Ако се случило еднаш-два пати океј, ама ако се случува често не. Блокирај. Никој не е должен да е 24/7 со нас, ама ако некој ти значи може да му пишеш кратка порака, во гужва сум те барам.
Ми потече мозокот од овие глупости. ИЗЛЕЗИ АКО ТИ СЕ ИЗЛЕГУВА, АКО НЕ НЕ ИЗЛЕГУВАЈ, толку ли е тешко да ти се објасни? Ова ми изгледа на тролање или членката е 15 годишна па до толку да не разбере дека некој ја мотка.
Малку е 1ч во живо за 6 месеци допишување, барем 2ч треба да пиете кафе или прошетате некаде. А бидејќи дечкото доаѓа од друг град и ќе се стави во голем трошок, можеш ти да го платиш кафето.
Фала на сите и извинете што темава се наполни со моите коментари , фала на тие кои ме сфатија и не ме сфатија ,сепак ќе видам што ќе направам , ќе се однесувам како да не ми е гајле и тоа е.
Не биди глупава да те мотка како сака, ако толку сакаш да го видиш сега ти постави му услов да дојде до тогаш и тогаш. Ако стварно сака да те види ќе најде време и ќе дојде.
Сите ти кажаа, некој ако сака да дојде да те види, ако му значиш ќе дојде уште 2/3 ден, а некој што сака да си игра мајтап со тебе ќе те мотка не 6, 66 месеци, а ти наивна ќе му веруваш.
Беше условот поставен до февруари да дојде и он да да ќе биде па кола му се расипала па се разболел и ми рече а зашто сум го ограничувала....сега за март рече резервирал веќе така да не знам секако не го гледам со исти очи веќе
Од февруари уште не дошол?? Штом до сега не дошол нема ни да дојде, мајтап си тера со тебе. Блокни го таму и не се замарај.
Не сакам да замарам и онака цела тема се напуни со мојот проблем искрена да бидам и јас чекам да видам дали стварно ќе дојде или тек тогаш ќе биде крај засекогаш ! И се покажа какво ѓубре е , ама од инает сакам да излезам доколку дојде и јас да се однесувам незаинтересирано
Здраво девојки, стварно не знам каде да се обратам можеби пишувам само да си ја олеснам душата, ме остави без сон ова што ми се случи… Излегував со еден дечко нешто повеќе од месец дена. Го познавам уште одамна и ми се свиѓаше долго време и бев баш среќна на почетокот што ете почнавме да излегуваме. Но, уште пред првото излегување нешто ми падна чудно, бидејќи не сакаше да излеземе јавно на кафе, туку некаде приватно каде што нема никој. На висока функција е, па изговорот му беше дека не сака приватниот живот да им го сервира на тацна на сите, што до некаде и го разбрав пошто во ова место луѓето едвај чекаат да видат нешто за да оговараат, па си реков добро… Почнавме да излегуваме, многу беше фин, добар, грижлив, не се обиде да ми направи ништо во смисла нападно на почеток, значи баш супер лик. Пошто многу луѓе го знаат тука се распрашав и сите ми кажаа дека е предобар човек, многу се труди работи никој лошо не видел од него. Но сепак, некоја интуиција нешто ме копкаше.. Но тоа е, понесена од страста и емоциите почнавме да имаме и секс. Се до ноќеска, не знам од која причина се реши да ми каже.. Почна одоколу да ми врти како сум била предобра личност, како ништо не можело да оди добро во неговиот живот секогаш морало да има пречка бла бла.. Вртеше може добри 15 минути за на крај да ми каже како имал женска, па изгубил чувства за неа и таман кога сакал да и раскине татко и починал, па од жал не и раскинал и така бил уште со неа сега додека се опорави ама не ја сакал и не се гледале често, 2-3 пати неделно, ама биле во постојан контакт. ЛУЃЕ ВО ШОК СУМ!!! Цело ова време ИМАЛ ЖЕНСКА. Не можев ова да го замислам ни во најголемиот кошмар луѓе. Сум била изневерена претходно и точно знам како е, а сега доживеав јас да сум швалерката?? Немаше никаков начин на кој што можев да дознаам, немаат слики, никој не ми кажа, ни тој самиот. Се чувствувам како најмизерното и најнискоморалното суштество на светов. Се чувствувам како да сум го направила најголемиот можен грев. Не сакам во огледало да се погледнам. Навистина не знам како можеше мене ова да ми се случи, не престанав да ја мислам девојката и да барам прошка од Бога. Не можам да спијам, паничен напад ме фати, зарем е можно ова…
Па уште кога не сакал јавно да пиете кафе јасно е овде дека нешто крие и не сака да го видат со друга. Бааш тие од типот фини предобри се најголеми лажговци.
Акп ти е за утеха , ти си слободна девојка , тој е говедото кое е во врска . Тој е виновен , не си ти . И знам дека тука многумина ќе те нападнат , ама сепак , тоа што не сакал јавно да одите на кафе и слично , да сомнително е , ама е на финкција па си нашол добар изговор , нема слики со девојката , никој во околина не ти кажал .. Јебига се случува . Јас сепак стојам на тоа дека не си ти виновна , туку оној кој го изневерил партнерот со трета личност .
Месец дена време му требало да и каже дека има друга, а којзнае што и има кажано пак на другата женска. Колку вешто се кријат некој.
Затоа велам , девојчево не е виновно , само не промислила убаво , веројатно бидејќи и се допаѓал дечкото . Тој е виновен , бидејќи скривал дека има девојка , згора на тоа ја изневерил таа девојка , девојчево го искористил и после месец дена му текнало дека таа девојка постои , па му кажал на девојчево . Страшно !
Или сега сака да прекине со неа па и кажува како имал друга женска па не сакал да и раскине од жал чиста манипулација според мене. Нормално дека не е виновна.