Порано ко бев средношколец, често правев жапчиња со симпатиите и девојките на Охридско езеро. Зимаш плочка камен и го фрлаш во вода ниско и кога отскокнува, тоа се вика жапчиња и се бројат кој ќе направи повеќе. Сигурно си помала генерација и затоа не знаеш. Иначе често парови си правеа жапчиња и се натпреваруваа кој повеќе ќе направи. Сега не е во мода тоа.
Прво за ситуацијата со (не)дечкото кој не иди да се запознаат - не те сака. Не е заинтересиран. Тажно е ама ќе помини. Ако после лутење/конфликт/блок наеднаш букира престој и ресторан и те бара нон стоп - едноставно то е манипулаторска техника за да задржиш некој покрај себе кога ти бега. Не те сака. Те манипулира. Веројатно му е досадно. Да тажно е за пропуштените прилики, ама толку време да се задржваш за НЕ дечко ми е нереално. Да беше тинејџерка - ок. Ама ако си возрасна особа - не ок. За ситуацијата со не реплицирање неколку сати - не ми е толку длабоко. Јас читам од нотификации, ако нешто не е за да вратам одма нема да вратам. На работа не користам телефон и за важни работи читам од сатот (притоа, не можам да реплицирам, ама сум up to date за ко ќе можам). На пауза ми е престимулирачки да враќам, и обично враќам од после. И ова го кажвам на сите и со сите сум на чисто ко ќе има периоди да ме нема. Искрено ако известувам нешто и знам дека чита нотификации, не ми треба да мани seen. Мислам дека ако моментално само имаш онлајн комуникација како опција, убо е да се определи време за социјализирање за да не иди до то да имаш потреба за комуникација, тој да е зафатен, па ти да се нервираш кај е и дека го дава онлајн. За ситуацијата со девојката со дечкото шо има женска - жал ми е. Голем знак е дека неќи да биди виден во јавност. Мене ме интересира, тие кои ги прашуваше за него го знат поинтимно? Би знаеле дека има женска? Ме интересира дали не ги кажаа, или не знат. Во секој случај не се јади дека си швалерка, ти не знаеше. И ти си жртва во случајов. За ситуацијата со дечкото шо кажва дека очајно сака женска - мислам дека едноставно не знај како да долови дека намерите му се "сериозни". Или барем мисли дека му се па само има потреба да се врзи за некоја. Лично толку рано после дејт да сака некој толку да се врзи за мене би ме уплашило. Следно, многу одите офтопик. Ве молам пријавувајте кога има офтопик. Кога мислите дека некој е трол, пак, ве молам пријавувајте, и најважното за трол - игнорирајте. Зошто? Трол сака внимание. Ако мислите дека некој е трол, зошто му давате внимание и му помагате да ја исполни целта? Фала.
Очигледно игра не на две ,туку на повеќе столици.Но,должност е на секоја од нас да се грижиме за себе,па така членката да не се вплеткала со него кога и било сомнително зошто не ја покажува во јавноста,макар на едно кафе .Не велам дека е виновна за нешто,напротив ,неговата вина таа ќе ја носи ,а тој ќе си ужива со колку може .Тој лаже ,но и другите од вчера не се родени, нели?
Одам на дејт после повеќе од година време. Искрено, малку ми беше и чудно пак да излезам со некој, ама ајде реков време е. Дечкото со кој излегов ми е симпатија од поодамна. Почнавме да си пишуваме неколку дена пред да се видиме и баш имаше муабет, шали, разговори,атмосфера. Симпатичен е, Плус гласот му е ненормално убав, буквално тип на глас што може да те освои сам по себе. И се гледаме во живо… океј дечко, како да се знаеме многу време смеи шали исто како и преку пишување но Премногу опуштен за прв дејт. Почна со допирања што искрено не очекував толку брзо. Океј, гушкање, флерт,тоа е нормално. Ама брзање со фаќање поинтимно на прво гледање… wtf? Мене тоа искрено ми беше too much. Не сум тип што на прв дејт ќе легне со некој, па колку да е симпатичен. За мене прво се запознаваш со човек, па ако има хемија – работите си доаѓаат сами.. Јас ли сум толку старомодна или незнам што.. дали да го баталам типот и да барам некој со малку повеќе осет за граници… или да заебам све и да одам all in бидејќи очигледно така функционира денешниот дејтинг
Јас мислам дека е премногу за прв дејт, интимно допирање зависи и од двајцата мене не ми е за првите дејтови.. Нема почит кон тебе и не му е гајле за ти дали ќе се осетиш сигурно.. А сигурно приметил дека не ти е угодно така да те допира.. Сељачко однесување е (без навреда за луѓето од село). Прв дејт е за да се запознаете по добро, да видите дали си одговарате за да излезете и на втор.. Секако зависи и од колку долго сте во комуникација и дали се познавате од порано ама сепак на интимноста не и е место на прв дејт без разлика на се, најмногу за прв дејт според мене е држење за рака..
@Tomasa во јавност пипкање? о,О Ако да, бегај од старт. Какоидае, секој има различни граници. Кажи му ги твоите. Кажи му јас сакам вака и вака, и ти ми брзаш. И види како ќе реагира. Ако почни да е ќенкав, лут, како разгалено дете - б е г а ј. Ако разбери и ти ги почитува границите - само поинаква замисла сте имале за прв дејт и ќе се пратите и прашвате за се важно во иднина. Иако би рекла дека јас вервам во барање дозвола, то е нешто шо треба да е норма, а не нешто шо треба да го бараме да ни е даено.
Не, не беше во јавност, после кафе се возевме и се паркира во едно ненаселено место. Јас му ги тргав раците кога тој пробуваше, но тој упорен така неколку пати и накрај се откажа.. Ќе видеме следниот пат (ако го има) да средиме со разговор, бидејќи вака се осеќам многу неубаво..
Дечково мислам очекувал да бидете од старт интимни.. чим и паркирал во ненаселено место, јасни се намерите. А, сега останатото си е твое, ако несакаш да брзаш и се тоа да биде минлива авантура и плус ти е некомфорно и непријатно води ја насоката ти како што сакаш, а не да се прилагодуваш како е модата денес. Јас искрено сум против влагање одма во интимни односи на прв дејт. Освен ако двете страни не се согласни и да е таков договорот. Чим си била на пауза 1 година следи си го твојот ритам и не се форсирај и прилагодувај на туѓото темпо. Може он си е лабав во тој поглед за секс, ако почесто практикувал па сеа е нестрплив.
Ок, деф не следен пат. Б е г а ј. Ако е упорен и не ти ги почитува границите само на полошо можи да оди.
Не излегувај повеќе. Човек шо не знае да ги почитува твоите граници, не ти треба. А башка самиве постапки уште незапознати од сам старт, алудираат на други намери од негова страна. Знак прашање е дали воопшто имал сериозни намери со тебе како идна девојка или пак намерите му се сосема различни и одвратни и од друг аспект да те гледа.
Ви пишувам тука оти немам кому и каде да се обратам повеќе, више банална станав пред сите а очајно и ужасно се осеќам. Имено, бев во врска долго време, долга врска со скарување и смирување, за на крај дефинитивно да пресечам. Имаше мнооогу црвени знаменца, ама некако премолчував на сеʼ бидејќи он ми беше најблизок, прва врска, први односи, прво сеʼ и многу го сакав. Срам ми е од самата себеси да признаам и дека простив неколку пати излив на насилство, силни кавги со секакви зборови и долг период на немање пари кај него и насочен гнев спрема мене. Молчев, не кажував на никој за ова бидејќи знаев дека ќе му се вратам. Го сакав затоа што кога беше добар ни беше супер. И да напоменам, доаѓам од фамилија каде што немало никакво насилство, посебно од страна на татко ми спрема мајка ми. Не знам кај ми бил мозокот, стварно не можам да си простам. Како и да е, се скаравме официјално ама по неколку месеци стапивме повторно во контакт и продолживме тајно да сме во контакт. Чат пат и се гледавме, не беше често ама имаше и такви излети. И бевме повторно преблиски, јас сакав да увидам некое светло дека тој се сменил за конечно и јавно да се смириме. И колку и да беше добар и сеʼ се случуваше да има некој испад и пак се враќавме на старо. Зачаран токсичен круг. Со планови да се смириме доколку се наредат коцките, ама ништо недефинирано во секој случај. Да преминам на главното. Запознавам еден тип, на другарка моја другар близок, од друг град. Дечково ме освои на прва. За прв пат во животот почувствував како е да си со добар човек, од кој не би добила никаков испад, најмалце насилство. Се заљубив во неговата добрина и инстант посакав да оставам сеʼ во минатото и да бидам со него. Да напоменам, никогаш не сум била со двајцата во исто време, никогаш. Кога сфатив дека сакам со овој да пробам нешто, веднаш му кажав на бившиот дека не сакам помирување, дека после сеʼ што се случи меѓу нас сакам да се тргнам настрана и секој да продолжи по свој пат. И не прифати никако. Почна малтретирање. Прво зошто не сакам, после откако дозна дека има друга личност во мојот живот се претвори во малтене психопат. Минатата година цела ми ја претвори во пекол. За да биде трагедијата уште поголема, работиме на исто место и таму ми ја вадеше душата. Беше и насилен спрема мене кога немаше никој да гледа, ме демнеше ако бев некаде сама на пауза, ме замараше на секој можен начин. И од што ме дал Господ вака глупава, не го пријавував оти ми беше жал да не остани без работа. Секад пробував со добро да го оттргнам од мене, со асолен муабет и да му појаснам дека не сме еден за друг. Ми доаѓаше дома, моите дознаа дека ме замара ама не беа свесни за насилството на работа и колку само ми правеше лошо. Ми го исшкрта и автомобилот, го изблокирав од секаде и збесна. После тоа имаше фази на извинување, па му се заканив дека ако има уште еден испад ќе биде пријавен, го снимав како ми се заканува, и пораки чував и гласовни снимки. Се повлече некое време ама јас од стресот што го изедов бев цело време на штрек, дури и завршив на психолог оти не можев да го решам еднаш за секогаш. Беше сеʼ мирно, се до денес кога ме начека во маркет, а во меѓувреме дечко ми ме остави на некоја минута ја бараше продавачката да ја праша нешто и останав сама. Ми зборна, му вратив едно ноншалантно здраво и почна тука веднаш да ми се понаша шо сум го гледала на лош начин, шо ми напраил тој мене и во момент на расправија замавна накај мене. Тргнав веднаш накај него, го удрив и јас и како за малер немаше никој околу нас во тој момент. Избегав се оттргнав да го барам дечко ми, он кутар појма немаше шо се случува со мене. Да напоменам дека знае за проблемите шо ги имав со овој, ама му кажав дека веќе е сеʼ мирно и нема за што да се секира. Застанав на каса до дечко ми, тој плаќаше а овој се нацрта на лентата до нас и не виде дека сум со некој. Почна да дофрлува коментари, замислете фрли и со пакетче мастики накај мене за да се свртам. Реагираше продавачката и една жена што ме праша дали имам некаков проблем со момакот. А ја у тој момент му реков на дечко ми да се смири, му кажав за кој тип се работи и да не прави проблеми. После тоа тој излезе и не го видов повеќе, валјда коа виде дека не сум сама си замина. Толку сум нервозна, колку се чувствувам мизерно и глупаво, не можам да ви опишам. Осеќам толкав гнев во мене шо мислам да ми излезе пред мене би го задавила. Упорно не го пријавував оти не сакам да ги секирам моите и не сакам повторно да поминувам низ истиот пекол како цела претходна година. Ама се чувствувам како да побудалувам. А од понеделник ќе го гледам на работа и тоа дополнително ме јаде одвнатре. Шо би направиле да сте на мое место, како да се оттарасам од ликот? Немам сила повеќе во мене, мислам дека ментално ќе попуштам и ќе направам некоја белја.
Пријави, секаде кај што можеш и кај треба пријави, ич око да не ти трепне. Ако тој нема осет, зошто да имаш ти?
Искрено мене ми стои дека дечкото сака friends with benefits затоа и така постапил од прв дејт. Очекувал дека нешто повеќе ќе има и затоа си пробал, ме интересира сега како се однесува со тебе? Дали е пак онака фин или му е сменето однесувањето? Инаку не, не си старомодна, зар светот се врти околу сексот? За жал времето е така дојдено, но ако си имаш твој став да не одиш на тој чекор одма од прв дејт, држи си се на тоа.