Не очекувам цел живот на мојата жена да и застане затоа што се омажила за мене и да бега од другите мажи како од грешен ѓавол. Се едно ми е кој ќе и се појави во сликите од галерија и со кој се сликала се додека сум и јас во срцето, не го сметам за неверство затоа што не е. Јас на мојата жена не сум контролор доволно е зрела и паметна да знае што е партнер што колега, ако ме изневери до неа е, ќе се дознае немам намера да си го мачам мозокот и да барам проблем кај што нема. Плус на работа е убаво да се има добар и колегијален однос со сите и да си направите да ви биде интересно и забавно.. Што се однесува до превртување очи на нешто што и кажал дека му смета не оправдувам. Ама ред флег е и проверување телефон, особено ако тоа е постојано.
Девојче, се надевам го разбра АИ делот кој те напна и го коментираш погоре, или слабо англискиот и мисловното толкување. Затоа што членот никаде не рече дека на работа народ иде заради партнер за клецање туку дека е едно од се почестите места за запознавање партнер. Искулирај малку, разменуваме мислења и шириме гледишта (нормално и здраво е да ни се различни) не сме на форум за навреди и фрустрации Фала боооогуу асален коментар
Остај, ако работното место е се почесто за запознавње партнери, да не нè треба на работа да идеме сега? Има луѓе што стварно одат на работа, за да заработат, а не за да си најдат љубовник! И пак, ако некој сака да ве изневери нема да чека добра прилика на работа, ќе ве изнвери и во првиот кафич до врата што ви е. Така да, се е до перцепцијата и "мајндсетот" на човекот.
Се мисли на запознавање партнер кога си сингл и нормално е да запознаеш таму партнер. Ама членот тврди дека работата е место за барање љубовници кога веќе си во брак и дека секој има колега кој му е љубовник ако веќе има партнер па не може да му е колегата партнер. Исто смета дека со секое сменето работно место се менува и партнерот/љубовникот како тоа што го направил неговиот другар/колега или што и да му беше.
А кај тврди членот (јас) тоа? Ја само пишав дека не е дека нема такви работи и не е дека е ретка работа. Зборам од искуство и од тоа што сум сведочел. Испадна сите дома ќе седиме пошо ја наводно сум рекол дека сите шо идат на работа идат за ебење. Edit: https://skopjeinfo.mk/epidemija-na-razvodi-vo-skopje-vo-2024-prednichat-aerodrom-karposh-i-gazi-baba Овие иделе на работа, 100%! Свашта за лајкови, свашта.
Многу либерте тетки имаме на форумов Само да прашам, дали со текот на годините се станува по лабав? За да знам дали ќе се опраам некад
Годините ти носат искуство, зрелост и оттрпнатост. Ништо не може да те изненади, ништо не ти е драматично, фокусот ти е на себе и тоа што ти е важно. Поздрав од тетка
"Според социолошките анализи, една од главните причини за зголемениот број разводи е избрзаното стапување во брак, без доволно запознавање меѓу партнерите. Недостатокот на комуникација, различните животни вредности, како и финансиските проблеми, исто така, играат значајна улога во распадот на брачните заедници. Дополнително, социолошките фактори, како што се мешањето на семејствата во брачниот живот или неможноста на младите парови да живеат самостојно, често предизвикуваат тензии што водат кон разделба. " Ова е од линкот што го прати, кај пишува дека проблемот е во тоа што одат на работа? Од утре немој да одите на работа, особено ако имате колеги од спротивниот пол. Исто сите од кога пошле на работа се развеле или се изневеруваат така што кога ќе видите човек да оди на работа сметајте дека има љубовница. Инаку ако членката си го изневерувала мажот и затоа имала слики од колегата љубовник, зошто би имала слики од љубовнукот и слободно би го оставала телефонот во рацете на мажот?
Друже, измеша нешто, препрочитај се повеќе пати да видиш што пишувам и прашувам ја и што враќаш ти. Секое добро.
Заинтересирана сум за многу работи, не значи дека ќе ги правам или треба да ги направам. Ако сакам, не дека морам или се работи за некоја толку силна желба. Нестабилен? Што ти е тоа? Како тоа е некој нестабилен кога едноставно си пробува да најде нешто што му одговара. Тоа што тебе само тој ти се вртел во мислите, не значи дека само ти си му се вртела. Но, сте продолжиле да се гледате и се појавила љубов меѓу вас. Сакам да кажам, да, можеби за некоја е непријатно после дејт да оди со друга на дејт, но не значи дека типот е сељак или дека вришти од тие фамозни црвени знаменца што обожавате за секоја ситуација, да ги пишувате. Ние кога почнавме, после првиот дејт, некој отиде на друг, другиот си бараше нешто друго. Заедно сме повеќе од една деценија, без историја на неверство. Маж ми е најдоброто нешто што ми се случило. Да барав совет тука, ќе си ја испуштев среќата. И што дека пример отишол на дејт? Не му се свиѓала, сфатил дека јас сум му подобрата опција и завршил со мене. Кај мене исто, сфатив дека он ми е подобрата опција и престанав да се гледам со други. Дали го изневерив, или тој мене? Никогаш. Не треба да се слушаат совети толку слепо, туку треба да си го оставиш животот да тече. Тоа е поентата.
А јас мислев дека треба да одиш на дејтови со различни за да сфатиш кој навистина ти одговара. Пу јаз'к, на погрешен начин сум го одбрала партнерот А нели на прв дејт знаеш дали сакаш да продолжиш да се гледаш со некого?
Ај вака. Договараме со некој дечко прв дејт. Поминува убаво, муабет, скриен флерт од двете страни, завршува со "ќе се видиме пак, ќе ти пишам/ќе се јавам". Тој се согласува да има следен дејт. Тука веќе има интерес и ако го видам дека се прца со друга, значи само ми го губел времето и е да, нестабилен. И дури да ме контактира пак, ќе го одјебам. Ако рече, Манчи мило ми беше ама не би сакал да контактираме веќе, не сум заинтересиран, е друго. Ама заборавив, тешко е искрен да бидеш. Или ќе дејтаат и ќе се ебаваат ама појма немаат дали се во врска
Никој не е обврзан да не се гледа со други после еден дејт. Реално, дејтот е запознавање без обврски, нити е врска, нити е брак. И да се договорите за следна средба, секогаш постои можност едниот (или двајцата) да се откаже, не значи тоа дека тој што откажал или што излегол и со други е нестабилна личност. Мене ми е нестабилност и несериозност ако се влечкаш во врска со години и да не знаеш кај тераш. Во рок од неколку месеци врска треба да знаеш дали имате иднина или не, а не да се надеваш. Времето минува, и сигурно не сакам да го губам со некој што знам дека не ми одговара. Во некои случаи тоа се дознава после прв дејт, некогаш после некој месец.
И можеш ко човек да му кажеш дека не ти одговара. Или ќе си пишувате и свиѓате и гледате, ама ќе пишуваш и со други и нема да му кажеш извини не сум заинтересирана? Работава е кога ИСТОВРЕМЕНО идеш на дејтови со повеќе зашто си очаен да прцнеш нешто и не си искрен.
Секогаш сум кажувала. Тоа што не прифаќале некогаш, нивен проблем. Не сум пишувала, во мое време немаше пишување ко денес, комунициравме во живо. И да, дејтав повеќемина истовремено. Без обврски, без задни намери, отворено, без криење, без играње игри.
Ништо ти не си разбрала тетке Прво, си пишуваш со некого и само со еден, и тој само со тебе. После, првото видување е дејт и одма знаеш дека го свиѓаш и тој тебе. После терате врска без ништо да ви фали пошто погодени сте од прва. И така.