душо океј сега свакам, моЖеби како што велиш ти тогаш си го повредила многу, еве го моео мислење мислам дека на типот му е тешко да се оддели од тебе иако има Женска и покрај се ти си била со него во најтешките ситуации од неговиот Живот, и моЖеби Чуствува нешто кон тебе али незнае да се справи со тие Чуства и неостено те повредува, едноставно незнае што сака од Животот. мој совет како што ти каЖав поразговарај со него и каЖиму го ова обидисе да си ги разјасни тој неговите Чуства на некој наЧин, и ако продолЖе вака и после вашиот разговор онда оттргни се од него.
Премногу е контрадикторен и несфатлив, делата му се различни од зборовите, ми има кажано дека никогаш не престанал да ме сака, ама не му верувам. Инаку во живо е толку поинаков, зборувам за кога сме биле заедно, првата вечер не сакаше да се раздели од мене, постојано инсистираше да биде со мене, ама мене ми беше страв да не сум му утеха после долгата врска. Му кажав дека кога ќе бидам со некој сакам целосно да ми се посвети и да знам каде му е паметот додека е со мене. Навистина делуваше искрен и затоа решив да му дадам шанса, да се изреализира она што тлеело меѓу нас толку време. Еднаш и го замолив да се видиме за последен пат, да ги разјасниме работите за да можам на мира да си продолжам со животот и него да го оставам во минатото. Не ми врати на пораката, изгледа сакаше да остане непреболен и да има некој што пати по него. Премногу сум реална, не си давам лажна надеж и не можам да го оправдам, ниту пак сфатам. Неговото однесување ќе остане мистерија. Ти благодарам уште еднаш.
браво убаво си му каЖала секоја Чест, ова сакав да го слушнам, зборот ми беше ова да го напаравиш. ти го напараи своето?? го напараи така, бар си го повикала да разговарате а тој не ти вратил, тоа е одговорот на сите твое недоумици, сега бар биди мирна што барем ако не друго си го прашала да разговарате. навистина јас немоЖам да го сватам мислите му летаат му се миксуваат како миксер навистина. душо блокни го и потруди се да не останеш на никаков контакт со него, затоа што тој еднаш, двапати и мн пати пробал да те мота, зошто и овој пат да не биде така?! избриши го од главата едноставно оди напред јас сум сигурна дека ке си најдиш деЧко што ке те цени и ке те сака во секој поглед, овој го гледаш? Час ме има Час ме нема не е озбилен ако продолЖиш само ке се нервираш ништо друго од него, нека си оди со девојкаму таа нека се маЧи зошто ти? продолЖи го Животот без него,верувај ми ке бидеш поспокојна
Е тоа е проблемот, додека имам некој што прави се за мене, се труди на секој начин да спречи да страдам, ми помага со сите обврски, не ме остава сама во најтешкото и прави уште милион ситници за мене, јас си ја тепам главата по некој недозреан. Завршив со него, ама не можам да ги контролирам мислите и тоа ме нервира најмногу. Колку му се извинував кога ми поминаа чувствата, ми се чини дека јас доживував се што му се случуваше нему, се обвинував постојано што го повредив. А барем 5 мин да мислеше на мене. Драго ми е што низ животот ме води разумот, а не срцето, и затоа не сфаќам кога некој вели дека срцето е секогаш во право. Да, мирна сум што преземав се што е потребно, барем знам дека не сум згрешила, во спротивно ќе размислував што би било ако би било. Да не полнам џабе страни, фала ти за секој совет и поддршката, го ценам издвоеното време за мене. Те гушкам
гледаш?? гледаши ти самата си свесна ти колку си си извинувала и колку ти било тешко, а тој, тој што направи? ти врати со индиферентност. Жално, понекогаш поубаво е некој барем некој збор да ти каЖе отколку да молЧи . продолЖи си со Животот, затоа што и ти самата знаеш, не вреди, не заслуЖува што се однесува до мислите обиди се бар да се средиш, избегавај да мислиш зошто и како едноставно помири дека така требало да биде, и секогаш кога ке помислеш на тоа најди си рекреација некоја да не мислиш или воопшто запрашај се па кој фактор е тој да мислам на него зар тој помислува на мене?!! мој совет повеке искаЧај и окупирај ги мислите во нешто попаметно. те гушкам силно
Ај да почнам првин одBurstBerry незнам зашто ама твојава ситуација некако многу ме потресе. Дали зашо типов на крај излегува дека е крајно неблагодарен или нз што филм сака да тера. Ај од една страна да си кучка и да му го лепнеш тоа во фаца па и не иде,. Зашто ? Затоа што тоа си го сторила за него од љубов и во моменти на љубов, а и не иде од една страна па и лебот да му се зима на копилето кое очигледно незнае кој му го дал. Ама од друга страна како што си направила за него да замине на работа, можеш да го направиш обратното. Се зависи од тебе и твој карактер. Ја да сум на копилето така би му направила. Е да дојдам до тоа дека не си одмаздољубива дека го сакаш и све тоа, тогаш имаш и тука некои опции. ДАј му до знаење која си и што си . Или раскини ја врската пред време Прашуваш ако те побара што да сториш, истото што и тебе. Игнор... Ако продолжи да те бара да тогаш дојди на скајп и разговарај отворено со типов, а ако престане да те бара тури му пепел. И продолжи свој пат и свој живот. Не си дужна на никому слуга да му бидеш а најмалку черга за бришење нозе. Либера според мене дечково е заинтересиран за тебе, да ама од една страна или незнае како да се постави со тебе, или пак страв му е да ризикува. Ти твоето си го направила, си го викнала на разговор не дошол. епа не ке го молиш нели ? А од трета страна биди си претпазлива па да не е ова некој негов начин да ти врати за повреденото его ? Отвори 4 очи тука и изоштри си го третото око, нека те води инстинктот малку. Според мене ја сега после направениот чекор би го ставила на игнор, па нека прави шо ке прави. Ви посакувам да најдете начин, само со мир и напред. И не заборавајте на себеси
Без ризик нема добивка. Ако вистински се сака нешто, ќе се најде начин. Како и да е, утре кога ќе оди со мене (хипотетички), ќе треба да мислам дали нашол друга да и се додворува, ко што со мене го прави тоа моментално. Неверството не е само физички акт и преку глава ми е да му држам правила за однесување во врска. Јасно ми е дека на еден лав најважно му е егото и ќе ти наплати скапо ако му го повредиш. За жал, интуицијата не ми работи и затоа се вовлеков овде. Благодарам на споделеното мислење на сите, го ценам!
Бери, па зашто да се интересира каде си и што правиш кога гледа дека си преокупирана со него?! Остави го малку, што има да му ставаш кредит воопшто, посебно кога гледаш и дека не го троши многу на тебе. И не паничи што не се ставил на скајп тогаш, не значи дека не бил во станот, туку едноставно може му било глупаво на сред муабет и зафрканции да се уклучува и да комплицира.Поедноставно му било по порака да те праша, што е и логично.
бравооо гледаш, знаЧи тие зборови сакав да ти ги уловам, те гушкам силно и се радувам да знаеш, за тоа како размислуваш, цмок
фала ви девојки на советите, но јас штотуку ставив крај на врската,многу ми е тешко се изнаплакав па собрав храброст да ви пишам ...инаку причината за крај на врската беше што дознав дека излегол вчера а не ми кажал,си дошол во 4ипол сабајле, односно сите викенди ги поминувал во град а јас не сум знаела...сите мои роднини се таму на работа, па се најде еден, фала му на бога ми ги отвори очите...телефонот си го оставил дома но јас му пишав порака дека помеѓу нас е крај, веќе да не ме бара...му посакувам се најдобро и никогаш да не заборави кој му даде леб да јаде,а се тоа го направив за него, му помогнав затоа што мислев дека е човек, дека вреди да му се помогне,да ми простите ама немаше 10 ден. во џеб...сега кога ги осети парите ми сврте грб...алал нека му се. Фала ви девојки уште еднаш на потрошеното време.
Се надевам ја донесе правилната одлука мене не ми мирисаше на добро затоа и отворено ти кажав . Кога ќе собереш сила ме интересира што кажа ... Проба да се одбрани или ? Ајде главата горе исплачи се и продолжи .
Не плачам веќе, ја добив и подршката од мајка ми, што многу ми значи...ми рече дека не е единствен да си продолжам понатаму и дека тој самиот ќе дојде на врата да те моли... Иначе кажав дека телефонот го оставил дома, така ми кажаа додека разговарав на скајп, и еве колку е саат а тој од 14часот дома не се вратил...значи за сега ништо не се случува јас само му ја пишав пораката па кога ќе дојде ќе ја види...а можеби и веќе ја видел, па воопшто ништо не му значело. Во секој случај готово е веќе и да ме побара и да не ме побара исто му се фаќа... Фала ти венди многу, ако има некои новости секако дека ќе ви пишам
па сега незнам како да почнам...е вака...пред околу една година бендисав една девојка, но онака, речено на мое: "ееее убо е чупето шо му фали "...но потоа, од кога првпат ја видов, неможев да престанам да мислам на неа, едноставно речено се заљубив во неа на прв поглед...но оваа љубов која ја имав кон неа многу се разликуваше од порано кога бендисував некоја друга девојка. Но, бидејќи не сум нешто привлечен дечко, си реков: "Нема шанси оваа некогаш да ме засака поарно да си се откажам и да барам друга отколку да трпам маки подоцна", ...пробав еднаш да се одкажам од неа, не успеа, пробав уште еднаш, и тоа не успеа, пробав и третпат, и тоа не успеа...и повеќе не знаев што да правам!( тие одкажувања траеа околу пола година)... ...во меѓувреме слушав разговори на моите другари, но и други луѓе дека таа била лесна девојка, дека сите со кои ќе се фатела ја користеле и разни други глупости ...но кога ги слушав овие зборови мене ми доаѓаше чувство за да ги убијам за тоа што зборуваат( немој да си помислите дека сум некој ментално болен или некој сериски убиец ) ...секогаш кога ќе слушнев за неа да зборуваат лошо едноставно јас се навредував и се тргав настрана и тагував( но жалното, таа не знаеше какви чувства имам кон неа ) затоа еднаш одлучив да и кажам дека ми се бендисува(тука мислам направив грешка што избрзав затоа барам совет)...и така еден ден бев излезен со другарми и одлучив тогаш да и кажам, но немав душа, ми беше срам и неможев да зборувам поради срамот, и другарми одлучи да му кажи...кога тој ми раскажа што и како се случи, си израдував дека можеби имам шанса со девојкава ...по еден месец одлучив да ја поканам за да излеземе заедно, но таа одби..."добро, си велам, ај нека биди така дека е првпат, можеби се срами"...ја поканив и втор пат( двата пати преку нет) и тогаш одби( е тогаш веќе бев многу тажен бидејќи даваше знаци дека проценува само по изглед,а не по карактер ) и одлучив некое време да не контактирам со неа, но сепак кога ќе се разминевме си даваме кратки погледи очи во очи( незнам шо му значеа и се уште шо и значат, но моите значеа дека ја сакам, затоа и тука барам совет ) и по некое време, кога започна учебната година, едноставно, според мое мислење, таа прва исконтактира со мене очи во очи( не беше нешто посебно, ми бараше книги кои и требаа за на училиште ), ама за мене тоа беше нешто волшебно, дека ја гледав во тие прекрасни очи од кои ми беше срам да ја погледнам, секогаш кога ќе ја погледнев в очи поцрвенував ( во сето ова време успеав да ги прифатам сите нејзини маани како и на изглед, така и во нејзиниот карактер, таа направи да го сменам начинот да сакам, таа успеа да ми ги поврати емоциите и чувствата кои ми беа потребни за да љубам, таа направи светот во кој живеам да биди поубав за уште една, но според мене најважна причина - таа за мене е СОВРШЕНА и отсекогаш ќе ја сакам)...затоа си помислив можеби ќе добијам совети и некои предлози бидејќи навистина премногу ја сакам оваа девојка и сакам нешто да успее меѓу нас оти сета љубов во мене што ја имам ми е заробена во нејзиното срце и радосен сум дека е така... позз
Јас се извинувам што ке бидам малце дрска.. мада не би се нарекла дрска туку едноставно искрена.. ама тука не можам да ти дадам подобар совет отколку да ја заборавиш знам дека е тешко ама тоа што ти го чуствуваш за нејзе не ти е возвратено за жал најдобро ти е да искочиш и да си најдеш друга некоја што ке те сака и гледа на ист начин како што ти ке ја гледаш Верувај време лечи све, знам дека во моментов си очаен и дека мислиш дека е крај на свет ама верувај се ке помине само треба да бидеш позитивен и во никој случај да не се потценуваш себеси дека не си доволно достоен за некоја да те сака.. Секој е убав на свој начин .. Млад си ехеее за неколку години ке се смееш за случкава и ке ти биде само еден убав спомен
Чекај прво да се убијам...ПААУУ, си пукав во уста, хаос во собата.... Ете така со вториов живот ќе ти напишам дека знам ТОООЧНО како се чувствуваш бидејќи сум бил таму повеќе од еднаш, повеќе од 10 пати...И кога те читав си викам лелеее стварно е срце Еве, би можел да ја послушаш женичката во црвено, да си ја заборавиш, бидејќи нели немаш шанси кај неа, пред се бидејќи си гремлин ружен. НО!... Зошто да не се обидеш прво да се спријателиш некако со неа? Не мора да и се пушташ веднаш, па тие работи не секогаш почнале со директен напад... Дозволи и прво да те запознае, да види подлабоко од површинското гремлинство, да види дека има многу квалитети кај тебе што малку други момци би ги понудиле, едноставно тргни под радарот, тивко, не директно. Малку ли приказни сме читнале на форумот како девојки се заљубуваат во некој што го сметале прво за другар, или во некој со кој не се ни замислувале во врска, или првичните впечатоци им биле ауу гремлин... Нормално, сам да си залепам една, со овој мој совет можеш да завршиш во зона на пријатели уште пред да кажеш ама срце те сакам, но тоа би било подобро од тоа што го имаш сега, така да верувам вреди барем да се проба.. Последно и најважно. Таа мора барем малку да те засвиѓааааа!!! Мора да и паднеш во око и физички, затоа ако мислиш дека имаш нешто за поправање, корекција, пробај да го подобриш. Особено што на тие години физичкиот изглед котира прилично високо, со сите постери што ги бакнуваат од од Џастин Бибер, Твајлајт лешовите па имаме МТВ чанел....сликата за реалноста е пореметена...
mi treba pomos kazete mi kako da go vratam i da go ubedam deka sum smeneta licnost koja go saka imav nekoi ispadi aj da ne zboruvame mnogu mi treba sovet so da napravam da mu dokazam deka mi znaci premnogu?? [mod-kirilica:2w2ufnqj][/mod-kirilica:2w2ufnqj]
Кој е тој па мораш да му докажуваш? Зошто се мачиш?Си имала испади?Па сите сме имале некогаш во животот.Немој да мислиш дека некој друг е светец а ти грешница.Тој ако тер сака самиот ке сфати дека си се сменила а не да трчаш и да го молиш:Ајде да сме заедно,јас се сменив.
Девојки ми треба помош...!!!Имам дечко од друг град,па не се гледаме многу често.Порано постојано бевме во контакт,комунициравме преку фејсбук но сега во последно време го снема...вели дека е постојано зафатен едноставно го промени односот спрема мене.меѓутоа понекогаш ке ми пише порака која е исполнета со многу љубов, но потоа повторно исто.Јас го сакам премногу незнам што да правам.Ве молам не велете ми да раскинам неможам без него... Молам за совет.како повторно да го освојам?