Смири се прво. Оди некаде излези, прошетај, разбистри ги мислите. Мисли на позитивни работи и гледај да го заборњвиш. Блокирај го од сите социјални мрежи и блокирај му го бројот и после обиди се да го заборавиш и да не мислиш на него.
Тоа е твоја грешка, се надевам си ја научи лекцијата. Наивна веќе си испаднала такада веќе исто ти се фаќа. Ако сакаш искочи да те разочара и во живо (ако воопшто дојде) и да престанеш да се замараш конечно.
На секој ова може да ни се случи. Излегувај, уживај со друштво, пушти музика..Не си ти за ништо виновна едноставно не знаеше. На време си се спасила .
Се запознав со еден дечко, излеговме два пати на дејт, убав впечаток ми остави како личност. Е сега има нешто друго што ми боде очи. Често нагласува како не му е убаво што е сам без девојка, разочаран бил во љубовта како ќе издржел сам толку време во странство. Ете вика те најдов тебе, на добар пат сум. Од друга страна зборува како не сака авантури, туку бара жена за озбилен партнер. Вечерва пишавме и вика како ти се ноќите без дечко, викам зошто баш ноќта , вика ноќта е кралица на денот, на тебе ти фали ли девојка вика Да. Не знам што да мислам и правам, по муабетите ми остава впечаток како да чека само за некоја да се залепи колку да не биде сам. Ме изнервира стварно вечерва со муабетот, мене нигде не ме спомна.
Во странство живее, ама викаше наводно ќе напуштел летото сега кога ме нашол мене. Сакал да си дојде и да створи фамилија.
После два состаноци ќе напушти се?Види како ќе се одвива комуникацијата понатаму.И прашај го што планира да прави и што ќе работи откако ќе се врати.После да не биде да те убедува да ти смениш држава.Освен ти ако не сакаш нормално.Според ова што го напиша не е ништо толку страшно да се нервираш.Ако имаш чувство дека бара само девојка,а не тебе прекини комуникација
Само гледа да се омажи инаку зошто би брзал толку.. Запознај го по добро па дури тогаш стапувај во брак..
Изгледа бил фин се додека те легнал, и замисли девојка му сегашна/бивша не и раскинал од жал, ама грам совест и одговорност немал, излегувал со тебе и имал секс, наместо од жал да и дај сочувство на девојката и поддршка. За мене овој човек е копук, со тврдо К на крајот!
Е добро де му било жал за девојката да и раскине но и му се сексало на човекот. Можам да замислам ваков човек во брак.
Си седел батката на две столици додека можело.. е сега повеќе не може и мора една страна да избери.. па ти од кај знаеш дека се две столици може 3,4
Без разлика која е причината му се брза да се ожени и се едно му е која ќе биде, барем мене така ми делува..
Коментарот ми беше за другата девојка, но сепак за ова да седел на 2 столици и штом нема слики ниту со таа за која нели од жал не и раскинал и никој во околината не и кажал ништо ваљда никој и можеби незнаел дека овој има девојка сигурно ја крие и таа девојка како и со нејзе што не се појавувал јавно.
Не знам ја од кај и што имал си можел човекот не е прв ваков што седи на 2 столици. Веројатно си се матка и не е способен за сериозна врска.
Толку време му било потребно за да ја легне, па да и каже дека веќе има девојка. Ако му било толку жал за неа немало ни да ја изневери.