Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Herraa

    Herraa Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    И никако не ми тргнува во љубовта.
    Ве молам совет и мислење за ситуацијава…. пред една недела ми пиша едно машко, тој е од овде од околинава кај мене,ме видел во еден кафич и пишувавме, бевме договорени за вечерва на дејт е арно ама сношти имав во план да излегувам и тој ми пиша дека и тој ќе излегува, на истото место…и веднаш уште по пораките го сетив, целосно го смени понашањето значи пред да излеземе… и јас појдов прва со другарка и по некое време дојде и тој со другар и мислев дека ќе рече нешто барем едно здраво, тој помина покрај мене и можете ли да замислите не ме ни погледна а не па да рече здраво. Седна наспроти мене и ни еднаш не ме погледна… после откако си отидов ми пишал порака: Кај ќе се оди? И нормално веќе не му ни вратив, го избришав од секаде и вечерва нема да одам на дејт… многу се чувствував глупаво во моментот, лошо ми е… мислам дека сепак е добро што сношти се случи ова и го видов каков е и што вечерва нема да се случи дејтот…
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    63.223
    Пол:
    Женски
    Not your fault dear. :hug:
    И јас би го направила истото ко тебе. Многу сељачко однесување, можел барем здраво да речи, никој не го тера да стои тука и муабети да прави со вас.
    Не е до тебе, еве и јас сум со истата среќа ама истовремено сфаќам дека на "пазарот" денес нема никаков квалитет и воопшто нема да се спуштам прениско само за да имам било кој. Не знаат да направат муабет како прво (кАј ќЕ сЕ оДи), што останало за дејт да смисли и други работи.
     
    На Gosh, Ugly Duckling, tsanemsit и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.471
    Пол:
    Женски
    Не гледам причина зашто би било лошо, сите си имаме различен вкус и различни критериуми за партнер.

    Ако мислиш дека ќе наидеш на предрасуди од околината, ич не се замарај, зашто луѓето секогаш ќе зборат, што и да правиш во животот.
    Партнер бираме за себе, не за другите.
    Не си направила ништо погрешно, ама пробај малку да се ставиш и на негово место.
    Сите различно реагираме во одредени ситуации и тоа што за нас не е ништо, некој друг може многу да го повреди. Затоа, не би рекла дека неговото мислење е просто.
    Никогаш, во ниту една врска или брак, нема да биде секогаш сѐ совршено, сосем е нормално да дојде до конфликт/недоразбирање и сосем нормално е нешто да ни смета, луѓе сме.
    Јас сум секогаш за искрена комуникација со партнер, тоа е клучно за една врска да функционира. Исто така, и емпатија мора да постои, мора да имаме разбирање еден за друг и да се потрудиме да се ставиме на местото на другиот, не само да гледаме од своја перспектива, затоа што иако сме партнери, сепак сме различни индивидуи, со различни карактери.
    Јас сум имала слична ситуација, исто како и дечко ти, искрено и човечки му кажав дека не ми е сеедно и дека ми смета тоа што има слики со други девојки, не го нападнав дека има нешто повеќе со нив, ама дека сепак не ми се допаѓа тоа.
    Прво имаше слична реакција како твојата, не разбираше зашто би ми сметало тоа и ме убедуваше дека нема ништо со тие девојки, иако јас стварно не помислив дека има, само ми сметаа тие слики. После тоа, ми се извини и ги избриша сликите, без јас да го побарам тоа.
    Од друга страна, искрено имало моменти кога и јас не сум можела да разберам зашто му сметале одредени работи, ама кога ќе седнам и подобро ќе размислам, се ставам на негово место и можеби и мене би ми сметала истата работа, па се трудам да работам на тоа за да не дојде пак до истиот проблем.

    Значи, колку што те разбрав, дечко ти тебе не те нападнал и не те обвинил дека имаш нешто со други, туку само искрено искомуницирал со тебе за тоа што го мачи. Тоа не е онаа патолошка љубомора, тоа е сосем нормално, баш е во граници на нормалата.

    Да превртуваш очи кога партнер ти зборува за своите чувства, извини ама според мене не е во ред.
    Најдобронамерно, поработи на комуникацијата и потруди се да се ставиш во негова кожа, за да го разбереш.
    Ова не е некој страшен проблем меѓу вас, напротив, ова е нешто што се решава со нормален и зрел разговор.
    Не мора да значи дека нешто не е во ред со него, некои луѓе едноставно покасно пронаоѓаат соодветен партнер за себе, не сите го живееме животот по исто темпо. Јас секогаш викам дека секое цвеќе цвета во свое време.

    Мене нешто друго повеќе ми падна во очи. Не е толку чудно тоа што немал долга и озбилна врска, колку што е ,,црвено знаме" тоа што ти рекол дека само ти си му вратила.
    Како што и погоре ти кажа членка, звучи како ,,ќе пишам на повеќе, па кај упали". Немам со кого, па ај со тебе.
    Според мене, многу е глупо да кажеш такво нешто некому и лично не би продолжила комуникација.
    Твое е да си одлучиш како ќе постапиш, ја не би.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    25.563
    Пол:
    Женски
    Зошто е моето мислење во темава од пред 6 саати избришано? Беше најнормален одговор на @WarriorMind.

    @theowndemon ?
     
  5. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    2.471
    Пол:
    Женски
    Ако и на двете страни ви одговара, не се воопшто релевантни коментарите од страна. Затоа што, секој си кажува мислење и советува од своја перспектива и трга од себе, има луѓе што не сакаат да се голема разлика во години со партнерот и тоа е океј.

    Нормално, не е во ред толкава разлика додека едниот е малолетен,
    ама ако сте и двајцата возрасни, на пример еве 25 и 35, стварно не гледам проблем.

    Гледај си ја среќата, на народов не можеш да му удоволиш, нит па треба.
     
    На LibreGirl, BlackNight и Bobbybbybby им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.815
    Допаѓања:
    24.433
    Пол:
    Машки

    Ова не ти смета оти веќе ти го направи прва или?

    За мене малце глупо е да имаш така појќе слики со колега... Не преферирам.
     
    На Darko90, Gosh и quattro им се допаѓа ова.
  7. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Не гледаш ништо лошо зошто колегата е само колега и ништо повеќе. Да сум на твое место би ги избришала сликите ако тоа му смета на маж ми. И така се за онака без никаква намена, што ќе ми се. Побитен ми е мм од некојси колега.
    Се согласувам со @Polyincognito во целост.
     
    На Polyincognito, forumce, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bluesea

    Bluesea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2019
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Можеби ова не е за оваа тема ама ајде.
    Пред 2 дена бев излезена со еден дечко,се беше супер,јас среќна,весела.После тоа уште се пишувавме и договаравме за следно излегување.И вечерва како гром од ведро небо го гледам со друга за раце фатени,гушнати,се смеаат.Не знам како ама цел живот на вакви паѓам.Доверба во маж повеќе немам.
    Тешка глупача сум.
     
    На ЈасТ. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.464

    Може братучетка му била :)))

    пс: Ваљда му шарало газето, се дешава ... бегај од такви
     
  10. Reksii

    Reksii Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно цело време одиш по погрешни личности или пак одиш по некој си што се главни фаци во градот за жал.
     
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.445
    Допаѓања:
    42.974
    Пол:
    Женски
    Мене повише би ме повредило реакција превртување очи на нешто што ми смета отколку самите слики. Баш зрело постапил маж ти, за разлика од твоето детско превртување очи, со тоа се гледа дека ти е баш гајле за неговите чувства.
     
    На MeowMeow, Unknown_7, minne992 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.448
    Близнак да не има брат? :?:

    Се шалам... Ноу комент, колку може да се одвратни мажиштата (facepalm)

    Искача излеа паралелно со неколку, или уше пострашно, девојка му е таа, а се прикажува ко сингл, па иде на дејтови (facepalm)

    Интересни и спонтани, со колега? :?:

    Ако разбрав нешо од овој дел... :drunk:

    Грда реакција у секој случај, ништо поиритантно нема од тоа превртување со очи. А чоекот си покажал обична љубомора, со смирен и цивилизиран тон.
     
    Последна измена: 21 февруари 2026
    На MeowMeow, Gosh, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    13.495
    @Bluesea Look on the bright side,

    Можело да биде полошо - да си неговата девојка и да го држиш гордо за рака, а пола град да знае дека тој те изневерува :bug:

    @Herraa Браво што веднаш си го откачила.

    Држи се до тој мајндсет, не трпи глупости и токму себе сакањето ќе те спои со вистинскиот човек за тебе.

    Едноставно не очајувај, посвети си се онака да си исполнета во животот и што е твое нема да те одмине :f:
     
    На Bluesea, arwen93, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    Мисли позитивно, си го видела одма после прва средба, не си заглавила подолго со таков лик.
    Типот си прави комбинации така да терај даље и не си се навредувај себеси заради некој си таму суртук небитен.
     
    На Bluesea, Mumoftwo30 и Panda00 им се допаѓа ова.
  15. kyro

    kyro Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2025
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    катастрофа
     
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    @Bluesea не си ти крива што типот е нестабилен, ти направил услуга.
     
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    6.488
    Можеби сум проста, стара, заостаната, незнам, но повеќе спонтани слики со еден колега за мене се црвено знаменце. Како сакате речете но во мојот телефонот нема доволно место за слики со маж ми и моите не па за спонтани слики со колега. Всушност и самиот момент да правам спонтани слики со колегата ми е сомнителен. Сум сменила повеќе работни места и секаде каде имало вакви моменти имало нешто повеќе од само слики.
     
    На Keiner, Aenarion, UsenameNotFound и 8 други им се допаѓа ова.
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.935
    Пол:
    Женски
    Не знаеме што работи девојката, не знаеме од кога се знае со колегата. Секогаш си замислуваме офис џоб, можеби е глумица од кај да знаеме…? Различни карактери има. Некои поотворени и екстровертни а некои позатворени типови. Можеби ги знаеме колегите пред да го запознаеме мажот. Во секој случај не се сликите црвено знаменце, ама затоа постои разговор ако му смета на мм ќе ги избришам тој цивилизирано ми се обраќа така ќе постапам и јас а не со превртување очи и игнорирање на неговите чувства. Впрочем рече членката го решиле проблемот дека се во добри односи сега.
     
    На Tam4yy, MeowMeow, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    5.853
    Пол:
    Машки
    @WarriorMind
    Секој човек е различен, некој повеќе, некој помалку љубоморен..
    Љубомора во екстреми е лоша, ама маж ти добро постапил што решил да разговара и да каже дека му се повредени чувствата.

    Не знам зошто ти го проверува телефонот, ако било случајно само му се гледале слика па налетал во ред, ама ако постојано ти го проверува и има љубоморни испади за секое машко што во некој дел од животот ти се појавува тогаш црвеното знаменце е кај него.

    Не знам ниту какви и што слики биле, ама ако биле премногу рандом слики од еден колега кај што е сам сигурно би се осетил исто.. Неколку слики не би ми смениле ништо, зачуван спомен од некој ден на работа ако си во добар однос со колегите зошто да не имаш.. Надвор од мене и семејството има и свој живот, свои пријатели, колеги, не можам да очекувам со сите да си расипе однос мојата жена само затоа што ми е жена.. Довербата е најбитна и ако имаш потреба некој да проверуваш постојано и се сомневаш дека ќе те изневери стави му крај на тој брак, не се мачи ни себе ни партнерот. Ако некој сака да те изневери ќе те изневери и тоа е до него не до тебе...
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    10.494
    Пол:
    Женски
    Леле аман, не ја земал типот за жена. Какви црвени знаменца:D. Еден дејт имале, нормално дека ќе си има и други опции. Што ви е со муабетите, еден дејт и треба во вечна љубов да ви се заколне?

    Стварно некогаш советите ви се премногу детски, бајковити и нереални.
     
    На Alek90, Adidas888 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.