Па подобро некој искрено да ти каже како стојат работите и да не ти го губи времето ако не сте на иста бранова должина, што знам.
Да ама безобразно нереална е и затоа прашав каква идеја има... Има стан нејзин па да се префрлат кај шо има лифт или?
Е тоа не би знаела да ти кажам кој што има, ќе мора она да ти одговори. Шала на страна, ти ја сфаќам поентата. Нормално дека не треба да имаш нереални очекувања и да чекаш сѐ од другата страна а ти да не вложиш ништо, и јас сум за тоа сѐ заедно да створат и двајцата да се трудат за заеднички живот. Ама, има случаеви каде што и двете страни имаат свое живеалиште, а сепак никој не сака да се пресели кај другиот, секој сака во своето. Затоа реков, ние не знаеме каква ѝ е ситуацијата, она најдобро си знае и нека си разговара со дечко ѝ, нека видат што, како и каде понатака. Ако нема компромис, тоа е тоа, секој по свој пат. А за градот се надоврзав само, не сакаш да живееш таму, не сакаш, да си жива и здрава. Нема лутење за тоа.
Нели у општина работеше он? Како општинар, нека среди кај градоначалникот ако има земјиште у непосредна близина, да се даде за да се изгради некој трговски, а може да средат и лифт у зграда да ви наместат. Околу мебелот, тоа сами ќе си го смените, само полека, без брзање, супер е што имате сопствен простор, сами ќе си го уредувате.А и бело не знам колку е паметно, повеќе се познава прашината.
Тролиди на ангро Каде ли ги одгледуваат некои луге, да ми је знати. Ко во епрувета да се растени личат. Се разбира дека кафеава е демоде, а тек трети спрат тоа ти е такаречи стратосфера, не ќе одат со балон нагоре во висините! Цк-цк-цк. . Што чуден тој дечкото, срам да му е, како се осмелува да има стан без мол на 5 минути воздушна линија. Смотанко прав. Е сега мајка му, стара лисица. Ја прочитала таа "снајкава" ко стар буквар, па затоа 'звоца'. Гуд фор хр.
Вие шо мислите дека на бело повеќе се познава прашината, не сте имале кафено и црно па затоа не знаете
А, во колиба би живеела ? ( Не сум иронична ама вака од страна гледано се изгледа како ништо да не е важно, само човекот ) За членката немам коментар, ако нема трговски во близина сигурно има голем град во близина па на крај краева и онлине
Па купете си сами стан и опремете си го како сакате.... Ама чекај, мажот тоа треба, вие само нога врз нога да си седите. Да, сосема разбирам да ти смета еве немање лифт, да сакаш да го уредиш по свој стил ама да немаш ништо ти направено, а да мрчиш за туѓото...
Замисли таква комуникација да имам со партнерот, да ми рече нема што да одлучуваш за нешто што не е твое.
Еј, од интерес до интерес игла нема кај да падне е муабетот. Следно ќе биде „абе тро прашина има на косата ако си ја мие редовно“.
Фигуративно кажано. Зборот ми е дека можеш да живееш под кирија додека заштедиш пари за да си купиш или направиш тоа што сакаш. Можеби ќе ме расчекнат за коментаров али whatever. Пишав пред некој ден дека некои многу ги тепа холивудскиот филм. Многу забораваат од каде дошле или од каде доаѓаат. Нека седнат малку со нивните, со татко им и мајка им и ако куќата или станот не била наследена од дедо и баба, нека прашаат колку време им требало да ја изградат, можеби и ден денес враќаат кредит. Со плативе и цениве на недвижностите денес да купиш стан или куќа без кредит или помош од домашите, гуд лак. А за да земеш кредит, покрај тебе ти треба стабилна личност која ќе сака да гради живот со тебе, не да го менува мислењето како ветерот насоката. Лесно е да си направиш дрим чеклиста со се што сакаш, али реалноста е друга, засукај ракавите и работи, придонеси на некој начин, не само да се мрчи од страна. Не сакам на спрат со неговите, не сакам под кирија, сакам ама нема лифт итн. Битно е човек да е вреден, да има амбиција и желба да постигне нешто во животот. Нашите се откажувале од многу работи за да ни обезбедат покрив над глава, алишта и обувки за училиште. Колку од младиве денес се спремни да се откажат од нешто или да го стават на пауза за некој или нешто друго? Рим не бил изграден за еден ден. Со љубов, разбирање и слога се гради се.
Што правиме ние што имаме сè материјално, а душевно сме празни? Имаш кров над глава, пари, услови – ама немаш со кого да го споделиш тоа. Немаш со кого да се смееш, да се бориш, да градиш за утре – за жена, за деца, за живот.И не е фер, ама вистина е – немаме сите иста среќа.Некој има сè и пак е празен, некој нема ништо а има душа до него.Јас лично би жртвувал сè – и пари и комфор – само да имам вистинска личност покрај мене.И во колиба ќе седам, ако знам дека е вистинската.Затоа не бегај од тоа да имаш стабилност, ама не заборавај – без душа до тебе, сè тоа е половина живот.(зборам за заедница, не за единка)
Се согласувам со постот погоре. Како некоја што се преселила од поголем во помал град, да сакав 1001 маана ќе најдев. Не е дека се ми е погодено, ама се прилагодувам највеќе заради човекот што го сакам. Двајцата полека градиме дом кај шо ќе ни е убаво, сме се откажале од повеќе работи и уште се откажуваме ако така налага ситуацијата. Да не бев спремна и јас ќе барав куп изговори и ќе трошев време и мое и негово.
На спрат со неговите не треба да прифаќаш од причина што живеење на ист спрат иде рака под рака со заостанати размислувања. Тие мажи што се одлучуваат за ист спрат, и да имаат 2000 еу плата, пак нема да излезат под кирија или кредит да земат. Ја барем пре би стара мома да останам него со маж што се плаши да се одвои од дома.
Би реагирале во 5-6 год врска ако дечко ви на 2-3 месеци наоѓа по некоја девојка што не ја познава и и прави follow.? Над 10 пати е зборено инсе, секад има изговор од каде ги познава и ,,причина” за тоа. Пр он од Ск е ќе заследи од Штип, Кочани. Не е дека сум напорна или токсична скроз сум чил девојка, али за што го прави ова? И уб план сум готово да прекинам скроз. Преку оноа ми е, крајна непочит тек па сам да знае. И све се некои топ риби, нема непривлечна девојка или маж познаник заследено.
Одма исто би постапила како тебе. Штом е дошло до тоа, ќе дојде и до друго. Никој нема да може да ме убеди дека нема да е така. Почит сведен на 0.
Го прави тоа затоа што не те почитува. Ако претходно сте разговарале и отворено си му кажала дека ти смета значи намерно го прави тоа и не те цени. Јас не би губела време со таков човек.
Здраво женски.. Најкратко што можам.. Две години сме во врска, но многу тешка врска. Нема да го окривувам само него, двајцата сме криви и двајцата се доведовме во ваква ситуација. Постојано се караме, како поминува време не можеме нормално да комуницираме. Од ситница до огромна расправија. Недоверба,навреди, немање веќе живци за разговарање и поправање на работите - од двете страни, но не можеме да се разделиме. Многу пати сме раскинале со разговор дека е крај и дека најдобро е така бидејќи сме свесни дека ова нашево не е во ред веќе , но џабе повторно се смируваме. Јас го сакам, а верувам дека и он мене, само стварно сум уморна од се што се случило до сега и не гледам решение ниту па убава иднина за нас двајца ако останеме заедно. Премногу токсични станавме еден за друг.. Ми треба совет било каков, како да се тргнам од него и он од мене? Многу ми е тешко и болно ова..