Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Јас не познавам некој што има сериозна и сигурна работа во странство и би се вратил тука.
    Најубаво ти да испиташ кај работи или што работи.
    Добронамерен совет, не се залетувај и не очекувај ништо во моментов. Малку е чудна целава ситуација и без да си сигурна во што влегуваш, држи дистанца.
     
    На Panda00, Gosh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. fairy11__

    fairy11__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Hello женски
    Заедно сме година и два месеци. Во текот на врската беше се нормално и се одеше добро, немаше големи караници имаше љубов и доверба од двете страни, издржавме и 4 месеци дури беше тој Хрватска. Пребродивме и мешање од страна на негови другари, со тоа што тој одлучно прекина со нив. Од декември почна да се дружи со деца помали од него 4-5 години(тие се 17-18год.)Со тоа што го смени однесувањето спрема мене, јас сум на тежок факултет и бевме договорени да се гледаме 2-3 пати неделно, бидејќи тој седи во соседниот град.Излегувањето и комуникацијата дали по телефон или инстраграм дојдо до една порака дневно од негова страна и еднаш или ич да ми се јави на телефон. Кога една вечер бев кај него и заспа имав некоја голема интуиција дека нешто крија и пишувал со еден другар ,,Зошто и мене не ме викна да идам и јас сакам да одам по женски”. Кога го терам да одиме на забава тој со мене не оди , и кога ќе си заминам дома тој во истиот кафич оди со “другарите”.Кога пробав да разговарам за сето ова добив навреди- лигава,копиле,нападна,се сакаш да биди по твое. Последниове недели нештото до некаде се смени, една ден се дери по мене една ден вика не сакам да се караме.Во саботата кога правевме мубет зошто не ми се јавува цел ден или да ми одговори на порака почнуваше да вика по мене. Во понеделникот дојде за да зборуваме инаку кога претходно од неговите навреди ќе речев да прекиниме тој секогаш велеше не. Тој ден ми вика јас сакам да прекиниме и не можам повеќе со тебе, мене и од дома ми рекоја да раскиниме.Од тешко што ми беше почнав да плачам, а тој само ладно ме гледаше и си замина. По 20минути од тогаш ми се јави татко му тие не чекале да појдиме на вечера и кога јас му ја објаснив цела ситација тој ништо не знаеше. Зборувале дома и ми се јави дечково и ми вели шо мислиш да прајме и само реков не знам.Претходните деној пак ми се јавуваа од кај него што тако е ситуацијата и тој по неколку пати да ме прашал како сум.Татко му настојуваше тој да дојди, амаа немал пари и следната недела ќе земел пари односно среда за претходните денови, ама битно секоја ден е излезен до 3 сабаље.Вчера го немаше цел ден и некаде после 20часот ми се јави и ми вика јас ќе дојдам следната среда да зборуваме и толку. После то не ни ми се јави , денеска исто.
    Ми треба совет било каков.Многу ми е тешко и болно ова затоа што го сакам.
     
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    13.484
    @fairy11__ Човекот преочигледно работи на тоа намерно да те изгуби, ти го молиш да остане.

    Кратко и појасно кажано, сака да ти раскине, еднаш веќе и ти го кажал тоа - верувај му на овие зборови.

    Разбирам дека ти е тешко, но не плачеш по него, туку по некоја претходна верзија од него.

    Мораш да се избереш себеси, мора себеси да се сакаш повеќе од што го сакаш него. Со текот на време сè ќе помине :f:
     
    На Nausicaa, Tam4yy, UsenameNotFound и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    2.329
    Пол:
    Женски
    Размисли прво зошто го сакаш.И што има да ти понуди тој за да го сакаш.Мир немаш-се карате,те навредува,те остава да чекаш.Не се грижи за твоите чувства.Ти се дере,мислам ова не треба па воопшто да го толерираш.Ќе го преболиш,подобро сега колку одолговлекуваш толку потешко ќе ти е
     
    На Eunoia, Stark и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Остави го штом така те навредува. Ќе го преболиш нема ни да се сеќаваш на него после некое време.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    Не е стабилен и да раскинете најдобро.. сака да живее уште тинејџерски живот и да гледа други девојки по кафич. (facepalm)
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Ниту ти го сакаш него, ниту тој те сака тебе, само неговите ја сакаат идејата да го вдомат со тебе.
    Не си губи ни ден повеќе со него, ќе најдеш ем посаглам човек ем некој на кој ќе му значиш.
     
    На Nausicaa, LiquidLuna, bicycle и 4 други им се допаѓа ова.
  8. fairy11__

    fairy11__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Фала на одговорите на сите.Мислам дека конечно е време да се изберам себе си. Ставив јас крај му пишав дека ,, Имаше цврст став дека сака да прекини со мене, а да не беше татко му тој никогаш немаше да ми се јави. Зато шо ако некој сакаш нема да го оставиш како шо ти ме остај. Знам дека сакаш да прекиниш со мене и не си го губи времето да идиш среда. Толку од мене нештото е крај”
     
    На Loveland, Felix Anima, mom to be и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    144
    Пишав уште пред некој ден конкретно за она што ми пречеше и еве ме денес повторно мозокот уклучен на премислување.

    Зборував со него за тоа дека сакам повеќе да преземе одговорност кога он не е во право и беше во стилот океј, бевме заедно последниве 2 дена (живееме во различни градови како што кажав) и денес си отидов, тој работи втора смена и онака ми прави некои “ради реда” муабети. Во живо беше океј, иако се осеќам како јас него мноогу повеќе да му угодувам одколку тој на мене во смисла и да ме налути нешто ситно избегавам драми и лутење додека он одма избувнува на секоја ситница и е нервозен наредните 1-2 саати. Приоритет му е да се наспие, останува на мене да идам да купам за јадење, да ги средам неговите ствари, да му направам кафе и да му однесам во кревет, да му однесам вода до кревет и други ствари кои за мене не претставуваат проблем ама ете сакам и он да ги направи некогаш за мене но тоа не се случува бидејки како што кажав- спиењето по 12ч е предност дури и кога девојка му е тука само 2 дена на секои 2 недели. Си викам ајде да го прифатам дека човекот сака да си поспие, ама се чувствувам како само неговите потреби чувства и ставови да се важни во врската и како да се запоставени моите. За денес конкретно си велам поминавме 2 цели дена заедно па ајде да го оставам малку денес да “одмори” ама јас му кажувам нешто важно и он ми вика имам работа и после си става реелови на close. Имам пробано да се понашам и ја така малку ладно и тоа траеше вкупно 2 дена минатата недела и вчера ми вика: ако продолжеше така ќе раскиневме.
    За другите гестови додуше немам збор, се шетавме во неговиот град, искачавме со неговото друштво, во живо беше океј. Дали си барам за нешто да се фатам и да си реметам мир или е интуиција некоја.. или можеби само треба да си го ставам фокусот сама на себе повеќе и да не иницирам јас се….
     
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    Гледај си и своите потреби и постави граници..и ова ќе те оставев врие црвено знаменце...


    Да те прашам дали се гледаш со овој човек во брак и да си помагате и усреќувате или сакаш да гледаш недораснато маже?
     
  11. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    144
    Си викам ајде уште некоја година ќе порасне ќе созрее ама… одговорност 0
     
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    13.484
    @Tamarkaa Ти рекол дека за истото однесување, тој тебе би ти раскинал уште веднаш.

    Што тука останува за анализирање? Појасно не може да биде :*:
     
    На Nausicaa, UsenameNotFound, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    Ценете се повеќе затоа што досега ако не те ценел понатаму ич. Торко глуп е иначе.. :)
     
    На UsenameNotFound, tsanemsit и Dentina им се допаѓа ова.
  14. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    144
    Сега му се јавувам баш во налет на нервоза, му викам добро гласовна порака ти праќам во 20:04 минути, ете го него за 10 минути ми праќа дека е на брзинска пауза со колегата негов (воедно другар), става реел и ми кажува е во меѓувреме зборев и со другаров од странство ќе доаѓал за брзо вака така. И му викам немаше лу време 3 минути да ги слушнеш гласовните и одма: ти не разбираш човек кога работи, тебе ти е досадно дома па правиш драми.. мноогу ми е манипулација
     
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    @Tamarkaa што уште бараш ти со него?
    Слугинка си му?
    Таков човек не се менува, бегај и не си го троши времето.
     
    На Nausicaa, UsenameNotFound и natashaaz.09 им се допаѓа ова.
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Молам? Ти вика "копиле"?! И ти сеуште трчкаш за него? Луѓе златни шо не ќе видам овде ама и да сте дечиња зелени не си го дозволвајте ова бе...
     
  17. Stefani95

    Stefani95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Скопје се допишувам со еден дечко од поодалечен град , се фин овака , самиот ми викаше во декември кога почнавме да пишуваме дека ќе дојде не му е проблем далечината ,ќе доаѓа и сл , тогаш кога рече да дојде не знам што беше , рече уште не му пуштиле плата ,дали може наредна недела викам ок , ама тогаш јас се разболев и никој не спомна за доаѓањето после тоа , после не цел месец ми кажа дека на мајка му купил обична кола од 1.500евра си мислам нели немаше пари ? Ама ај , после рече после празниците да дојде дека снег мрзнело ај ок помина тоа пак ништо му реков извини јас не сакам да губам време ни твое ни мое ,кога планираш да дојдеш ми рече да помине мрзлото време е сега ,му реков добро, ако до Март не дојдеш јас ќе престанам да ти зборувам ми рече добро така нека биде јас не сакам да те изгубам дечково многу убаво се однесуваше со мене никогаш не се расправаме ,се согласуваме за доста работ, меѓутоа мене пречудно ми е ова однесување во врска со доаѓањето, дојде февруари он ништо пак во врска со доаѓањето, кога му спомнав ми вика колата ми е на поправка на работа имам многу работа му реков јас мислам да не збориме веќе и ми рече добро ќе дојдам трети Март вторник со авион ако треба ок? Викам па на работа си тогаш вика ќе земам ден еве сме утре 1 март ништо во врска со тоа пак не збори, можеби е таков за ова време допишување како што го приметив ретко кажуваше работи некои вака , ама како да постапам ако дојде и трети Март и не дојде ? Навистина ми одговара дечково тоа ми е највеќе криво ,за што и кој губев време пола година скоро , зашто ми викаше дека не му е проблем да дојде а се допишува од друга страна со мене еве не сум паметна да сфатам .
    Највеќе за ова пишав , бидејќи се ближи денот а тој ништо не спомнува , дали е паметно јас да не го посетувам за доаѓањето а доколку не дојде , како да постапам ?
     
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.536
    Допаѓања:
    33.941
    Пол:
    Женски
    Тој шо стварно те посакува, ќе дојде и од Америка. Поготово машко.
    Од овој твојот нема ништо.
     
    На Cinnamon Bun, Loveland, Tam4yy и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Stefani95

    Stefani95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Како да постапам ако не дојде во вторник ?
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.536
    Допаѓања:
    33.941
    Пол:
    Женски
    Значи ништо ни му пишувај ни му се јавувај, чекај до вторник да видиш шо ќе биде, ако пак те извиси, кажи му чао пријатно и готово.
     
    На Cinnamon Bun, Лејди Гага, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.