Како ќе видиш дека се прца со друга? Веројатноста е, да не го видиш, освен ако не си психо и после прв дејт да го демнеш. Не знам како си ги замислувате луѓето. Но, имале живот пред првиот дејт. Сигурно се допишува со некоја или веќе договорил да се види. Како воопшто бирате со кој ќе бидете?! Луѓе со години не се знаат кои се, вие имате натприродни способности од еден дејт може да заклучите се. Најтоксично нешто што можеш да го направиш за себе е да го сметаш секој, за твој потенцијален маж покрај само еден дејт. Искреност, каква бараш? Да ти се заколне на прв дејт на вечна љубов? Да, детски се очекувањата. Затоа и детски ќе бидат разочарувањата.
Она што вие го пропуштате е дека дечкото се шетал фатен за рака, се гушкал со другата девојка,така што со еднава девојка може бил само на еден дејт, ама со другава очигледно бил веќе во некаков однос, најверојатно во врска барем за мене тоа сигнализира шетање гушнат и држење за рака. Така што не бил он во фаза на дејтање и барање партнерка, туку во wannabe швалериште.
Не знам за другите, јас на прв дејт не сум шетала гушната и не сум се држела за раце. Можеби старомодно, но за мене тоа веќе симболизира некаков однос, секако не мора да значи дека е сериозна врска од старт, но нешто повеќе од само запознавање и истражување и одење на дејтови со повеќе луѓе.
Да ми каже дека Е или НЕ Е заинтересиран да продолжиме да се гледаме. Да ви црта човек или што побогу?
Точно. Се објаснуваат во неколку страни за излегување со повеќемина, а овде очигледно е дека типот веќе бил зафатен, си имал девојка. Да, гушкање и смеење асоцира на веќе подлабока конекција и однос. Никој не може да знае точно. Само каква храброст да имаш некоја, а да излезеш со друга на јавно место каде може секој да те види и после и до неа да стигне. Чудни луѓе.
Интересно ми е како секој си го извртува муабетот, во негова полза. Почетниот аргумент беше во однос на дејтање/излегување, па макар и прв/втор состанок со повеќе личности истовремено. Не забележав дека некој спомна да се фати првиот дечко/девојка што ќе ја запознаеш и да останиш само со него/неа, притоа не знаејќи навистина што сакаш. Претерувате... Не знаеме доволно контекст на иницијалната ситуација, бидејќи реално можеме само да претпоставиме кој состанок по ред им е на дечкото и другата девојка, а можеби се и во врска... На крајот на крајиштата секој си има свои принципи и стандарди за дејтање и не гледам причина да се толкуваат на ваков или онаков начин, освен секако ако не се оди во некоја крајност.
Па на прв ден може и да не знае дал е заинтересиран, затоа следат втор/трет дејт итн. ако не е некој сигурен.
Интересно е што тема која служи за совети, значи даваш совет на членката што побарала и толку, се претвора во дискусии и извртување муабети што немаат врска со тоа што членката пишала. Толку сиромашен стана форумов, што дискусии се водат во теми кои се наменети за совет само. Модератори, што ќе кажете на ова? Да се вратиме малку на воведот на темава. Низ нос ќе му излезе на човек што побарал совет, ќе направат 10 различни филмови од проблемот негов.
Никој не ти должи на прв дејт од морална перспектива да го посветува цело време само, и само на тебе, и да не комуницира/да се гледа со други личности. Од друга страна пак, за мене тоа е bare minimum очекувања од личноста со која почнувам/сакам да почнам да дејтам. И, ако не е така, нема таа личност да ја земам за озбилно, туку за лабилна која не знае што сака/прави со животот. Секогаш кога сум дал шанса на такви, се покажало како погрешна одлука. Подоцна научив од тоа искуство да ги филтрирам уште од старт, да не си губам време на погрешни луѓе.
News flash, како што размислуваме Манч и јас, размислува и половина од светот. Не секој кој оди на дејт, седи на 10 стола и го гледа ова како шопинг на блузи. Некои луѓе genuinely симпатизираат само една личност долго време, не се плеткаат со други и на дејт одат со план ова да прерасне во врска. Другата половина сака да експериментирa и да се гледа со повеќе истовремено. И тоа е сосема во ред. Буквално не е тоа воопшто проблемот. Проблемот е неискреноста. Односно, биди искрен уште на почетокот дека си и со други во моментот и остави другата страна да одлучува дали сака да продолжи или не. Бидејќи ти со тие други луѓе може веќе си и интимен и мое е правото лично да одлучам дали јас сакам да сум player 454 во твојот свет, а не ти. Бидејќи голема е разликата од тоа да си искрен уште од почетокот наспроти тоа да создаваш лажна блискост и да градиш интимна атмосфера и после да бидеш виден со друга. Тоа е чисто его и непочит. И едноставно излегувај си со луѓе на твоја бранова должина - такви што исто така се гледаат со други. Но, реалноста тука е баш како случајот на Bluesea. За него е нормално што седи на 5 стола, ама таа да му каже дека и таа седи на 5 стола, ауф
Фала богу не очекував дека после еден состанок ќе се венчам со него,ама штом се договаравме за следен состанок мислев дека е заинтересиран за мене. Мене ми остави добар впечаток затоа и се согласив за следно излегување,тоа не значи дека јас и тој ќе бевме во врска. А тој ако сака да си тестира со повеќе истовремено sorry not my cup of tea.Само ќе ми губи време или ќе ме чува како резерва. Да бев јас видена со друг ќе бев етикирана како к**ва.
Јас гледам на прв дејт како на запознавање шо можи да не профункционира. Да, сум заинтересирана ама во „нормални“ граници, без да замислам дека тој е тој, и дека мора да функционира. Ако во исто време ми пиши уште некој (не е ова од некоја височина да гледам, едноставно не сум заинтересирана за дејтинг па ако не ми пристапи некој, едноставно не прам чекор јас), нема да го откачам од старт зошто утре сум на дејт. Ако одам на дејт и ми се бендиса и гледам потенцијал ќе откажам се со овој другиот со кој пишам. Не можам да си претпоставам дека дејтот ќе оди одлично и да ги изгорам сите мостови уз процесот. Сум имала ситуација каде излегов со еден, ми беше океј и сакав да го запознам поќе. Во меѓувреме се ре-конектирав со друг (се знаевме од претходно и муабетот почна иницијално пријателски) кој ми се бендиса поќе и се „фатив“ како вториов дефинитивно е то шо барам. Беше no brainer за мене да му кажам на првиот дека не сум поќе заинтересирана пред воопшто да излезиме пак. Дури и да не излезев со вториов, ќе преќинев со првиот зошто интересот очигледно не ми беше поќе во него. Ама ако се „венчав“ со идејата дека мора да е првиот оти бевме на дејт и уште имам некаков интерес за него, немаше да бидам отворена да ги видам знаците и да го најдам вториот, кој во тој момент ми одговараше многу поќе. Е сега за конкретната ситуација би рекла се шо кажав не можи да се примени. Зошто? Ако со некој се гушка и љуби јавно... веројатно биле пар од претходно и членката беше замислена како fuck buddy или one night stand. Да, многу често на крај на прв дејт има и бакнеж, и прегратка, па дури и секс кај некои. Ама се е то приватно, суптилно, интимно. Ретко е да фатиш за рака некој кога уште си во та рана фаза на запознавање. Зато сега по „модерно“ има soft launch & hard launch на врска. И ни едно од овие две не се прај на прв дејт. И без муабет. TLDR девојката му е партнер.
Не знам од женска ама од машка перспектива ако ми прифатила да излеземе на дејт, веќе 50% женска ќе ми биди.
Повторно јас ...не знам дали се сеќавате во врска со дечко ми , ми рече да сум размислела дали сум сакала заедно да живееме , ама некои негови ставови многу ме нервираат , во градов и зградава нема лифт а има свој стан на трети спрат , во градот нема баш трговски центри а има други раб и се е блиску вака , кога му реков дека не ми се свиѓа баш тоа со трг.центри ми рече па ок секогаш се наоѓа нешто и во помало место ,нема потреба да има толку трг.центри за само пари да се трошат, си мислам....ок а во зграда на трети без лифт како да живеам ? Внатре ок е уредено мада и тоа не ми е по воља искрена да бидам повеќето работи се кафеава боја која ми е старомодна ,јас сакам бел ентериер ајде ок тоа ќе се исправи може ,ама не знам што да правам ,дечково е многу фин и ок со мене , имам дознаено мајка му дека му рекла за мене , прво убаво да размисли каква девојка ќе донесе во станот а не да носи само некои девојки на што он застанал на моја страна што значи не ја слуша мајка му , ама некои работи не знам ,јасно ми е дека некои луѓе почнуваат од нула скроз ама никогаш до сега не сум живеела со некој и битна одлука ми е, не знам како да се одлучам , некако ме плаши трет спрат без лифт и некои негови ставови од кои често доаѓаме до расправија ама тој секогаш попушта , се директно му имам кажано и за ентериерот на станот дека не ми се свиѓа иако е ново и за кујната дека ми делува мала по слики што ми праќаше , едноставно не знам не сум зрела изгледа доволно
@Anonimnna5 ,по напишаното не си спремна за заеднички живот, па си наоѓаш 300 рачки. Небитно во кој град е, може и во мојот, еве немаме во градов трговски, па си живееме. 30-40мин со кола има и трговски и повеќе работи, ако веќе тоа е пресудно. Станот на 3ти спрат и не е така високо, освен ако нема некоја физичка пречка, па да имаш ти или било кој потешкотии со качување, слегување. Ентериерот како ентериер се менува. За дома јас лично со мажот де, си го биравме, 7-8 години подоцна, веќе ни е здосаден и сакаме промена. Не дека веднаш ќе смениме ама ниту е еднаш засекогаш направено, ни пак е вечно. Повеќе ми личи како да не си сигурна ни во врската, ни во партнерот.
Не го сакаш него. Станот на трети кат и живеењето во мало место не се причина да не живееш со некого ако го сакаш и гледаш иднина со него. Чудо големо ако зградата нема лифт, мислам на трети кат е станов, не на триесет и трети. Искрено, да си раскинеш, не го сакаш човеков, не си го губи времето со него, ни твоето, ни неговото. Ќе си најдеш друг.
Би се налутила Нели е здрава љубомората доколку не е претерана? Замисли ич да не се љубомори, тогаш би се загрижила.
@Anonimnna5 Според мене, Бараш да најдеш цврста причина да се убедиш себеси, а и него зошто не сакаш и зошто сакаш. Не треба да ти биде вака. Треба природно да си сигурна во себе и во твојот избор на партнер. Не сакаш и тоа е сосема во ред. Не сакам, не сум спремна, се целосни реченици. Не мора да набројуваш X, Y, Z, особено работи како кафена боја или лифт за да звучиш посамоуверено или од страв да не бидеш погрешно сфатена. Кажи отворено дека не сакаш и тоа е тоа. Разговарајте и видете на што сте, што понатака
Штом си го видела со друга, значи не е заинтересиран. Тоа е тоа, прецртај го од листата и продолжи понатаму.