фала ви многу ептен ми помагаат ваков тип на совети ... само не знам и се прашувам со што ја ова го заслужив .... поздравчее....
Не е дечкото крив. Он едноставно те врти од кај сака и како сака. Браво за дечково чим успева. Тебе не можам да те сватам? Како не се измори давајки му објаснување.. Очигледно е какво мислење има типов за тебе нема почит малце кон тебе и те третира (извини што ке кажам како некоја ороспија) ко да го имаш поминато цело Скопје. и едно прашање? Како можеш со таков човек? Па он малце да те сака ке се сожали. Јас што не те познавам се сожалувам со тебе а не он што ти е дечко ...
jokaaaa јас ке ти каЖам кратко и јасно, не е еднинствен на сватот бре, како бе така, ти во болница а тој дај ми список дај ми ова она, ти викам додека е време откаЧи го и него и неговите гглупости да ти биде мирна главата, со тек на време ке се опоравиш, боље спреЧи отколку да леЧиш верувај ми.
Извини ти WomanInRed психијатар си? Како ваква дијагноза постави? Ако не можеш да дадеш совет што ќе помогне каде со навредиве не ми е јасно?!?! За Јока - ти треба многу да поработиш на цврстината на карактерот, повеќе не смееш да дозволуваш да потпаѓаш под нечие влијание и важни животни одлуки да носиш врз основа на тоа дали би му пречеле на твојот дечко. Во никој случај не би требало да му доставуваш списоци сега после се’ ова - ќе се согласам со претходните совети дека со ваков тип иднината не изгледа светла. Многу подобро ќе се чувствуваш ако сега се довериш на другарките, излезете на кафе, прошетајте малку на убавово време, и после тоа размисли посмирено. Но никако не му доставувај списоци.
E овој пост ме плаши- го сфаќам како обид да покажеш дека е се ок, да прекинеме со нашите постови, а ти си веќе решена да го направиш списокот и пак да продолжиш со оваа голгота. Девојче, те молам, те молам како сестра- тргни се од овој лудак. Не си свесна дека сама си правиш затвор, сама му отвараш врата на потенцијален семеен насилник. Како можеше поради него да не одиш на факултет, зошто, за да не се чувствува тој инфериорен дека нема факултет? Се тресам кога пишувам, затоа што ме боли, знам како е да си имаш работа со ваков лудак (ова не е хипербола, таков е верувај), и не сакам утре задутре да страдаш. Не си свесна колку тешко ќе се оттргнеш од него ако врската продолжи подолго, сега тој ти раскинува- после ти ќе го молиш да те остави, ама нема да сака- ќе те гледа како негова сопственост. Бегај додека има време- слушај ги другите, спреми се вечер и излези, а него игнорирај го. Има стотици други машки кои ќе те ценат како што заслужуваш. Немој да мислиш дека така треба, дека е во ред тоа што ти го прави, затоа што не е. Немој да ги игнорираш нашите постови, свести се додека имаш време, свести се затоа што ако заминеш си него во Германија има да страдаш цел живот. Така ли си ја замислуваш љубовта? Те молам, те молам свести се- биди силна, кога ќе ти биде тешко пиши, ние ќе биеме со тебе- само не попуштај да му пишеш и да го молиш да се смирите- сама рече дека се прашуваш со што го заслужи ова, епа време е да кажеш крај, затоа што никој не е толку безвреден за да биде нечија вреќа за лечење фрустрации. Немој да бегаш од форумов, немој да го игнорираш сето ова. Верувај дека после некое време кога ќе се свестиш ќе сфатиш колку сме биле во право со нашите совети. Се молам само да не биде касно
Сметам дека доколку она самата не се стави на тапет и не се искара убаво нема никогаш да свати.. Гледаш? уште прашува не знам со што го заслужив. Значи пак нема трошка достоинство туку пак она грешката ја бара кај нејзе. Да грешката е кај нејзе затоа што додека она сама не свати дека треба прво себеси да си се сака никогаш нема никој друг да ја сака.. Многу убаво напишав (ако читаш) дека не сакам да навредам ... јас дадов совет ако не одговара не мора да го применуваш... ако не ти се допаѓа тоа е твој проблем дадов мислење и тоа е мој начин
многу убаво каЖано од сесилија многу. а и верувам доколку послушаш и што побргу се тргниш од него толку по убаво за тебе верувај ми. моЖеби сега не ти изгледа така но за некое време и те како ке се сетиш на нашиве постови.
не е поентата дека немам достоинство во себе или нешто друго .... работите се премногу комплицирани и со тоа што напишав дека со што го заслужив ова мислев на тоа дека сум свесна за целата ситуација околу мене ама многу ми е тешко да ја прифатам реалноста затоа што за овој периот се покажа како премногу дволична личност бидејќи имам проблем се обратив токму тука и во најмала рака што можам да кажам е фала ... нормално дека ке ми е тешко ама целта на све е дека сум свесна за све а карактерот и емоциите ми се такви затоа што тој нема никој таму.. со неговите не комуницира значи ова не го пишувам за да бидам или го молам ... се разбира дека и јас има свое ЈАС и не може никој да го уништи ама ми треба помош зашто тоа ЈАС го изгубив одамна ... и сакам да си го средам животот п.с Фалаа сесиии многу ептен ми значи ова што го прочитав...
Сега видов дека имаш 18 години- па жити се зарем не се изнервира, не ти иде да го мавнеш една, па нели ти е смешно да се налути што не си му кажала за некој мувач кој што си го имала на 14години ? Немој да го сожалуваш, знам како ти е, си мислиш дека ти си му потпора, со тебе му се вратила вербата во луѓето дека не комуницира со неговите, дека вие ќе успеете и ќе докажете дека има љубов, но... најважното не го гледаш ТОЈ НЕ ЈА ЦЕНИ ТВОЈАТА ЖРТВА, ТОЈ НЕ ТЕ ПОЧИТУВА! Jaс не сакам да навлегувам во неговата личност, не сакам да го анализирам и да утврдувам дали му е тешко или не, ама верувај има многу луѓе кои се далеку, кои се сами- ама не лечат бес над оној кој што сака да им даде љубов. Јас верувам дека ти си доволно паметна за да сфатиш дека твојот живот и твојата среќа се многу поважни од неговата, оти џабе е се- ти што и да направиш за него, тој пак нема да биде задоволен, затоа што во неговата глава тоа се перцепира на друг начин. Прекини ги контактите, немој ни да му докажуваш дека си го сакала, немој да се јавуваш или да прашуваш како му е- само ќе се вртиш во круг. Ќе ти кажам една реченица која што ми ја кажа еден другар кога јас онака бесна сакав да му докажам дека не сум ништо од “епитетите“ кои ми ги доделуваше- ми рече Сеси, што е битно што мисли тој, битно е дека ти знаеш дека тоа не е така. И верувај ми девојко дека беше во право. Кој е тој да му посветуваш толку внимание, да му ги докажуваш твоите чувства. Можеби си велиш ама тој е ладен, ме сака ама не покажува, не сака да се лигави, ама ми мисли добро- ма дај, тоа се само оправдувања кои тој не ги заслужува. Ти си млада, немој да се заробуваш, оти човек сам колку што може да си наштети никој друг не може толку. Излези си вечер, почни да го игнорираш, гледај да фатиш рок за упис на факултет и чекори со гордо крената глава. Затоа што си посебна, затоа што ВРЕДИШ! И не дозволувај никој да го уништи тоа. Ти пуштам среќа
искрено да ви кажам имам 25год и срами ми е да пишувам за проблемите мои и срамота е можеби што на овие години не знам ккао да се справам со нив...5 години сум во врска со деЧко ми се вкупно со неколку расинувања во меѓувреме....сме поминале и надминале многу работии до сега..бидејќи морам да бидам кратка ќе ви ја кажам последнава ситуација зошто не знам како да постапам.значи вака прво да напоменам дека врската ни е сериозна и дека сме многу блиски и прврзани... вчера се случи следново...си беше он цел ден во кафана со другари и вецерта бевме договорени да се вииме пет пати го прашав дали ќе се гледаме ми одговори ДА. и околу 7 и 8 ми се јави и почна да збори па што ако не се видиме пијам цел ден ајде утре...јас се растревожив не затоа сто е незнам каков проблем ако не се видиме туку од неговата постапка..и после у 9 ипол ми се јавува еве стигнав дома ке спијам демек ама арно јас си имам џокер во рака..смеката на телефоните е на мое име и имам детален преглед он кај врти кога врти и колку збори и нормално проверив..и затоа што го знам какодише и како фунционира кога отворив да видам вртел у 11 11ипол па у 1 кај другарите за излегување...значи сигурна сум по повиците дека излегол зошто многу добро го познавам....башка ме прашуваше претходно ќе искаЧаш и кај ќе идеш ако искачаш? му пишав смс убаво да си поминеш и ништо не ми врати се разбира...си плачев цела ноќ ми беше многу тешко и уште ми е се осеќам како глупача и како тинеејџерка зошто сум изреволтирана и не знам како да постапам не знам што е паметно во моментов???помогнете ми ве молам
Мразам кога ќе ја слушнам таа глупа фраза знам како дише. Ало,па човек е,фала богу дека сите исто дишиме. Never mind. Мене малку не ми е јасно што бараш ти совет тука. Дали те вара,што? И ако си навистина 25 години,зарем тој ниеднаш досега,додека сте во врска не излегол со другари да се направи кофте од пиење? Па мажи се мајка му стара,на крај краева со тебе заспива тој,со тебе се буди,а другарите се тука за да не биде ептен монотоно. Јас мислам дека е глупост петгодишна врска,ти 25 години,да си создаваш проблем заради тоа што не ти вратил на пораката или не знам што. Мора ли да сте нон стоп заедно? Ти зарем не излегуваш со другарки? Немора да одите да се пијанчите по кафани,по дискотеки,онака,женска собиранка,кафе..? Мислам дека треба да разјасниш за што бараш совет од нас тука,дека не си баш јасна...
Си ја преувеличила доста. Тие броевите од сметката биле на девојки или на негови другари? Ги препозна броевите ти? Значи сакал да излезе со другарите без да ти рапортира на тебе. Ти во постот не спомна дека имало и девојки таму, нели? Значи на што се сведува ова? На тоа дека ти знаеш како тој дише, или со други зборови немаш доверба во него и не сте искрени еден кон друг после 5 години врска. Тука сте и двајцата виновни. Ако за ова плачеш, ти скоро и немаш причини за плачење во животот изгледа. Замени го цмиздрењето со разговор и можеби ќе стигнеш некаде, можеби ќе си ја подобриш ситуацијата. Како бе 5 години а не му веруваш, сеуште очекуваш подмолности од него? Ама ок, нема врска тоа, важно не си сама.
заради лажењето не знам дали ме рабра кажа дека ќе спие...зошто мораше да ме излаже ете тоа е проблемот и затоа се осекам така..
No,I just not read that! Леле мајко. Леле мајко x 100 пати. Види вака. Колегата ( ми недостигаше така да те викам ),многу убаво ти кажа,поубаво здравје. Мислиш те излажал дека има брак и дете од една година,ебаго. Вие двајца стварно си имате проблеми во врската и не ви се расчистени сметките чим се логираше само за ова да го прашаш,а 25 години си. Најпрво тоа треба да видете,а после да развивате љубов и други хемии.
значи он од мене нема никакви забрни да се разбереме...ама не се осеќам убаво...цел ден се договараме за вечерта и после ми вика ај па што кур ако не се видиме па вака така...и фала богу дека тоа не е ништо страшно ..него нели не е во ред он си направил у мегувреме други комбинации со другарцињата па мене кој ме ебе...и уште згора на тоа да ме лаже...и ете поради тоа лошо се осеќам......
Добро ама ја нападнавте, јасно е дека ќе се подналути зашто така ја излажал. Всушност, тоа е и проблемот-зашто дечко ти на 25 години и во 5годишна врска треба да те лаже ако сака да излезе со град во друштво?Или ти си се бунела кога излегувал, или работава ќе била тебе те откачив, а си шетам со други, може и нешто трето. Е сега не ти личи навистина да плачеш и не знам што, разговарај со него, прашај го зошто не сакал да ти каже и не го напаѓај зашто ништо нема да постигнеш.Наместо тоа прашај како си поминале, кажи му дека нема потреба да те лаже за такви глупости, дека треба да сте искрени, не сте мали нели.
АМ довербата не ви е обострана? еве гледам ти се сомневаш а тоа е ,,црвот на не спокојот,, ам ако излегуват со другари а и ако ти си му дала на знаење дека е слободен во односот со другарите нетребат да те лажит и да криет ! едноставно нека ти кажит вечерва су со другари а ти да си испланираш дали пријателки, роднини или дома седење ! Јас не би седела дома а тој со другари јас би излегла па и тој нека СЕ МИСЛИТ МАЛКУ АКО МИ Е СТАЛО ДО ТЕБЕ КЕ СЕ ПОДЗАМИСЛИТ МАЛКУ ! види мајката е оваја е дома на сигурно а јас ај на пијанки и вечеранки со пајташите ! малку подзатегни ги тоа уздите на аздисаните ! П.С. Јас мозеби сум старомодна ама сум и либерална но си имам целосна доверба !
Ама ставови на 41 година, ако тој излегува и јас ќе излезам, па кој ќе се замисли повеќе, ам? Абе има страв у тоа коските да му втерам. Така нешто во превод? А каде во равенкава стои излегувам за ЈАС да си поминам убаво? @ femina90 - бевме онака строги, бидејќи ако почневме да ја тешиме таа ќе добиеше впечаток дека се соочуваме тука со вистински проблем, а тоа нејзиното не е вистински проблем. Нормално, секој си има право да праша и да добие одговор, но подобро да сецнеме на форум, отколку уште десетици пати да плаче дома само затоа што дечкото не и пишал смс. А совет за брзо градење доверба не постои. Тие после 5 години сеуште не си веруваат потполно.
Не дека е нешто страшно што нема да се видите, ама па кај си ти во случајов? На кое место во неговиот живот си поставена? -Значи ти никогаш неможеш да се “ослониш“ на неговите зборови и секогаш кога правиш план да излезете со него треба да имаш план + во случај тој да не ти каже пак “Ај шо к*р, ако не излеземе денеска“... И знам како ти е, и знам баш во која ситуација си! Види, разговарај со него, за се’ треба да постои разговор, пошто еден ден сигурно ова ќе ти се здосади, ќе ги изгубиш сите чувства! Биди строга и прави како што сакаш ТИ, а не како што сака тој! Еднаш, договорисе и со него и со другарките и вечерта кажимуја истата фраза што ја употребува тој и откачи го! Ризикувај, за да добиеш! Не се плаши да не го изгубиш, единествено нешто што може да те спречи да не му го направиш истото што тој тебе ти го прави може да биде твојот страв да не го изгубиш! Ама пак ќе ти речам, не се замарај, ако не те сака- ќе го изгубиш, ако те сака-ќе сфати дека греши!
EleMental што треба да и речам да си седит дома и чорапи да му плетит за ко ке подостарит да имат со што нозете да си ги топлит ??? а бе ако е либерална врската од двете страни требит да е либерална а не некој да се шетат ,,во сон демек спиет,, а некој да се изнервират дури и соомничав да станит и по тел.сметки дури да чепкат ! Нормално отворен разговор во прв ред ЈАС сум за то! Еве јас на мм никогаш ни во рака барем не му го земам телефонот а камоли да видам со кого зборел и каде имам изградено став на либерална доверба и не се замарам со то ! колку ме прашале еј кај е мажот ти ми требаше нешто а Јас му викам врска немам ако ти треба еве ти број побарај си го ! и коментари како ма?!?! не знајш ке ти го лапнит некоја ич не ме замарет како шала ги сфаќам.Преголема љубомора ја гушит врската било да е мегу сопружници било меѓу дечко и девојка ! Ете то е мојот став иако нагласи дека имам 41 година не значит дека сум со најзастарени мислења !