Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. neno0o

    neno0o Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    2.283
    Пол:
    Машки
    @Kokicheee

    1. Веднаш кажи на твоите и побарај заштита од нив.
    2. Пријави во полиција, покажи ги и пораките.
    3. Пријави на работа, заштити се себеси.
    4. Никаков контакт со него, никогаш.

    Никогаш не замижувај на црвени знаменца, цени се и почитувај се. Се што е токсично сечи во корен.

    Со лесно, сигурен сум дека можеш ја направиш вистинската работа.
     
    На MG3, sparklie, MB993 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    138.365
    Пол:
    Женски
    Девојко, никако следен пат. Удри му блок!
    Во мислењава опиша ненормален тип, можеби и потенцијален силувач.
    Салам дечко ќе ти ги почитува границите и нема да те допира ни на прв дејт, ни понатаму сè додека ти не покажеш интерес за тоа.
     
    На UsenameNotFound, IronMom, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Шербет од бруцница четврту сезону :rock:
     
    На IronMom, tsanemsit, FlirtBerry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Да не идеш против себе!
    Да не му допушташ на потенцијален манијак да те заведе.

    Ми личи на ебач, кој мисли дека на колена ќе паѓаат жените на неговиот шарм.

    Уште па следен пат да имало..

    Сами си ја барате бељата.
     
    На Gosh, UsenameNotFound, Tam4yy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.513
    Допаѓања:
    207.013
    Пол:
    Женски
    Не е до тоа дали си старомодна или не, туку до различните очекувања. Штом типот не прифаќа не како одговор на прв дејт, не знам што би било понатаму и не сакам ни да знам. Прекини веднаш секаков контакт и заборави го. Ќе си најдеш човек што те почитува.

    Да го пријавиш секаде каде што треба, и на работа и во полиција. Да не повлекуваш пријава, да побараш забрана за приближување. И тоа веднаш. Повеќе ќе ги насекираш и изнервираш родителите со тоа што криеш. Зошто животот да ти биде пекол заради некоја гнасна кукавица?
     
    На raww, sparklie, Katie90 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    138.365
    Пол:
    Женски
    Под итно кажи на твоите и пријави го во полиција и на работа. Ако ти е страв, земи некој да дојде со тебе.
     
  7. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    1.408
    Пол:
    Женски
    Те разбирам како се осеќаш и искрено многу ми е жал за твојата ситуација, неможам ни да си замислам низ каков хорор поминуваш. Под хитно да го пријавиш, информирај ги твоите. На тој начин ќе се заштитиш сама себе и твоите блиски. И чим е толку критична ситуација и те демне излегувај со придружба, односно со дечко ти или кој и да е. И ако те демне пријавувај го.

    Типот е ненормален и ова треба да се пријави!
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kokicheee

    Kokicheee Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за коментарите, да не реплицирам на секоја посебно.
    Ќе видам како ќе биде од утре на работа, ако продолжи да ме ремети ќе им кажам и на моите а и на неговите бидејќи знам и каде работат и што луѓе се затоа шо чисто сумњам дека знаат нешо за ова.
    Морам да се изборам некако, најпрво за мене бидејќи многу лошо психички ми влијае ситуацијата, постојано сум во грч и исчекување на нешто лошо. Посебно последните ситуации со Росица и Ивана со ќерка и уште толку ме дотепаа психички, многу се соживеав со тие трагедии знаејќи дека до одреден степен и ја сум преживеала такво нешто.
    И за пријавувањето, сигурно ме сметате за будала и наивна што не пријавувам и нема да ве осудам, ама јас бев цврсто уверена дека нема да ескалира ситуацијата до овој степен. Се обвинувам себеси што направив грешка што продолжив да се “влечам” со него и после сеʼ и страв ми е од осуда од моите. Ама згрешив, сите грешиме, не сум знаела да расудам правилно, тоа не значи дека треба да доживувам пекол.
    Ако за нешто сум среќна тоа е што Господ ми ги отвори очите и ми испрати душа од човек до мене, и што не се смирив со психопатот. Ќе ми беше многу полошо венчана и со дете да минувам низ тортури.
    И да, посакувам да беше лага сето ова и да го измислив дека ми било досадно. Ама напротив, ова е нешто што го преживувам цела година, и кога нема ништо, јас констатно сум во грч и исчекување од траумите што ги доживеав.
     
    На bookslover и Burevesnik им се допаѓа ова.
  9. Stefani95

    Stefani95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Јас ставив крај со дечково му реков да ја откаже резервацијата за на 26 , ме убедуваше дека му се случиле многу работи и не можел да дојде тогаш сега ќе дошол ,реков не мора ништо ,проблемот е што објавив на стори нешто и еден дечко одамна кој ми се свиѓаше ми стави лајк и ми пиша ...сега проблемот ми е што мене ми е страв повторно да почнам да зборам со некој , не знам зашто се толку лично сфаќам ако некој ме одбие или не биде нешто , дали да пишувам со овој дечко и да му дадам шанса или воопшто да не ризикувам веќе ништо
    Извинете што сум досадна , со другарки не сакам да споделувам вакви работи
     
    На Лејди Гага и Burevesnik им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.293
    Допаѓања:
    9.334
    Пол:
    Женски
    Ти си девојката што нема дечко а он е со девојка. Ти го разбирам сосема чувството и валидно е така да се чувствуваш меѓутоа не си направила намерно ниту пак со умисла си отишла со зафатен дечко.

    Единствениот кривец во ситуацијава е он, и така и ќе остане. Препорачувам да се оттргнеш од него затоа што чим на друга направил така, за во иднина ништо не ветува дека и тебе нема така да ти направи :*:
     
  11. mariana88

    mariana88 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    • Пишувај на кирилица
    Zdravo nekoj da pise, sakam da si ja olesnam dusata, mi stanuva mnogu tesko
     
    На Tin1a4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leptirka98

    Leptirka98 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Се запознав со еден тип, излеговме 2 пати на дејт се беше супер. Се договоривме кога ќе си дојде од странство пак да се дружиме да се запознаеме подобро. Во моментов единствена комуникација ни е преку соц.мрежи но проблемот е шо немаме асална комуникација, поточно од негова страна . Разбирам од сабајле е зафатен со работа, ама после тоа е слободен, рече дека сам живеел и немал блиски луѓе таму. Дали 3 дена сме пишувале подолго време, инаку муабетот дневно ни се сведува се на се по 5-6 реченици, ќе го снема од фб или ќе ме остави на сеен. Некогаш знае и да ми ја отвори пораката а да ми врати после саат време на пример, а во меѓувреме да се уклучува. Дали за вас овие работи се црвено знаменце, т.е. дали би прекинале комуникација со него?
     
    На Tin1a4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    1.923
    Пол:
    Женски
    Да. Не му пишувај веќе прва. Мислам дека не те гледа за озбилно.
     
    На Cinnamon Bun, Moon&me и tsanemsit им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Зависи колку години имате.
     
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    13.472
    @Leptirka98 Според мене,

    Интересот не е еднаков, тоа е јасно. Заслужуваш подобро - обострано.

    Не вложувај повеќе време и зборови во него отколку што тој вложува во тебе.

    Едноставно, не се труди премногу да се вклучиш во животот на некој кој природно сам не покажува иницијатива :*:
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки

    Има поинтересни работи изгледа во живо чим не се замара вака..
     
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Јас не знам возрасни луге колку интензивна комуникација очекувате онлајн : секој ден по 3 часа? Кој нормален има време за тоа.
    Можи спортува, може работи втора работа, спие, учи, на магистерски е?
    Ако ви се комуницира, телефонирај му и готово.
    Ако син не син ви менува нешто, ваљда не сте се поклопиле. Јас би сметала како негативен поен некој нон стоп да ми штрака пораки. А не се ни во врска ко што сфатив.
    Терај си живот, кога ќе дојде, ако дојде, ќе се најдете.
     
    На Waverly Raven, eliesaab, Youknow и 8 други им се допаѓа ова.
  18. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    1.923
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш нешто наоѓаш начин, ако не сакаш, наоѓаш изговор. Let’s be real, никој не е до толку зафатен.
    Очигледно членката го гледа дечкото за сериозно ама тој неа не, така што за да не биде повредена подобро да се повлече.
     
    На Tam4yy, eliesaab, Moon&me и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Епа како да комуницираат ако се на далечина?

    Во ред, не викам нонстоп у секунда да очекуваш да ти врати, ама само 5 реченици шо знам..

    У денешно време тоа се сфаќа како да се нема интерес.

    Вие постарите доколку сте на место на помладите, на возраст коа би дејтале, верувам дека исто би реагирале :)

    Ништо лично, баш си ми фина членка, најчесто пишуваш паметни мислења кои имаат поента :f:
     
    На FlirtBerry, UsenameNotFound, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    13.472
    Плиз, ај да не се претвараме :D

    Никој, ама баш никој кој е вистински заинтересиран нема да остави простор да се чудиш дали е заинтересиран и да прашуваш на форуми за него.

    И нормално дека секој има живот, обврски, хоби, зошто одма одиме во таа крајност? :drunk:

    Нормално дека не може секој 3 часа да се допишува секој ден, ама кој вистински е заинтересиран, секогаш може да крадне 2-3 минути и брзински да одговори на порака и да покаже иницијатива.

    Желбата да се поврзеш со другиот треба да е присутна природно :*:
     
    На Tam4yy, Waverly Raven, FriendOfDorothy и 10 други им се допаѓа ова.