Баш и да не ми се случеше вака со дечково , сепак фала дечки ,таква сум осетлива и емотивна не сме сите исти одма да се откажеме од некој
Не знам што да кажам. Жал ми е за тебе што си поминала полошо ,ама јас цел живот немав никој на кој можев да му верувам , мислев за овој дечко дека он е тој
Така е, не се откажувај, фати комбето еве јас ќе ти платам карта, и оди му дирекно дома, спакувај го во вреќа и стај си го во подрумот. Нема кај да бега. Ааа види ти него....
Не знам колку години имаш, сите што ти пишавме сме возрасни и сме поминале низ ова што го опишуваш. Кога сме помлади сме наивни ама верувај дека некогаш е подобро да учиш од туѓите грешки, ќе се поштедиш себеси од патење. Прва лекција, не се приврзувај многу кон некој со кој не си поминала време туку само си се допишувала. Луѓето се различни на социјални мрежи и во живо. Втора лекција, цени се себеси и не дозволувај лошо да те третираат и манипулираат. Трета лекција, не е готово со твојата среќа и со твоите шанси, ќе има нови и подобри прилики.
Не можеш да се откажеш од нешто што го немаш.Тој што сака да дојде ќе премине и граница а не 100км.Тој цело време бара причина за да не дојде.Ти верувај во што сакаш твоја одлука
Толку е , блокирав нема каде да ме најде , заврши тоа што се надевав 6 месеци дека ќе биде , таква ми била среќата никогаш да не најдам некој и само да ме лажат, фала
Аман бе прибери се.Никогаш нема да најдам некој,овај последниот беше од милјарда на планетава.Пушти,ќе дојде и тој ден.Некогаш вреди да почекаш и да имаш трпение(скоро секогаш)
Можеби утре ке ја најдеш љубовта на твојот живот,зошто толку брзо губиш надеж во животот никогаш не се знае каде и кога би можела да го запознаеш тој човек.
Се' додека се правиш жртва и се самосожалуваш, ќе привлекуваш луѓе што ќе те манипулираат. Не е крај на светот што дечково не е the one. Има многу риби во морето, ама навистина многу. Уживај во животот без притисоци дека мораш да имаш и ти некој. Млада си, животот е пред тебе. За некоја година ќе се смееш на ова.
Не знам , во мојов случај бевме далеку и може не сакаше да каже дека нема да дојде дека не сака да патува толку може или не знам