А од каде може тоа да го знаеме? Од каде знаеш некој непознат дали е на твоја бранова должина и дали излегува или не со други?
Кога ќе кажат па некои воопшто не биле љубоморни или лажат или имаат некој емоционален проблем и нешто им фали очигледно. Па уште као имале самодоверба затоа не се љубоморни каква врска има тоа со самодоверба? Уствари sorry Берд Пит/Анџелина Џоли, сигурно не може покрај твојата беспрекорна лепота и исклучителна личност тебе да ти се случи неверство.
Нели? Ама чекајјјј, шо знаеме ние, тоа се викало зрелост Инаку не е доволна ни лепота за да се осигураш за оваа работа Абе ако е решен, решен е, ќе напраи, па ти биди кој сакаш..
@Hoping Прашуваш и комуницираш. Односно, затоа постојат разговори и првите неколку дејтови, па и првиот дејт ако не сакаш да губиш време ич. Ја отвараш таа тема спонтано. Ако мене ми е важно некој да не се гледа со други, ќе го кажам тоа. Ако на некој му е океј да излегува со повеќе, тоа е негово право. Со текот на разговорот сфаќаш дали се поклопувате или не, дали за ова сте на иста бранова должина или не. Нормално, никој не е должен да се менува. Едноставно, ако си по casual варијанта - кажуваш. Ако гледаш дека некој бара ексклузивност од старт, не го/ја влечи без потреба и да го убедуваш дека е старомоден или не знам што
Многу наивно. Може да каже се и сешто ама сепак е потребен период за неговите дела се поклопат со зборовите или се различни.
Бо значи кои муабети. Нека крене два прста таа, на која ќе и биде сеедно, дечкото со кој договорила втора средба, да го види со друга за рака. Ај мислам па и кои се муабети се искажаа, ако побараш од некој да не те прави будала, си уствари заостанат и секој го гледаш како сопруг материјал . Пф. И оваа па другата леле на трети ќе живеела во стан ао темен мебел. Што извини? А дечкото кај е у приказнава нешто? А ти шо уствари твојот стан на кој спрат со лифт е и скандинавски стил опремен е? Како рече сакаш ти да допринесеш во заедницата? Или само ќе си убава?
Буквално ќе ми е сеедно и нема да има втора средба. Нема да се замарам и нема да трошам ниту енергија ниту време за некој кој не го ни познавам. Толку брзо се затрескувате во некој?
@Hoping Нормамално дека не можеш 100% да знаеш ако некој лаже веднаш, ама не мора ни да чекаш со месеци да видиш каков е, бидејќи има рани сигнали. Ако е несериозен или гледа повеќе луѓе, често е таквиот е нејасен со планови и закажува во последен момент, не прави никакво ‘идно’ планирање, разговорот го држи површен, брза со физичка интимност, има неконзистентна енергија (еден ден многу заинтересиран, друг ден ладен), прилично е строг кога само можеш да му пишеш/јавиш и сл
Јас не пишав дека треба да се чека со месеци туку ти пиша дека може да знаеш дали некој е на иста бранова должина или не а буквално не се ни познавате.
Ахам . Да. Истото што го направила и членката, замисли. Го видела со друга, рекла втф и си кажа овде. Кој и каде се затрескал и кој персираш у моментов и шо поента сакаш уствари да докажеш?
@Hoping Па можам да се кладам дека половината и повеќе од луѓето ниту на првиот дејт, ни на следните 3 не ни прават муабет на таа тема in the first place. Не е дека може да се читаат мисли, ама да започнеш да правиш муабет на таа тема, покрај одговорт, има пропратни елементи како неговиот говор на тело, енергијата, твојата интуиција и сл, кои исто така може да сигнализираат дали е сигурен или искрен во тоа што го кажува
Нема што да докажувам на форум, си пишав мое мислење а ако не можеш да го разбереш, тогаш тоа е твој проблем.
Ниту една од причиниве што го наведе не е вистинска причина.Глупости немало лифт,немало трговски,бојата не ти се допаѓала.Не знам од каде си ама 70% станови во Македонија немаат лифт и трговски центар во градот.И мајка му добар совет му дала,и секој ќе му даде таков на свое дете.Не знам што требало да те брани? Сама си создаваш проблеми а најголем проблем е што не сакаш да живееш со него па си бараш причини
Are you for real? Ќе делиш трпеза, кревет итн со лифтот, станот или трговскиот? Дали е побитно да седиш на маса со него (појадок, ручек, вечера), или сама, додека тој тепа време надвор? Дали е побитно да спиеш со него или сама, додека нему секоја вечер му е по кладилници, казина, кафани? Што е битно дали има лифт или не? Во ред е селфи во теретана пред огледало, али не е во ред 3 пара скали во зграда или таму нема кој да гледа? Секој ден идеш во трговски? Кој е филмот со трговскиот? Може викенд да идете на шопинг? Луѓево во градовите и по селата кај нема трговски не живеат? Ниту си спремна, ниту го сакаш. Човек кога сака се друго е мање битно, човек кога сака би живеел и во Зимбабве во колиба, бидејќи ништо друго не му е битно освен да биде со личноста која ја сака.
А што ти е гајле? Они ќе идат со нив или ти? Сами си комплицирате непотребно и се замарате со небитни ствари.
Тоа што некој не сака да живее во помал град, само по себе не е никаков грев. Едноставно, некој си е навикнат да функционира во голем град, сѐ да му е во близина и тоа е сосем легитимно, нема што да му замериме. И јас лично никогаш не би можела да се замислам во мал град и кога би се селела, би се преселила во поголем. Истото важи и обратно, нема што да му се лутиме на некој што не сака да се пресели во Германија, на пример. Само е битно тоа да се искомуницира на време и да си кажеш искрено што сакаш. Во вакви ситуации, или ќе се најде компромис или најдобро секој по свој пат. @Anonimnna5 Тука ќе прочиташ секакви мислења, ама ти си таа што треба да одлучи што понатака, размисли си убаво дали стварно гледаш иднина со дечко ти и дали он е тој со кого сакаш да го поминеш животот. Биди искрена со него, доколку не се гледаш со него и не ти одговара он и/или местото на живеење, кажи му го тоа со време, за никој да не биде повреден, ни он, ни ти.