Не бери гајле, сега на форумов туце пораки ќе добиеш во пп, све најс гајс се овде, еден ќе биде правиот сигурно. Стварно, дали си ти полнолетна со вакви размислувања?
Добро ,што да правам што сум таква осетлива ? И ме погоди сето ова ? Не можеме сите да сме како вас безчуствителни , се мислам дали ако дојде крај на март , да му речам да дојде на два дена викенд и да поседам со него два часа и да си отидам и да му речам , сега јас се разболев или многу детски ќе биде да му вратам
Во ред е значи.. прво и основно смири се.. да речеме си му верувала некому, тој разочарал и тоа е.. назад нема.. Нема потреба од разболување заради некое детиште.. не е крај на светот..
Дали сериозно...? Те исчитав од почеток и ги читав членките кои ти дадоа убави совети. Дали сериозно си 'паднала' на ваква имагинарна врска? Т.е ова не е ни врска, само е една замислена ситуација и ти си заљубена или еве навлечена во човек кој се допишува со тебе толку време и воопшто не му текнува да дојде да те посети? Оваа ситуација треба да ти го даде одговорот на твоето прашање.
Ти речи му и направи си план имаш цел Март на располагање.Тој сигурно нема да дојде и на крај на Март те очекуваме пак.убаво те посоветуваа сите.Ако си замислила дека тој е,чекај го.Твоето време си го трошиш не нашето.Тоа што си осетлива е едно,сите сме,а тоа што не знаеш да се цениш и го дозволуваш ова е веќе глупост.Со среќа
Најјакото ќе биде ако дечково дојде и членкава го види во живо , бидејќи нели живо и виртуелно не е исто и рече не и се свиѓа и џабе сето ова замарање (кажувам од искуство ми се има случено да се допишувам и да ми е криво што лајкувал таму некои други а во живо кога се видовме не ми се свиѓаше не беше тоа-тоа) јас не знам зашто луѓе се допишуваат со недели и месеци , излези на кафе макар на еден саат чисто да видиш некој во 4 очи па после плачи , разочарувај се
Сега гледам зошто не е дојден.Извини ама напорна си.Жртва изигрување на максимум.Јас,мене само.Да тебе само,луѓето со какви проблеми се соочуваат болести,војни,глад.Ти не си застаната од вчера со самосожалување.Или не зафркаваш овде,ова не е нормално
И ја ги имав вакви патетичарки на работа, плачат на работа се скарале со дечкото, не можат да работат, искачаат порано од работа, па доаѓа дечкото да им се извинува, или работат заедно со мажот па оти тој и се пуштал на колешката пред него, па сеа ваа се пушта на све живо и диво да му врати демек него ташак го боли, битно цела фирма и од други погони и се смеат зади грб, па кажување лични проблеми од а до ш на кој стигне, па дрига муж и ја варал па уштр и на фејсбуци става муабети со швалерката, па не тагира и нас од работа да сме прочитале мислам патка ме заболе и за тебе и за муж ти и за дечко ти и за швалер ти, работи си ја работата а надвор низ ваа врата еби се у гз ако сакаш.
Види, јас ја разбирам твојата ситуација потполноТоа е навистина фрустрирачки кога немаш среќа во љубовта, труди се да не го носиш тоа на работа, да не раскажуваш секому за твојов проблем бидејќи тие можат во секунда да го свртат тоа против тебе. Разговарај со блиска другарка, мајка, сестра за проблемов. И послушај ги фемининките: Блокирај го! Ако продолжиш контакт со него уште полошо. Тој не сака со тебе да се види, наоѓа само изговори да те изманипулира. А вие наместо да коментирате тука дека она се прави жртва и се самосожалува, да го праќате да бара стручна помош и слично... да размислите дали и вашите зборови повредуваат некого. Кога човек е така изманипулиран не може да постапува правилно. Дали и на вашите деца би им кажале така ако дојдат да ви се пожалат за некој проблем?! Ќе им кажете ај не глуми, не драматизирај. Па тогаш не треба никој да ви кажува што проблем има Не верувам. Можеби е стварно осетлива како што вели, ама не може да се справи. И тоа е сосема во ред. Неможеме сите рационално да реагираме во сите ситуации како вас. Девојче, те молам блокни го! Вети ми дека ќе го направиш тоа, ок?
Куп испишани страни за глупост... А, бре, тој те мавта. Веројатно има некоја (со која можеби не му е најдобра врската), а тебе те гледа ко резерва. Да беше стварно заинтересиран, ќе се видевте до сега.
Ама какво дете и девојче? Околу 31 година имала, 31!!!! Возрасна жена е тоа. Не и' е првпат, и не е тинејџерка за волку драми. Ова се детски работи за годините што ги има. Би требало одамна да ги имаше надминато. Тоа што била сензитивна не и' дава за право вака да се понаша. И да, да имав дете и да го глеам да се треска од земја за некој копук, главата имаше да му ја скршам него, што си го праи тоа на себе.
А зошто веќе кога си мислела дека тој е вистинскиот ти не си отишла кај него да се видите и да пијате едно кафе? Гледаш тој не ида оди ти кај него, кога веќе мислеше дека тој е вистинскиот бар ќе го запознаеше во живо и ќе си одлучеше понатака. Само не разбрав од земјава дал беше па и да бил од друга земја постоет авион, автобуси, бродови. Имав една другарка слично ко тебе само таа во живо го имаше запознаено на некоја прослава тој Скопје таа од друг град и се допишуваа на социјалниве мрежи и таа ептен зацапана, тој само и викаше сега овој викенд ќе дојдам па ај не овај другиот, па ај Маврово па не Маврово не можам и на крај виде не виде таа му отиде Скопје. И се договориле на Автобуска да пијат кафе и дошол и со другар му, било страв дека имал женска мислам дека и верен испадна дека е на крајот. Па после го блокираше од секаде и го заборави и појќе не и текна да се допишува со некој што не го познава.
Инаку во 2022 пишувала дека е верена, па во 2023 барала начин како да остане пријателка после раскинување со друг дечко, сега паѓа во несвест за друго. Дајте друго дете ајде.
Стефани, жал ми е што типот те разочарал, ама ако се вратиш наназад неколку страници и ги прочиташ уште еднаш мислењата на другите членови ќе видиш дека никој не ти се смее тебе. Баш напротив. Сѐ што ти е напишано е напишано за твое добро. Јас разбирам дека ти не можеш тоа да го видиш затоа што си зацртала во глава дека тој е „вистинскиот“ и толку, не сакаш ништо друго ни да слушнеш ни да видиш. И не се работи тука дека само ти си чувствителна другите не, туку ти си направила фантазии во главата. Си замислила некоја слика за него што нема врска со реалноста, па сега си разочарана. Како прво не си го ни видела, не знаеш ни што човек е. Може е некој лажен профил па си се зафркава со тебе. Сега е многу лесно да најдеш слики од некој и да направиш да личи на реален профил. Те излажал еднаш, два пати , три пати.. колку пати треба да те излаже за да ти текне дека е лажго??? Си правела муабети... и што ако си правела муабети кога нема дела? Толку си занесена што требало уште одамна да ставиш крај. Значи се понижуваш самата себе си, бил од друг град мислиш од Америка е. Од Америка да беше побрзо ќе дојдеше, а не па од Македонија. Ако нема кола може да позајми, може со автоус да дојде или со воз. Крај краева толку ако нема пари а сака да те види абе пешки ќе дојде. Цел ден ако треба ќе оди и ќе дојде. И ти пак и пак упорно паѓаш на истите лаги, па плачеш, се глупираш на работа... дај заозбили се! Што ќе ти е тој мочко?! Те начекал наивна па те зафркава како сака. Со таков ли сакаш животот да го поминеш? Ти направил услуга што не дошол. Блогирај го секаде и не дозволувај така да те газат. Па пишал СМС па се правдал, па не знам што.. ветер и магла. Нема ништо од него. И научи нешто од ова искуство. Не ти треба тебе дечково. Реално не ти треба никој, особено не во состојбата во која што си. Поработи малку на себе, на твојата самодоверба, постави си некои лични граници. Ако не се смениш цел живот вакви манипулатори ќе привлекуваш.
Ми пишал дека и на одмор не бил се нешто го спречавало да дојде , наназад неколку години така се нешто му се случувало ,секако не му верувам веќе ништо фала на сите не замарам повеќе во темава