Па околу 5-6 месеци ама за претходно вика дека од претходни години се нешто само му испаѓа пред да треба да патува некаде , сабајле ми ѕвонеше од друг број мислев да не ме бара некој друг и се јавив и така ми рече ми рече крај на март сигурно ќе дојде нема да каже кој датум за пак да ни испадне дека ме лаже јас му реков ти дојди па јас како сум слободна ќе излезам и спуштив
За што се замараш девојче, дај најди си друга занимација или хоби, батали го типов, те мафта, те манипулира, тоа сега нe го согледуваш, ама другите околу тебе, да.
Дали ви смета ако дечко ви ве остава на "сеен" и ви пише многу покасно ( а во меѓувреме се уклучувал повеќе пати и не ви пишал). Мене од такт ме вади, го сметам за непочитување. Дали за вас тоа е нормално или јас премногу преувиличувам?
АМА ЗАШТО ДОЗВОЛУВАТЕ НЕКОЈ ДА ВЕ ЗАЕБАВА У ЗДРАВ МОЗОК???? НЕМА ЛИ ДРУГ НА СВЕТОВ , ОК НЕ Е ИСТО АМА ШТО? ЦЕНИ СЕ БРЕ ДЕВОЈЧЕ МЕНЕ МЕ НЕРВИРАШ ВИШЕ , НЕ Е ВРЕДЕН ОВОЈ НИ ЗА ЕДНО КАФЕ, АЈДЕ ВИКААТ НЕ ДЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ЛЕСНО АМА ОВОЈ НЕ ВРЕДИ ТОЧКА П.С ЗА ТОА ШТО РЕКОЛ СЕ НЕШТО МУ СЕ СЛУЧУВА ПРЕД ДА ТРГНЕ НЕКАДЕ , ПРАТИ МУ ЛИНК ОД ТЕМАТА ГАТАЧКИ БАЈАЧКИ АЈД
Мене ми смета. И не ми е нормално тоа. Штом се укл повеќе пати значи не е зафатен туку намерно не враќа.
Едно не ми е јасно, не ве сакаат, кур ги боли буквално за вас, како бе све од стотина разни броеви ви ѕвонат и ве замараат? Треба да сте среќни што сте нечија опсесија Нека признае Стефани дека и неа и' одговара ситуацијава, бар си има занимација во животот, не се досадува.
Овој функционер да не е некој што не може да резервира точен датум до крајот на март???? Нели гледаш оти те мафта само, или има друга или си игра мајтап со тебе. Тој што стварно сака да те види ќе најде време да дојде. До толку има време
Леле да ! Одма да му раскине ! Добро вие одите на работа? имате некои други обврски во животот? Или сте по 15 год и немате што да правите со животот и само гледате и демнете кој , кога и колку пати се уклучил
1. Очекувањата се мајка на разочарувањата. 2. Ако некој ви е партнер, не значи дека треба да биде на линија 24/7, оставете го да дише. Инаку се труете и себе си и него. 3. Тоа што го покажува онлајн не значи дека телефонот му е во рака. Ако не верувате, оставете го телефонот на страна, почекајте малку да ви покаже како last seen/active at 15:00, без разлика дали е месинџер, вибер итн. Пробајте да му се јавите и ќе видите после дека го покажува онлајн. 4. На крај ако мислите дека некој ве буши во здрав мозок прекинете ја врската и најдете со друг кој ќе биде подобар.
Не, не демнам. Јас лично имам искл онлајн статус така што не гледам за никој кога се укл. И да не се правиме сите зафатени кога сите сме со телефонот во рака по цел ден. Ако имал време да се укл повеќе пати, имал време и да и врати. ТОЧКА!
Понашањево и проблемиве овде како вработени во општина па преслободно време имате , членкава со губи време со некој што ја заебава , друг гледа кој кога бил уклучучен на интернет, човек да ви завиди на слободното време Гледајте дела , баталете друго
Ти си од тие клати врата земај плата? Со телефон в рака по цел ден? Не сме сите такви, некои од нас и работат и немаат време да одговорат.
Ако дечкото на членката имал работа како можел да се укл неколку пати? Значи за други има време да се укл а за неа не? ПС Ако ти си од тие зафатените што работат и немаат време, како имаш време да ме цитираш на форумов во работно време?
Не е дека нема време да одговори, тој период беше дома. Наместо да се допишуваме јас него го чекам со саати да ми врати....бидејќи тоа во периодов ни е единствен начин на комуникација. Не можеме и по цел ден да висиме на слушалка.
Вибер има опција да те прикажува онлајн кога некој ти звони а ти не го користиш мобилниот тој период. Никој не должен 24/7 да ви враќа на пораки и веднаш во секундата кога ќе му пишаш порака.