Страшно… какви се луѓе постојат…Потполно те разбирам и мене се нешто така ми се случува… и јас веќе доверба во никој.
Далеку од тоа дека за еден дејт треба во вечна љубов да се заколне, ама пак сепак и еден дејт е доволен другата страна нешто повеќе да размислува нели дејт е сепак и треба да се има почит кон него. А не вака. Кажи си дека не ти одговара, разговарај и после продолжи си со други. Притоа разговарале за следен дејт што воопшто не личи на стабилен човек.
Не е во врска, тоа доволно кажува. Почитта нема врска дали после прв дејт ќе се гледа и со други. Од прв дејт можеш да заклучиш дали сакаш да продолжиш со некој? Ништо не можеш, дури ни мислење да формираш, освен ако не се испонаша ко сељак. Нормално дека секој си гледа опции за нешто подобро. Ти и во бутик да отидеш, ќе се фатиш за 5 блузи, па една ќе одбереш. Уште пострашно, некој треба да избереш да бидеш во врска со него. Никој ништо не ви должи, освен ако стапи во врска или брак.
Се излегува со некој за кого вистински си заинтересиран, со кого сакаш да бидеш, а не со некој што ти е опција колку да не бидеш сам. Има и такви случаи, но не сака секој да биде опција туку избор и љубов, не само друштво.
Најдобар начин да дознаеш и одлучиш дали вистински си заинтересиран за некој/а е ако излезеш неколку пати и го запознаеш човекот подобро на некое подлабоко ниво. А секако нема ништо лошо и во тоа да се дружиш со луѓе само за друштво.
Глупо е да излегуваш истовремено на дејт со повеќе луѓе, максимално треба да се посветиш на една личност и онака на неколку дејтови ќе видиш дали ти е океј за да продолжиш или не.. Кога решиш да дејташ некој мора да имаш максимална почит кон него и неговите чувствства без разлика колку си заљубен во тој момент..
Па да беше дејтањето дејтање ко запознавање, а не по ново лапање, гушкање и ебавање па ај да не ни сметаше...
Зошто? Според кои морални принципи, ако не си во врска не смееш да одиш на дејт со повеќе луѓе? Не знам, мене ми се наивни очекувањата дека ако сте биле на еден дејт и се мисли дали ќе продолжи со тебе, во меѓувреме да не си проба да оди со друга/друг на дејт. Некои луѓе си го живеат животот, тоа што другата страна има принц на бел коњ очекувања, не е нивни проблем. Или во конкретната ситуација, дечкото е заинтересиран, но не доволно и си експериментира. Буквално не и должи уште на прв дејт да се затвори дома и само на неа да мисли. Мислам, what?
Ах да, нели одењето на дејт е одење на интервју за работа. Никој тука нема чувства, само време за трошење. Интересна си му, ама не доволно чедо Божјо, почекај ќе ти се јавиме пак, ако влезеш во потесниот круг. Бидејќи и кога не си доволно интересна, си опција секако Мислам едно е после прв дејт секој на своја страна ако нема интерес. А друго да ротираш повеќе луѓе истовремено, цело време, само затоа што ти не знаеш што сакаш. Ако е така, биди искрен, уште на првиот дејт дека се гледаш со повеќе. Па дозволи другата страна да одлучува за себе. "Очекувања за принц на бел коњ" а уствари само очекуваш нормален човек, но и тоа е многу очигледно
Некои овде кои го оправдуваат маж ти го пропуштаат ова болдираново дека му сметало да имаш слики од мажи во твојата галерија. Значи, не е само за тие слики со колегата. Општо му смета ти да си во друштво на мажи. А, ова воопшто не е здраво размислување. Не е ни мала љубомора, туку е болна љубомора. Он не ни треба да има пристап до твојот телефон без итна потреба (доколку неговиот е испразнет или не чини), и истово треба да важи и за тебе. Излегува дека маж ти е контролор кој сега почнува да ти ги открива вистинските бои. Кога на тебе не ти смета он да се слика со колешки, не треба ни на него да му смета ти да се сликаш со колеги. Сè додека сликите не покажуваат некаков погрешен акт нема основа ни за загриженост, ни за љубомора. Време ти е за еден сериозен разговор со него.
Ако одиш на дејт, значи си заинтересиран за ТАА личност. Точка. Не си ветил уште ништо ама ако не си ни заинтересиран и одиш со повеќе па кај упали упали, значи си нестабилен и само трошиш туѓо време. Па погоре уште со бутик и блузи споредуваш, господе мили. Да, еве зелената блуза многу ми се налути што си купив уште една црна. Јас на првиот дејт имав симпатии, бев заинтересирана за сегашниот дм. И како со некој друг да излезам ако во него ми е паметот, него го мислам, сакам со него да пробам?
И чекај, дали овде коментираме за случајот со Bluesea? Типот има a whole another girlfriend Не знам како ова пробавате да го нормализирате
Кретен. Добра испаднало што си го видела. Да не те залажува повеќе. Речи си дека си се спасила и терај си даље.
Ако ти изгледа како добар и сè во ред, излези повторно. Тоа што некој е долго време сам не значи дека има некој проблем со него. Но, вториот твој пост нешто друго кажува. Ова значи дека не бил заинтересиран стриктно за тебе, туку си гледал девојка да си најде, пробувал, па каде ќе упали... Што можеби и не е дотолку лошо за да прекинеш веднаш. Некогаш и од такви случајности се раѓа нешто поголемо, ете со тебе сте се поклопиле во некои работи. Биди внимателна, гледај како ќе течат работите, не очекувај веднаш премногу. Со оглед на неговата возраст, не знам ти колку години имаш, можно е тој да брза и да гледа поскоро семејство да створи, но така набрзина, без вистинска љубов и емоции, после куп проблеми можат да донесат. Не би рекла дека е просто. Јас не би се налутила ако добијам таква замерка, навистина не ми се потребни слики од колеги во галерија. Ако сликам, ќе им ги пратам и ќе ги избришам, знам добро дека секој друг маж со кого има малку поголема блискост, може да е причина за немир кај партнерот, како што и мене не би ми било сеедно. Не дека сликите значат блискост, ова општо го кажувам. За сликите веројатно има помислено дека постојат некакви симпатии кон колегата, а чувствата на партнерот не се нешто на кое се превртуваат очи. Незрело однесување. Правилно си постапила што си го избришала. Зошто ти се обвинуваш себеси? Ништо лошо не направи, тој седи на повеќе столици. Ништо страшно, само еднаш сте излегле, ќе го заборавиш за брзо време.
Имам бивш колега што работевме заедно едно 4-5 години, имаше 3 врски, ТРИТЕ му беа почнати со колешки (патем имаше девојка пред првата што ИСТО му беше колешка за друга колешка. Ова е за едно работно место, да не почнам да се распишувам што све имам видено, поготово на тим билдинзи, мене ми се повраќа, а не па на други. Тоа дека се само колеги е истото со само другар/ка ми е. Крај краева, не знам што е тешко за објаснување и сфаќање кога да била обратна ситуацијата, момакот ќе испаднел курвар, швалер и што ти не. Ае
А од каде знаеш дека се од по фабриките?Малку е просто да се земе работна позиција како статистика за пример.Демек работното место ќе му смени на некој што е таков.
Мене ми се има случено слично ко на @Bluesea одамна, искочив со еден дечко на дејт не се ни бацивме а муабетите ми даваа serious relationship vibes. Се допишувавме и слушавме секој ден што ми даде впечаток дека води кон нешто сериозно. Мислев дека ме почитува затоа не го прави првиот чекор. Еден ден го видов си го шета кучето со друго девојче гушнати ме виде доаѓа до мене се поздравува и ми вика “да не си мислиш нешто братучетка ми е” му реков “мхм да она ти е братучетка а јас нафта пијам” он рече “абе стварно зошто не ми веруваш?” викам “океј ти верувам”. Тоа беше последен пат кога го видов. Си пишуваше типот монолози, од мене доби само игнор. Дејт за мене секогаш значело потенцијална врска освен ако и двајцата не сте се договориле поинаку и не сте си дале до знаење дека се гледате за нешто друго. Да одам со него на дејт а да знам дека вчера се лигавел со друга? Па само од помислата ми се повраќа.
Таман работаа полако није ваљда да сте се пронашли. Ама најмногу муабети шо пренесуват колегите се од по фабрики. Не дека нема и на други раб места, швалеришта.