Ако ви е тешко да се договорите за да се видите како ли ќе биде за нешто повеќе? Не го слушај што ти зборува туку гледај го што прави.
@Stefani95 Нели го приметуваш шаблонот? Тој "доаѓа" само кога ќе почувствува дека те губи. Не кога ветува. Кратко кажано, не те сака и не те гледа за во иднина или воопшто надвор од четот. Само му годи моменталното внимание без инвестиција. Кога маж сака - не преговара со временски услови, снег, плата, поправки. Не зборува пола година. Туку доаѓа. Најлошо нешто што можеш сега да го направиш е пак да му пишуваш и да го потсетуваш. Не си го троши времето плиз, заслужуваш подобро и реално
Фала Ви ,ама не знаете како е да се согласуваш , допишуваш ден и ноќ за на крај што ?кој знае колку прилики пропуштив допишувајќи се со овој и еве отворив тикток ми излезе ова , се е против мене изгледа Спојлер прв пат си помислив конечно еден саглам за муабет дури и тој ми рече па кај си била ти целиот овој живот , што да речам Изгледа , се беше лага, пола година беше лага
Еве ме за пример, 5-6 год врски прекинуваат, луѓе се разведуваат…Господ те чувал можеби… Остај што вика сите се супер на уста. Ти посакувам дупло среќа од ова претходно.
@Stefani95 Take it easy on yourself, сето ова е за твое добро, а не против тебе. Од една страна сега очите ти се отворени, од друга - лекција да не веруваш во потенцијал и празни зборови следен пат, туку само во дела. Полошо ќе беше да поминат уште 5 години, така да, не си го земај толку при срце, се ќе си дојде на свое место
Имаше една серија одамна Синѓелиќ се викаше и еден од тие ликовите велеше Vi ste se urotili protiv mene da me unistite, i uspecete u to. нема назад сега тоа е.. треба да научиш од ова.. да ти е лекција.
Охххх, класично бомбардирање со љубов и глуматање за жал. Не се нервирај, само батали го, тивко повлечи си се, и не му дозволувај уште да те мота. Тоа е се'.
Женска, не те заслужува типов. Верувај дека многу добро знам како се осеќаш и баш дека знам ти кажувам батали го, не е вредно. Не си го троши времето на некој што постојано си наоѓа апсурдни изговори, ветува многу а не прави ништо. Може муабетов ќе му имаше смисла ако живеевте на различни континенти, чека виза па ајде не може кога сака да дојде, ама да не се лажеме, Македонија е мала. Сигурно не ми треба пола година за да отидам од Скопје до Охрид, на пример. Ако треба уште од старт за едно кафе да се молиме и убедуваме пола година, пиши пропало, што останало понатака за нешто посериозно.. Ќе ти биде тешко некое време, нормално е тоа. Ама, верувај дека ќе си најдеш некој што едвај ќе чека да те види и ќе дојде, без ти да го потсеќаш на тоа.
Јас мислам дека е сосем нормално да се збуниш кога ќе запознаеш некој што или е многу сличен на тебе или имате заеднички работи па може да водите подлабок разговор.Но, тоа не мора да значи дека се заљубуваш во тој човек, туку можеби е некој што може да ти биде доста добар другар во иднина. Не се залетувај, дај му на мозокот време да сфати што чуствуваш,не паничи, не сме роботи луѓе сме. Сосем нормално е да преиспитуваме работи, да сме несигурни, да мислиме дали сме го постигнале најдоброто или има уште подобро. Размисли што веќе имаш покрај себе , дај си време, и сум сигурна дека ќе се прилагодиш и дека се привремени несигурности. Понекогаш си правиме слика во мозокот за некои луѓе а всушност тие не се тоа што замислиме. Истотака, не сите луѓе за кои сме почувствувале приврзаност се потенцијални романтични партнери.
Јас мислам за почеток најдобро е да посветиш малку внимание на правопис и употреба на точки, запирки и пасуси
Многу те мафтал типов, како успеа за пола година да се затрескаш? Да те прашам, ако не си малолетна, што не отиде ти во неговиот град? Мислам во 21 век живееме, превоз има, оди, пијте едно кафе некаде и врати си се дома. А ако си малолетна, јасно ми е „сечењево“ вени. Ќе ти пројде, има и други мажи.
Не ми е јасно зашто модератор не брише мислења кои немаат врска со темата , јас искрено не знам што да правам , не е дека ме мавташе само тој , бидејќи имаше период кога тој ми рече да дојде а јас не можев , размислувам дали е ок денес да му пишам што планира дали да дојде или сепак не ? Не знам не ми е јасно како му се пишуваше и зборевме волку за на крај, ништо еднаш дури ми рече а зашто ме ограничуваш си мислам пола година помина ...сум го ограничувала а самиот ми рече ќе дојдам и ќе доаѓам
Види, луѓе се разделуваат после години и години поминати заедно и мноооогу заеднички нешта создадени, а ти за допишување мислиш крај на свет е. Ништо не е. Тој што те сака ќе најде начин и прилика и ќе дојде да се видите, овој не те сака, само си тепа време. Не си ја стегај душата, пиши му, ако не дојде пак, терај си со животот без него, секако не вредел човекот. А и да дојде, ќе имаш и понатака проблеми со него оти кај него нема ниту љубов ниту почит.
Многу си упорна да му пишеш. Ако сакаш пиши му, не мора да чекаш некој да се согласи со тебе. Сите ти дадоа добри совети, ама ти упорно се држиш на твоето. Секако си е твој избор само не ми е јасно зошто барате совети, а веќе сте одлучени дека ќе се зае*ете. Типот прави да го молиш, не си свесна за тоа. Најверојатно е некое типче со ниска самодоверба па му го креваш егото и убаво му доаѓа. (Сам господ знае и дали е сингл тој вистински. )Ете, затоа ти пишува пола година. И не, не ги мрзи луѓето да се ладат, зошто мислиш дека ги мрзи? Поздрав, и чил. Цени се повеќе себеси, ама ако не ни веруваш, помоли го уште малку, се' се учи подобро преку сопствено искуство.
Јас ти верувам дека направил да се осетиш посебно и како да си нашла некој со кого можеш да развиеш нешто... Но верувај дека ова одолговлекување не е добар знак. Немој да мислиш дека ако конечно дојди кај тебе да се видите сѐ ќе е во ред магично. Карактерот на човекот многу се познава на почетокот со вакви постапки. На тој што навистина му е дојдено до тебе нема да ти прави ваква анксиозност и да те тера да се прашуваш кај стоиш. Најдобро би било да поставиш граници и да го избришиш типот. Не им давај таква моќ на луѓето да можат да владеат со твоето расположение и избори. Со оној кој вистински заслужува да те има сето ова ќе биде лесно, нема да прашуваш на форум како да постапиш.