Ова нека ти биде причината зашто да раскинеш. А што уствари ве држи вас? Љубовта? Каде е таа у целава оваа прича? Смирена си покрај него, он со тебе? Убаво ви е вака, и покрај све? @natashaaz.09 лелеeee бре аманннннн, 200 пати мислам се имаш пожалено од истово.. Раскини! Не знам шо уште чекаш и шо бараш од него.
Тоа е проблемот, не знам што не држи.. Кога ке "раскинеме" не функционирам, како светот да ми се срушил, кога сме заедно од најубаво може да се претвори во пекол за две секунди. А што е најтрагично немаме по 15год за вакво нешто да се случува
Како изгледа тоа вашето раскинување и повторно смирување? Кој раскинува, кој се смирува? Инаку, како се раскинува- просто ќе си речеш доста е. Ќе си најдеш нешто друго што ќе ти го исполнува а времето и ќе ти го оттргнува вниманието, да не паднеш во искушение да се смирите- трчање, некој спорт, некоја друга активност што никогаш не си ја правела. Како откажување од било која друга зависност, прво ќе биде тешко, па ќе помине.
Те сфаќам. Се имате премногу поврзано, до степен да мислите дека не можете еден без друг, но многу е напорно и измачувачко коа знаеш дека не бива А шо е толку проблематично? Со компромиси сте пробале? Без инаетење? Дали сте скроз различни карактери и немате воопшто сличен светоглед, па ради тоа иде до вакви несогласувања? Види, не е у ред ич, свесна си дека една врска вака не смее да функционира, на стаклени нозе е сеа, замисли понатаму како би опстанала. Едноставно некои луѓе не се компатибилни како пар, и тоа е тоа, не моеш против да идеш за жал.
Се договорив со еден тип да излеземе на кафе утре, ама сепак не сум сигурна дали сакам да излезам, почнав да се предомислувам. Време немаме договорено. Дали да излезам колку да го исполнам ветеното да не испаднам нефер, или да не си го губам времето кога не сум сигурна па што ќе мисли нека мисли?
Не знам искрено што е проблематично, од најмала ситница и глупост како на пример што ке јадеме или дали ке излеземе знае да настане огромна расправија.. Како ѓаволи да влагаат во нас. Јас претерувам искрено све ми смета, а он веќе нема нерви и одма избувнува и многу е станат негативен.. Многу ми е криво бидејки имаше потенцијал врскава и многу работи поминавме заедно и искрено нема некој конкретен проблем пример неверство или нешто посериозно, се вака од глупости.. Многу често не ме разбира кога пробувам да разговарам и да му кажам дека нешто не е во ред, мисли дека поентата ми е само да се расправам.. И џабе 100 пати сме раскинале, сме се блокирале дали он, дали јас и потоа во принцип он ке ме побара пак, а мене толку ми треба и пак се смируваме и пак истото цело време
@Ecaecushka Повеќе би било нефер да излезеш, а кога реално си незаинтересирана. Односно, не го губи ни твоето, ни неговото време. Само културно кажи му дека откажуваш и тоа е тоа
Оди истроши го времето, може ќе се предомислиш. Ако не ти одговара не контактирај веќе, откачи го. Никад не знаеш.
Мислам по фер би било да откажеш. Не си го губи времето ако не си заинтересирана. И ако не ти е битен не мора со сила да излезеш само за да не испаднеш не фер. Life is too short.
Ти како ќе се осеќаш ако тебе некој ти го направи ова? Нависитна е безобразно да извисиш некој ако веќе сте се договориле да излезете. Подобро е човек да биде искрен отколку да играш игри, оти тие игри и од глава знаат да му се удрат на тој што ги практикува.