Не се пронајдов ниту во фабрика ниту во швалерација.Едноставно не ми се допадна коментарот-жеништава по фабрикиве,затоа искоментирав.
Дали луѓето сериозно имаат време и енергија да се допишуваат со 10 души и да одат секој ден на дејт (карикирам) за да видат кој им одговара? Па и тоа е она што денеска не е во ред со дејтинг светот - мислиме дека имаме неограничен број на опции (дел од хукап културата) и секогаш мислиме дека тревата е позелена кај другиот па со ништо нема да сме задоволни. Што е погрешно да се вложи енергија во една личност едновремено, да видиш дали си одговарате, па ако не бидува барај си друг. Навистина лошо ни се пишува нас што не сме толку модерни.
Колку време ќе гледаш дека некој не чини? Јас на тој начин испотрошив еден куп време, време е за менување на правилата Нема човек кој работи или работел во фабрика со поголем број на вработени и не кажувал што се случувало. Изгледа се опуштаат повеќе во поголеми фирми. Нормално дека има луѓе кои си го гледат нивното да си извадат парче леб ама има доста и вакви...
Имам впечаток дека се помал број луѓе бараат партнер со кој би граделе стабилна врска и заедничка иднина, водејќи се според сопствените вредности, желби и критериуми. Наместо тоа, многумина пробуваат да дејтаат со повеќе луѓе, па кај успее, успее, посебно кога ќе почувствуваат притисок дека "дошло време", бидејќи пријателите веќе се во сериозни врски или формираат семејства. Иако темата е за врски, често гледаме дека кога една врска започнува од погрешни причини, последиците можат да бидат сериозни, па затоа сме сведоци на многу разводи и неверства во браковите.
Не е забрането да се биде во врска со колешка / колега, ништо чудно да ти се допадне.. Ама ако само со колешки бил во врска тоа или значи дека на друго место воопшто не излегувал па не можел на друго место да запознае партнерки, или само се едно му е која па со секоја жена во животот пробува за врска.. Ајде ако не ќе поделиме посебно да работат мажи и жени, за превенција некој да не изневери. И да може да си другар, колега со спротивниот пол и да си стоиш на таа граница.. Мене и машките и женските колеги/другари ми се на исто ниво и не ги гледам женските колешки како потенцијални љубовници.. Дури и да сум сингл никогаш не би гледал потенцијална партнерка во другарка и да почнам да ја дејтам.
Ти претера сеа, и да била обратна ситуација, имал слика со колешката од работа, големото чудо, нека има. Тоа не е гаранција дека нешто има со неа, тој што сака да изневери се живо ќе скрие, а не слики да остава со колешките во мобилен.
Така е Едит: Не реков дека сите го праат тоа, него со постот алудирав на тоа дека и те како постојат такви романси, не за џабе сељандуриве од западот имаат измислени имиња као Work wifey/hubby итн итн. Него нема везе, ме мрзи да се објаснуем на темава. Секое добро!
Абе златен, многу е просто-ако те мрзи да се објаснуваш, не пишуваш на форум. Постојат такви романси-ваљда. Колегата твој имал 3 врски, во период од 5 години. Страшна работа, еве. Јас имав врска со колега, тој беше слободен, јас бев слободна. Еве сега маж ми е, и не ми е колега. Имам сто други колеги после тоа, замисли, само колеги. И само другари сум имала претходно, неверојатно. Вие ако не знаете да направите разлика меѓу колешка, другарка, слободен, зафатен- не значи дека сите не знаат да ја направат.
Прво не знам од каде ме стави у таа група со тоа *Вие* ама не е ни битно. Еве, ти си имала колега, ти слободна он слободен и сега ти е маж. Супер. Ја сум имал девојка па сега е жена на колегата )) Муабетот ми беше (и не знам што толку се вртат работите) дека и те како постојат афери кои што најчесто започнуваат на работното место и дека сосема оправдана реакција е на мажот на форумџиката од погоре а не тука ко што претставуваат некои демек срамота, несигурен бил, инцел бил, ваков бил, таков бил.. Еве и АИ што вика на темата: Most affairs (roughly 85%–90%) begin in the workplace, as it provides consistent proximity, shared goals, and emotional connection. Other common settings for initiating affairs include social media (reconnecting with old flames), the gym (specifically between trainers and clients), and among pre-existing social circles or acquaintances. Се разбираме сега?
Абе не бараат некој да им одговара, бараат да легнат некоја Мажите одсекогаш праеле комбинации и ќе праат, каде ќе упали таму. Дечкото не бара врска. Во однос на неверствата и пријателствата на работно место, постои и едното и другото и тоа не го измислија генерација зет ниту милениумците туку постоело од секогаш а ќе го има и даље. Прочитав некој спомна неверства по фабрики, ко божем нема по државни установи, медицински, приватни сектори итн.. Не може да се врзе неверство со професија, едноставно човекова природа и емоционална зрелост и различни ситуации. Моногамијата е ретка (не нормализирам изневерување но и не паѓам во несвес затоа што е често и може да се случи и треба да сме зрели и да се носиме со тоа - или прифаќаш или ставаш точка, ноу хард филингс). И не би паничела за слики во телефон.. повеќе би ме секирало ако сопругот ми реагира на нешто такво, моја реакција би била 'да не си имаш маже мувата на капата па ја ишкаш на мене?'.
Ааа, добро, штом АИ вика, се разбравме Исто и тие на концертот на Колдплеј Ние, невидливото мнозинство, што одиме на работа за да имаме леб дома и толку- и мажи и жени, сме тоа-невидливо мнозинство, не постоиме. Не знам што било со девојката, сега жена на колегата, ама не проектирајте ист филм цело време, јер што ќе проектирате , тоа ќе гледате. Пошто јас немам намера да не одам на работа, оти таму и мажи работеле замисли и 90% од аферите таму се дешавале (да дополниме-со или без фотки од колеги на дебилниот, овај мобилниот).
Прво никој не проектира, зборувам од искуство и од тоа што сум видел. Второ не знам што ти е поентава што пробуваш да ме ставиш у некоја група а моиве постови од погоре ама врска немаат со тоа али ти си знаеш. Трето хехенцава се излитени во недостиг на некој асален аргумент.
Кој асален аргумент бе друже? Ми прекажуваш муабет од АИ со која цел? Дека жени не треба да одат на работа, пошто таму мажи има?
Што се закачивте не разбирам. АИ ви вади податоци врз основа на тоа каде денес човек проаѓа најмногу време. Во канцеларија нормално...
Ја направивте девојката како да кажа дека имала афера со колегата а не негови слики. Ниту знаеме какви се и зошто биле сликани тие фотографии.. И нејзината реакција со превртување очи на нешто што го повредило не е океј, ама која е и поентата да и го проверува телефонот.. Дете е, па мора надзор? И не знам како секое одење на работа е ризик од неверство и дека секој сака нешто со колегите. Ако вие колегите не ги гледате како колеги туку како потенцијални љубовници, не сите ги гледаат исто. Замисли некој запознал партнер на работа и му бил колега и партнер, двајца сингл луѓе и сега сите сакаат нешто со колегите ама дека не се сингл мора љубовници. И да секоја слика во вашиот телефон од некој што не ви е партнер значи неверство.
@frida , јас претпоставувам дека на форум кажуваш мислење што го имаш изградено врз база на искуство и мисловен процес. Дискутираме во тема ,,љубовни проблеми,, не на тема каде најчесто почнуваат врски. Конкретно, еве, за ова се закачив Ќе завршам тука.
Не се согласувам со ова. Не гледам причина за жена во брак да се слика сама со колега и да чува слики во тел. За мене тоа е ред флаг. Освен ако жената не е некоја јавна фаца пр. пејачка па снимале спот и се сликале за понатаму да се искористат сликите за промоција. Ај секој од вас нека се запраша, дали ќе ви биде пријатно да најдете слики во тел од личноста со која што сте во брак и некој друг. Реакцијата на сопругот ми е нормална и зрела, човекот отворено си кажал што му смета. Живееме во неморално и ненормално време. Не е срамота и чудно да кажеш кога нешто ти смета кај партнер. Срамота е да се превртува со очи и да се игнорира тоа. Може сум старомодна, ова е само мое мислење.