А кој рече дека некој е должен веднаш да врати во секунда? Членката пиша дека со саати и немал вратено. Не знам што ви е поентата и да 2те да се расправате тука и да се докажувате. Секој збор го сфаќате буквално. Пак се враќаме на тоа што го пишав оригинално. На сите телефонот ни е до нас. Колку и да работиме никој не работи цел ден без престан. Како што кажа и самата, постои нешто што се вика пауза. Така што пак ќе кажам, ако сакал да и врати - ќе и врател, а не да ја остава цел ден со саати да чека.
Се извинувам пак јас , од некој број на Вибер најверојатно другар му (бидејќи јас го блокирав) ми пратил слика дека резервирал сместај во Скопје на 26 март , пишува дека е резервирано Дали да излезам , како ќе ме гледа ако излезам ? Бидејќи не сакам наивна да испаднам
@TheRedRose нека разговара со него за тој проблем, ние може да погодуваме која е причината. Ако нема комуникација меѓу нив, џабе е. Ако не и враќа со часови, треба да биде одлучна и да го праша. Вака само себе се измачува. На нејзино место, ќе зборувам со него пред да барам совет тука. Ама тоа сум јас.
Добро а ако навистина дојде бидејќи ми прати дека резервирал ?дали ќе е паметно да излезам и да држам дистанца
Да излезеш и држиш дистанца? Со овој што те матка 6 месеци? Тој пак нема да дојде, а и да дојде ич не треба ни кафе да пиеш со него, не па да се прашуваш дали дистанца да држиш.
Ја па мислам треба да излезе и да му пишува онолку колку што и е потребно да и се згади. Понекогаш тоа е единственото решение, особено тука што и по 10 страни од добри совети, тој не е блокиран и уште му се дава шанса. Понекогаш треба да ги оставиме луѓето сами да си учат од грешките и сами да се изгорат за да научат
Големи се можностите да не дојде и каде тоа резервирал и на негово име е резервацијата.Да не резервирал само,па кога ќе ти помине лутината ќе ја откаже резервацијата.Гледам упорна си не се откажуваш.Излези ако дојди,само не е за ова излегување.Размисли каква ќе ти биде врската со ваков и колку ќе се гледате
Дечково е стварно болен не бил на работа денес така дознав , не знам што да кажам не оправдувам скоро пола година да не може да дојде и секогаш нешто да испаѓа ама сега со ова не знам , се мислам да излезам ама не да се однесувам како му верувам и ми е мило што дошол туку онака најрамнодушно
Ми пишува од друг број на Вибер последно што му вратив е , ако бидам слободна ќе излезам за тогаш и ми пишува дека му е жал така што испаднало само лике ставив ,не зборам како порано А, што мислите ако дојде да излезам на еден час и да го баталам да му вратам за ова или не ?