Не реков дека си со застарени мислења. Ти го искоментирав ставот во кој промовираше нешто одмаздничко со нејзиното излегување, како демек ДА МУ ВРАТИ што тој излегол, ПА И ТАА НЕКА ИЗЛЕЗЕ. Штом тој ја плаши и ја става со несигурност со неговото излегување, ТАКА И ТАА ТРЕБА ДА МУ ВРАТИ, ДА ГО ПЛАШИ, ДА ГО ОСТАВИ ДА СЕ ЗАМИСЛИ МАЛКУ со нејзиното излегување. И прашањето ми беше зошто едноставно не се излегува за добар провод со пријатели? Зошто мора да се излегува за да се става контра тежа на стравот сервиран од партнерот? (амејзд) Е таквиот став на 41 година ми беше неразбирлив. Инаку НЕ, не велам ни јас дека таа треба да си останит дома, да си плетит чорапи, да гледит кабловска или да играит Кантер страјк на сервери...т. А за љубомора им е малку доцна на тие двајца, бидејќи имале 5 години да се разберат, а после толку период тие сеуште си ги гледаат сметките, бараат повеќекратни отчети на излегување и еве мушкарацов користи подмолност за да се отараси од нејзиното досадување. Врска од соништата.
Сте се нашле ли некогаш во ситуација да некој со кој сте имале нешто и никогаш до крај не сте ги расчистиле работите, ви "пушта водичка", и покрај тоа што е зафатен? Во повеќе наврати типот комуницира со мене, се интересира каде сум, со кого сум, искажува љубомора, при секој контакт, колку и да не сме збореле претходно со месеци, прво инсистира да се видиме. Јас не знаев дека има женска, поради очигледните повеќе од пријателски знаци, мислев дека сака нешто со мене. И кога решив да ги признаам своите чувства кон него, ми рече - Ама ти погрешно си ме сфатила, јас имам женска. Грешка беше што му го соопштив тоа по телефон, ама немавме никаква прилика да се видиме. А инаку се чувствуваше по гласот дека е пресреќен што му го признав тоа. После тоа го снема, за пак да ми пише дека жали што лошо се однесувал со мене и побара да му пишам кога ќе ми текне на него. Го оставив да олади неколку дена и му пишав дека веќе никогаш нема да дозволам кога ќе му текне да влегува и излегува од мојот живот, зашто се работи за мој живот и мои одлуки. Му простувам што се однесувал така, зашто сама сум си дозволила, ама дека тој филм веќе нема да го види. Помина некое време и ме адна на фб. Му вратив порака дека ако има било што да ми каже, да го направи тоа лично и дека друга форма на комуникација не е возможна. Не ми врати, а по неколку дена ме адна пак. Оттогаш е на блок. Сакам да дознаам што го причинува ваквото негово однесување, лично знам дека е против изневерување, зашто имал многу негативно искуство, никогаш не би ја изневерил женската, а знае и кој е мојот принцип да си немам работа со зафатени. Повеќе пати му кажав да се грижи за женската, дека не е фер да си гледа на страна и дека е срамота јас да мислам повеќе на неа од него. Инаку (според него, не знам дали е вистина),има долга и сериозна врска. Да појаснам дека се знаеме од порано, бидна нешто со него, но не бев заинтересирана за врска и оттогаш некако се вртиме во круг. Или тој е во врска, или поради неговото однесување ќе прекинеме секаков контакт, па пак се враќаме на старо. Ми се има случено да ме прави будала, демек јас гледам нешто повеќе од пријателски намери од негова страна за на крај да ми признае дека е вистина. Да нагласам дека сета комуникација последниве години се одвива преку телефон, интернет, а тој отсекогаш инсистирал да се видиме. Не сум рамнодушна кон него сеуште, но не би си дозволила да бидам со зафатен, па дури и да не е, неговото однесување ми е проблем. Дали некој може да ми појасни која му е поентата? Отсекогаш сум сакала работите да бидат расчистени и јасни и постојано се измачувам што сака од мене сите овие години. Знае дека не сакам заебанции, нечесни игри...Добредојдено е секое мислење. Ви благодарам.
ви благодарам на сите за советите...денес ми прати порака изгледа е готово со нас кога постои елементарна недоверба поздрав и се најубаво и јас му пишав неколку смс да не се понаша као дете и дека треба да разговараме...не ми креваше моб па сам ми се јави ќе идел да шета со другарите и уште мене будала ме прави...страшно се осеќам не знам повеке во врскава што барам..тешко ми е го сакам...стварно не знам што е паметно да направам.значи за моите проверки имало повод не е за џабе..ама научен јас попуштам и си вика ај оваа и преку ова ке помине...не знам треба вечер да се видиме..пак е цел ден со другари..не знам збунета сум(а можебии не ми личи на годините да барам вака совети по форуми )
Епа вашава врска или ептен не е во ред кога ти прави вака финти иако он излажал или човекот навистина не излегол, па се изнервирал. Сериозн треба да поработите на односот и зрелоста, а освен разговор нема друго чаре.Иако, ако си навистина сигурна дека излегол, па уште сега ваква порака праќа, не треба воопшто да го бараш.
Девојки сакам да ве прашам за совет...значи идеме со дечко ми две ипол години, тој е на работа во странство(имам спомнато мислам дека во некоја тема)...е сега вчера беше на роденден кај некој колега ама тој го славел роденденот дома во станот...и му пишав порака да се пушти на скајп во стил дека ми треба имам нешто да го прашам само на кратко,за да проверам дали е стварно дома...и ми пишува порака дека седеле надвор пред зграда пиеле и немал од каде да се пушти(а има интернет во станот) и да му пишам по порака што е работата зашто го барам. И јас не му пишав ништо...и денес цел ден не ме побарал а дознав дека денес си излегол во град или на фудбал отишол...што да правам како да постапам, многу ми е тешко размислувам да му раскинам...
... Извинете ама смешно ми е ... И првиот случај на Аххх и тебе Брстбери ... Додека ние жените седиме дома и лупаме глава, полниме очи итн., се прашуваме каде сме згрешиле ... машките си бркаат своја работа. Значи штом гледате дека се однесуваат ко да сте вие виновни во целата ситуација, значи егото им е до плафон и не се замараат да средат со еден разговор тогаш не паничете, напротив и вашето его нека се крене и оставете ги нека оладат ... нека ве снема за кратко. Тогаш нека ви проработи своето ЈАС, да видат дека не можат со вас да играат како им одговара и нема секогаш да ги чека толеранција за секоја лага, за секое неисполнето ветување и сл. Е откако ќе видат дека си држите до своето тогаш се плашат и сами ќе ве бараат. Немој да дозволувате да ве земат низ раце и да се однесуваат само како нив им договара, покажете цврстина па макар тоа значело и ризик за крај. Оваа тактика машките често ја употребуваат.
Јас сум спремна веќе да не го барам и по цена да раскинеме, цела недела го набљудувам неговото однесување...таму е по моја заслуга и сега мисли дека само он може да биде таму, за неполн еден месец тотално се промени...
Ех уште поголема причина ти да му покажеш дека не си било која. Значи и му се помогнало и верувам даваш се од себе за него и за врската, а тој веќе себично се однесува. Не избрзувај нема потреба од прекин, мала криза е ... сега е таму веројатно му е ок ново место, нови луѓе, зафатен и нема време толку да мисли на друго. Штом го нема да те побара и ти остави, не го барај ... Сам ќе те побара. Тогаш онака природно, најнормално зборувај и кажи му дека не ти се допаѓа неговото однесување последно време ... кажи му дека сакаш да најде време и за тебе и сл. Нормално на крај малку во оној лигав фазон ќе му кажеш дека ти недостига, дека ти значи, бла, бла ... знаеш веќе што. Ќе видиш како се смени се. А после едноставно немој да му даваш знаци ако нешто пак не е како што треба туку биди си своја и види до каде ќе оди. Тогаш добро размисли.
Значи вака...мене многу ме нервираат ситници и неможам тоа да го погазам,сто пати сум се расправала со него за тоа колку е неодговорен...толку ли му беше тешко вчера вечерта да се пушти на скајп и тоа му наведов убаво дека ми е потребен, баш со зборовите "МИ ТРЕБАШ"...иако тоа ми беше само изговор да видам дали е дома и секако еден мал тест...е сега доаѓам до заклучок дека или на него воопшто не му е битно каков проблем имам или пак не бил дома а не ми кажал дека излегол...истото и денес се случи воопшто не ме побара да ме праша како сум што ми се случува или пак да ми каже каде ќе оди...а јас кога нема да му кажам каде ќе отидам се живо крева на нозе... Едит: заборавив да напоменам дека ова му е втор пат таму, беше три месеци па правеше еден месец пауза и сега е пак таму...значи нема ништо ново се му е познато.
Полека, опушти се малку ... немој многу паметот да го тераш натаму. Дај најди си занимација, излегувај почесто ... само толку да не мислиш на него и неговото однесување. Така ако се замараш цело време ќе испаднат поголеми проблеми. Опушти се и немој многу да се фаќаш за ситници.
Beri ја немаш баш најфино опишано ситуацијава ... Врската е долга , далечината уште подолга . Прашањево ми беше каков односс имате воспоставено дали сте навикнати да висите секој ден на скајп , телефон , фб да пренесувате се што ви се дешава или кога ќе му кажеш МИ ТРЕБАШ навистина ти треба и тој самиот тоа го знае ? ? ? Ако постојано се слушате немаш право да се лутиш не може да е секогаш достапен ужива човекот хиперактивен .НО доколку ми требаш значи МИ ТРЕБАШ и тој над тоа те изигнорира фино лепо без извинување тоа е знак за НЕПОЧИТУВАЊЕ . А зад ова може да има повеќе сценарија . Нажалост лоши . Да не звучам песимистично настроена но што си подготвена да раскинеш после 2 и пол години забележуваш некоја промена на која не си подготвена нит да ја толерираш ни да се навикнеш .Или потајно што би се рекло и тебе филмот ти е при крај да бидеш столбот . Отворен муабет и искрен пред се ... Размисли дали имаш сила ? Дали сакаш да продолжиш и се смислуваш со него ...
Ова е една ПОГОЛЕМА ситница и јас неможам да се помирам со фактот дека цел ден не го интересира како сум, каде сум...му ставам кредит на секој трет ден и му е тешко да ми пише...еднаш му реков "да умрев пред два дена дури сега ќе дознаеше" и тој ми вика па добро де ќе ми кажеа...значи стварно неможам да го поднесам неговото однесување, имам еден куп за учење а цело време паметот ми е кај него
Значи додека беше во Македонија секој ден се гледавме, односно поголем ден од денот бевме заедно...ама откако е таму немавме можност да се слушаме секој ден,си доаѓаше од работа во десет часот вечерта, се слушавме на три дена,и секако не му правев никаков проблем но сега има интернет во станот и се пушта само на 5 минути и тоа јас ако го побарам..а вчера и денес не е на работа и еве го го нема ни да ме побара,си излегол...
либера а зошто следниот пак кога ке ти се јави не разговараш озбилно со него, дај му до знаење дека ти не си играЧка па тој секој ден да прави вака да игра топло ладно, не ми е јасно кој му е проблемот на деЧково си има Женска, подолго време одат и сега дојде на тебе еден ден да ти каЖе овака друг ден онака дека си имал Женска, епа Чекај деЧко не си ни прв ни последен, слушај душо мој совет е да го блокнеш секаде и да не се замараш со тип кој не знае самиот што сака во Животот, тоолку е неозбилен и незрел по моја проценка. знаЧи прво разговарај со него и дај му до знаење дека и ти си имаш свое јас и дека не си му играЧка секој ден да се замараш со него што ке каЖел, онда блокирај го и терај со го Животот, јас верувам во тебе дека ти моЖеш. а на крај тој ке испадне оно глупавиот и тој ке се нервира верувај ми.поздравЧе
Е па ете тој не гледа никаков проблем додека ти гледаш и може претеруваш. Те сфаќам ама треба да се опуштиш и ете сега насочи го паметот на учењето. Па не мора да се слушате или да си пишувате секој ден, остави ти еден цел ден па и два нека те нема нема да му е сеедно. Вака инаку со нервози и напнување само може да прекинете.
здраво душо, знаЧи од моја проценка, навистина ке ти каЖам нешто кратко и јасно. оЧигледно деЧкоти не го цени сево ова, а пред се не те заслуЖува, знаЧи зборувам од тоа што проЧитав. знаЧи алал да му е до толку да се нема поЧит. поразговарај со него озбилно и каЖиму се што те маЧи, дај му до знаење се, разговорот Железни врати отвара верувај ми, потоа бар ти ке бидеш мирна и ке знаеш на што си. ти посакувам многу среќа
Добро еве да речеме дека два дена не сум го побарала...е сега незнам како да изреагирам кога тој ќе ме побара односно кога ќе ми пише да се пуштам на скајп или пак само да ми пише...што да направам, да му вратам на пораката, да се пуштам на скајп...или па само да го игнорирам...се плашам од последиците, кај и да е ќе ми пукне филмот... А Ивах тој сето ова го знае, дека ми пречи што не ме бара,бар само да ми титне да ми даде до знаење дека ме мисли, а не цел ден е недостапен со изговор дека немал мрежа на работа...можеби и јас ги гледам поинаку работите, ама дека ова е проблем...е.
Бери да сум на твое место би го седнала на добар муабет и би му кажала колку е саатот дека трпението а и кредитите кај тебе му се истрошиле нез многи дерење и драми доволно ќе биде. Да му ги кажеш нештата и причините кои и зошто ти сметаат дека даваш последна шанса да се заангажира околу врската . Мислев го напнуваш ама на 3 дене ехеее со тебе тој треба да пее секој ден . Ај подразмисли малку зошто се менува кога ќе замине таму ? Зошто ? Си бараш само малку внимание кое по секако ти припаѓа .
Работата е што кога го запознав имаше многу големи проблеми, долго одеше со типка која го изневеруваше, бивша наркоманка и сл., дома имаше исто мн проблеми, неговите баш немаа некој родителски однос со него, не се грижеле ни за пари да му обезбедат, татко му работеше во друг град...и од тие причини се приврзав за него. Имам навика да се грижам за оние што се помалку среќни од мене. И така тој расчисти со девојката и имаше желба да биде со мене, но мене некако ми се оладија чувствата.Изгледа тука му го повредив егото. Ме знае како девојка со цврст карактер, со свои принципи, но не знам како во последно време дозволив да си поигра со мене. На крајот му стана јасно дека си го повратив карактерот и дека нема така лесно да ја продолжи својата игра. Моја грешка е што често заборавам на себеси и премногу се грижам за другите. А ко што кажав, не сум играч, јас знам што се треба да преземам за да се свртат работите во моја корист, но едноставно не сум таа јас. Ти благодарам многу на укажаното внимание и советот. Голема гушка
Значи венди јас сум полна со разбирање...го сфаќам дека по цел ден работи(градежништо) и дека кога ќе дојде дома е уморен и нема многу време...што попрво да направи, дали да јаде, да се истушира, па да се чуе со мене па да си легне...ете за преку недела имам некоја толеранција и не му се лутам ако ми каже дека му се спие, дека е уморен...ама за викендите цело време ги поминува со колегите како божем не ги видел, и кажав дека само се пушта ако му пишам порака и тоа по долго молење...најверојатно си ги кренал акциите, му кажав да не лета толку и да размисли по чија заслуга е таму...а него се му е заебанција и на крај јас испаѓам виновната...а најверојатно некои од неговата близина имаат влијание врз него...незнам навистина зашто се смени толку...еве 8 саат е уште не ме побарал...