Ќе прекинеш да му пишуваш, оти секогаш изговори ќе наоѓа. Да се срами, вајда не се срами. Колку години е? Поверојатно ми е да те матка, време си попунува.
Во што ти одговара кога не прави ништо, не се ни труди да дојде да се видите? Исчезни за него, не мора ниту да му објаснуваш зошто. Кога машко сака, планини ќе помести за тебе, овој само си игра.
Еххх, му годи вниманието.. Имаш доста причини зашто сака некој да е у комуникација со тебе, тоа само он знае. Вака се сакате ли, има симпатии, чувства некои, зближување?
Затоа повеќе од еден месец не се допишувам , ајде добро не си напишала од кој град е , си му дала и повеќе од потребно време , ти си требала да прекинеш после тоа кога ти пишал после снегот (па еден снег што имаше , освен на планина ако живее ), таква другарка имав , три години можеше да се допишува а да не се гледа ,искрено не можам да ги сфатам овие луѓе ,ама да знаеш дека ги има ,не барај причина да ти каже не му викај дека лаже , ќе те убедува , ако не дојде ќе му пишеш , дека е лошо од негова страна така што направил и дека сакаш некој што ќе цени нормална и фина девојка и ќе е маж кој стои до своите ветувања а не кукавица ,ништо друго ,ќе те убеди пак нешто па ќе затераш година , не месеци
Ви благодарам девојки , ама знаете како е , да се допишувате со некој дење /ноќе , да биде се ок , конечно да мислите дека сте сретнале некој нормален кој нема да ве разочара, дури тој еднаш ми имаше пишано кај сум била сето ова време , барал таква како мене и сега што ? Скоро пола година игнорирав други машки дека се допишував со него за вака да ми се врати ? И сега моментално пишуваме , ама ништо не спомнувам , дали мислите можеби не му се свиѓам па не сака да дојде , ама што тогаш се допишува , немам коментар многу сум разочарана
@Stefani95 Подалеку од луѓе што само само пишуваат, а не сакаат да се запознаат и одржаваат контакт преку пишување и ветуваат само дека ќе се запознаат. Не прашувај гаталец туку паталец.
Ајде вака директно, дали мислиш дека на некој кому му се свиѓаш и те чекал цело ова време како што кажува, ќе му треба пола година да дојде да те види?! Не си го губи времето со ликот. И да дојде да се видите, не е вредно да му дадеш шанса. Веројатно не е сингл.
Тој на почетокот многу ми викаше да дојде ама се случи што се случи и престанавме да зборуваме за доаѓањето, девојка нема тоа сигурно бидејќи еднаш кога го прашав кога може да ти ѕвонам ми рече кога сакаш и преку ден и навечер не е проблем и преку камера да се видиме , се разочарав,не знам зашто ова мораше вака да испадне
Прв тој самиот ми викаше дека не е проблем да дојде ќе доаѓам , па во последна недела рече плата не пуштиле ,ама тогаш он кога можеше јас се разболев и престанавме да збориме на таа тема ,веќе напишав после тоа не спомна да дојде јас реков до овој месец ако не дојде да не збориме веќе ми рече зашто ме ограничуваш па после кога реков ќе престанам да зборам рече 3 март ќе земе ден да дојде и еве ништо во врска со тоа не збориме.....
На некои машки им е доволна потврдата дека се видени и прифатени од женско. Самодоверба 0, а потреба за внимание огромно. Нема логика, ама така е. Батали го, не си губи време.
Ако ви е тешко да се договорите за да се видите како ли ќе биде за нешто повеќе? Не го слушај што ти зборува туку гледај го што прави.
@Stefani95 Нели го приметуваш шаблонот? Тој "доаѓа" само кога ќе почувствува дека те губи. Не кога ветува. Кратко кажано, не те сака и не те гледа за во иднина или воопшто надвор од четот. Само му годи моменталното внимание без инвестиција. Кога маж сака - не преговара со временски услови, снег, плата, поправки. Не зборува пола година. Туку доаѓа. Најлошо нешто што можеш сега да го направиш е пак да му пишуваш и да го потсетуваш. Не си го троши времето плиз, заслужуваш подобро и реално
Фала Ви ,ама не знаете како е да се согласуваш , допишуваш ден и ноќ за на крај што ?кој знае колку прилики пропуштив допишувајќи се со овој и еве отворив тикток ми излезе ова , се е против мене изгледа Спојлер прв пат си помислив конечно еден саглам за муабет дури и тој ми рече па кај си била ти целиот овој живот , што да речам Изгледа , се беше лага, пола година беше лага
Еве ме за пример, 5-6 год врски прекинуваат, луѓе се разведуваат…Господ те чувал можеби… Остај што вика сите се супер на уста. Ти посакувам дупло среќа од ова претходно.