Хммм, не ми изгледа дека е реално ова, ама ајде. Може би сега и си бара жена пошто мисли дека времето му е поминато. Како и да е, пробај некоја недела, само не се врзувај, терај си по ладно и внимателно. Такви лесно можат да те прелажат, ќе ти симнат 5/6 ѕвезди и ќе те придобиат и после троши си го животот на будали.
@Elenadjalo Според мене, Не мора автоматски да значи дека е црвено знаме или дека нешто не е во ред си него. Секој има различен животен пат. Но Делот каде што ти кажува на повеќе пишал, ама само ти си му одговорила ми е . Не оти пробал да дејта, тоа е нормално. Но, ова може да сигнализира ниска самодоверба, social awkwardness, суптилен предвремен притисок да не го оставиш или отворено кажува дека има проблем во привлекување на девојки. И да е сето точно, пак, личност на таа возраст треба да е свесна дека не мора сè да се вербализира, особено пак толку рано. Што ти вели интуицијата, неговата енергија? Дали е емоционално стабилен и self aware или relieved оти конечно некој го избрал? Бидејќи разликата кажува сè
Зошто би стопирала ако ти се покажал како супер личност? И зошто помисли да стопираш тука, базирано на фактот? Чисто ме интересира, бидејќи речиси сум во исти чамец со дечкото. P.S некој/а од Охрид за лп ако може? Имам некои прашања, анонимни
Јас имам колега 42 год, дечкото е прекултурен, љубезен, симпатичен дечко, но едноставно е повлечен, тоа што имал некоја врска/забава било иницијатива од женската страна, едноставно дечкото е срамежлив и повлечен.Не е дечко што се коцка, пие, проблематичен, далеку од све ова, но ете има некој верувања дека нема среќа во љубовта и дека нема за него сродна душа и не се пушта да бара женска, а искрено ретко добар дечко што сум сретнал, да кажам сосема нормален.Така да не осудувај ништо пред време, иди со ладна глава, запознај го подобро и ке видиш за каков лик станува збор, можеби се крие некоја голема траума доживеана, можеби и не, но судење пред време не. Со среќа
Здраво Синоќа со мм имавме одредено недоразбирање. Во мојот телефон има слики од колеги, и имаше повеќе слики од еден колега конкретно. Сликите се од кога сме биле на некој ангажирања и сме се сликале ете. Е сега мм ги виде сликите бидејќи гледаше галерија сосем спонтано се случи целата ситуација и во тој момент не рече ништо бидејќи сме имале гости. После 3 часа кога останавме сами иако претходно го прашував што му е проблем и кажуваше дека не му е ништо и е само уморен, реши да каже дека му сметало да имам слики од мажи во мојата галерија. Тој наводно никогаш не оставал ништо или правел што мене би можело да ме повреди. Како прво јас не можам ниту да замислам дека такво нешто може некого да повреди. И не се чувствувал добро бидејќи јас сум сакала да разговарам само за проблеми кој мене ме засегале а во вакви ситуации сум превртувала со очи, сум се понашала неубаво. Па мене ми се превртува се одвнатре а не само очите на ваква глупост. Како и да е што мислите за целава оваа ситуација? Јас мислам дека мислењето му е просто.
Сликите беа само од колегата?Или ти со колегата на сликите? Ништо страшно ќе му помине до денеска,и малку љубомора во нормално граници не е загрижувачка.Најважно е дека разговарал и посочил дека него му пречи
Сликите беа и заедно и сами. Целата финта со сликите беше дека тогаш тие два дена нас ни текна да правиме спонтани слики за да имаме наводно интересни слики. И после 2 дена сосем заборавивме да правиме слики. И толку тие слики така останаа. Ние не сме ни лути денес, само јас не можам да разберам како на некого тоа би му сметало. Дали јас нешто испуштам во целата ситуација? Дали е оваа разумна причина ? Дали сум премногу лабава личност или едноставно само нормална?
Па не секој исто реагира.Лично и мене би ми сметало тоа најискреноНе би била најсреќна да најдам неколку слики кај мажот ми од колешка и со колешка.Имате право и двајцата никој не е виновен ни ти ни тој.
Не е лошо. А за што сте се сликале? Нешто поврзано со работа, на патување, на искачање? И мм се има сликано со колешки од работа ама во интерес на работата за да пратат на шефот како доказ некој волонтерски проект беше на терен и тоа воопшто не ми сметаше можеби сеуште му стојат сликите не ме ни интересира искрено. Зависи и какви се сликите, каде се, за каква намена. Не е big deal, ама ако сакаш реален одговор стави се на негово место и прашај се дали тебе би ти сметале исти такви слики во негов телефон он и колешка.
Сликите се онака за нас. Не не ми смета да има слики со колешки. Тоа јас не можам да го разберам. Дали јас сум проблем што не гледам ништо лошо во целата ситуација
Тргнав да пишувам дека не мора да значи дека нешто не е во ред со него ако немал врска, да се запознаете подобро... Но ова ми падна во очи и искрено ми е црвено знаме. Го сфаќам во смисла "пишав кај сите, само кај тебе ми упали а очаен сум да најдам женска, жена наскоро". Или навистина има ниска самодоверба, или од неискуство треснал ваква глупост.. но после ова јас би се запрашала дали да продолжувам со него на дејт бидејќи ми делува многу insecure.
@WarriorMind Според мене, Сликите сами по себе не се кривично дело. Но повеќе слики само со еден ист колега + минимизирање на чувствата на партнерот се the real issue. Човекот не експлодирал, не те обвинил за ништо. Почекал да останете сами и смирено го искомуницирал тоа што му пречи. Тоа е прилично емоционално регулирано однесување. Од друга страна, ако реакцијата е превртување очи и нарекување на неговото мислење "просто", нормално е тој да се почувствува непочитувано. Можеби за тебе се само спонтани слики и навистина немаш лоша намера. Но, зрел пристап би било да речеш дека не ти текнало дека ова може да го повреди и дека не ти е проблем да ги избришеш или да оставиш само неколку групни. Слики со колеги не треба да бидат поважни од чувствата на партнерот
Па просто е, ако има доверба во тебе нема потреба да реагира бурно, не е којзнае што, обични слики се. На крај краеви од кој зема он дозвола да врти во твојот телефон? Тоа е по просто и бедно!