Еее тука сум глупа јас, не ме држи лутина долго време. Истата таа вечер и јас му го направив истото на него и он побесна (пошто океј не е некоја екстремна ствар ама 20 шати му имам кажано дека ми смета се имаме рссправано и он упорно и упорно )… уште ми вика за вечерва ти си крива и онака ми доаѓа очите да му ги ископам
Мене ми се плаче и ми урива се фактот што кога сме заедно тој ме третира барабар како мајка ми што ме третира у секој поглед. Не е можно да глуми али к ова не е нормално.Што прави? Како да е презаљубен у мене у очи ме гледа со мерак. Али на 2-3 месеци мора да се избаци со некое заследување. А и не можеш ни да збориш ко шо треба, ја зборам тој си ќути. Кога ќе направам кавга за ова го снемува по еден месец без контакт сме. Досега 3-4 пати сме биле скарани по месец дена и тој само ќе праша ти пројде лутината и толку. Некој да ми објасни? Едно извини нема речено или стварно да се поправи. Али па налет и све и извини, ко инспектор ли да го минувам животов. Претешко ми е, али на моменти, 10ти пат ова го минам со прекиниве. И нишо и не ни прави нешо да проба да поправи. Шо чоек е воа ве молам за мислења. Заедно кога сме душиче, ми иде по газ ме тинтри, ме гледа ко светост а инаку еве ова…
@natashaaz.09 Подобро прашање што треба да си го поставиш себеси е, зошто го трпиш сето ова? Зошто го трошиш сопственото време и мир да глумиш инспектор? Не, не е нормално некој да го снемува по 1 месец, да се враќа и така во круг. Ова не е врска, туку повеќе гледање, а во тој 1 месец можеби си е и со други. Но, решението не е него да го анализираш и да пробуваш да сфатиш каква е оваа врска. Туку да се осврнеш кон себе, да видиш кој дел од тебе учествува во овој токсичен однос и да се фокусираш да го излечиш
Исто заследил и една девојка, нејкам да ја вреѓам ама знаеме сите каква е. По сликите се гледа и ја знаеме сите. Се следеа отсекогаш и сега гледам пак ја заследил. Викам зашо вика како ме кога пак сум ја заследил а знае, нема како да е погрешка. Пред се го сакам али веќе се повеќе ми омрзнува со постапкиве. Ајде за тоа ќе го преболам. Али си викам ќе ме засака ли следен, ќе му се засвиѓам ли на некого. Што би ми правел тек па следниот ако е некој бетер. Што па доколку ств сегашниов е прав а ја го ,,јадам”. И ме кочи најмногу фактов кога сме заедно понашањево пресовршено, како најсреќен пар, се е прекрасно и потоа следи вакво нешто. У збунка сум. Ама ако сега не ме почитува за вакво нешто тек пак утреден… Зашо све усерува еве не знам..
Мене ми се чини дека и овој сегашниов многу не те свиѓа, штом така си запратува девојки и тебе те прави будала.
Ама како може да е прав, а да го снемува по месец дена? Заслужуваш подобро, и сама да останеш ќе ти биде подобро. А секако дека нема, не е последен маж на светот побогу. Дај откачи го, месец дена без контакт е лудило.
@natashaaz.09 Кога љубовта е вистинска и човекот за тебе, нема збунетост. Затоа што тој би бил конзистентен, нема да го активира инспекторот во тебе и проблемите ќе ги решава во присуство, а не со отсуство на месеци. Човек кој вистински те сака и те почитува, не се однесува вака. Но, и ти самата тоа што го чувствуваш не е љубов, туку страв да не си сама и страв ако не најдеш некој подобар. Реалноста е дека ако не го средиш ова кај себе, секој нареден ќе е погрешен. Вистинскиот доаѓа само откако ќе започнеш да се сакаш и почитуваш себеси
Секогаш се гледа каков е човек во мали работи.Тоа што кога сте заедно и е најпрекрасен е класична манипулација.Ниту е најпрекрасен ниту најзаљубен.Секој месец пишуваш-еднаш те излажа го начека излезен,потоа не те покани на мекици кај сестра му итн.Тој веќе те има научено дека се простуваш и сигурна карта си,место на кое секогаш може да се врати.
Мене ми смета и начинот на размислување, зборевме нешто за храна и му реков дека имам блендер и кујнски робот и ми вика тоа е за инвалиди треба сам човек да е способен да прави ,бог да чува си мислам ,кај мала кујна кај ме убедува дека утре ден би живеел без апарати , знам без врска е ова што го пишувам ,ама сите мажи ли се вакви ????????
Абе не мораш да живееш со него, или со било кого. Ако ти сметаат толку работи, тоа е јасен сигнал дека треба нов дечко да си најдеш.
Па не е ни баш дека е ок сега реално, утре ден деца , како со мало дете по скали? Количка ? Кеси од маркет да треба да носиш ? Некогаш ако не си во состојба поради здравствен проблем ? На поодминати години?
Мене ми е ок дечково, пошто ме слуша што и да му кажам, ама ме интересира дали постои маж кој што уклучува памет некогаш за нешто во животот или се им е рамна линија ? Како е можно да бил апарат за неспособни и сл или не знам еве јас може премногу пребирам
Леле, знаеш колку има до тогаш? Јас и некогашниот дечко живеевме дури на 5ти спрат без лифт. Нормално не живееме таму сеуште, затоа се вика стартно живеалиште. А ако било кој, особено млад човек, не може да искачи барем 4 спрата пешки, треба сериозно да се загрижи за своето кардио здравје. И да почне да ги качува тие скали, ако нема свои и по гости нека оди. Божее, на тие години 12 спрата сум ги кажувала пешки, фор фан.
Јас сакам да средам по свој вкус и стил не би сакала да се преселувам ама не мислам што биде како биде може нема ни да доживеам старост повеќе ме зачуди ова не размислување на маживе
Како мислиш те слуша,што и да му кажеш?Искрено не знам возрасен човек дека некој треба да слуша.Апаратите ќе си ги однесеш и ќе му кажеш дека тебе ти требаат не е морално тој да ги користи.и јас не користам машина за бричење па ја имаме дома.
Исто како секој друг човек што живее без лифт...? Млада си и ќеси од маркет ти се тешки, озбилно ова?Освен ако немаш физички проблем/болест или 85 години, не гледам како трети кат е пречка за нормално функционирање.
@Anonimnna5 Ти ни сама не си сигурна дали те е ок дечкото.. На кој начин ти е ок, изглед, професија, карактер? Дали навистина ти е проблем местото кај што ќе живееш или човекот? Си понудила да живеете на друго место, како реагирал?