓа ова.
  16. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    332
    Мислам дека само врската ви станала монотона и ова ти дошло како нешто ново и ти прави возбуда. Не си заљубена во колегата, далеку од тоа. Пробајте да ја зачините малку врската, пробајте нешто ново.
     
  17. Elenadjalo

    Elenadjalo Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Се запознав со еден дечко кој ми се покажа како супер личност на прв дејт, арно ама чудно ми е што многу долго време е сам и никогаш немал сериозна долга врска. Се прашувам да не има некој проблем со него. Има 37 години.
    Баш од тие причини, дали би продолжиле запознавање на мое место или би стопирале тука?
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.815
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Машки

    Остај го, барај некое швалериштеееее
     
    На Frida-, Alek90, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.464

    Не сите што се сингл имаат проблеми :) Едноставно, не ја нашле правата а не би трошеле време и нерви на се што е женско.
     
    На Frida-, Melissa_39, makakosi и 8 други им се допаѓа ова.
  20. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Може би никоја до сега му нема одговарано карактерно, може би не ја нашол правата.
    Не суди така, запознај го убаво дечкото, може би ќе ти одговара тебе, ќе се согласувате.
    Нека не те плаши тоа дека немал до сега сериозни врски.
     
    На Melissa_39, Billy Idol, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.