Тоа е друго, ако таа сака сериозна врска а тој не. Ама се' друго е смарање. Не сфаќам лично се разбира. Баш дека имам керка од 20, а плус и се сеќавам како е да дејташ, се чудам со некои "проблеми". И самата патувам доста, па ни со маж ми не сум нон стоп онлајн. Работиме, секако ке се чуеме, не му се лутам ако одма не ми одговори. Ако баш сакам да го чујам, му звонам. Колку и да се променети работите откако јас сум дејтала, затоа прашав колку се возрасни. Возрасните се зафатени углавном ама ако таа сака да си пати заради 'нероден Петко' ок е. Дека е малку... не би рекла, ваљда има денови на повеќе и помалку.
Тука да, се слагам. Да се пати не чини, не треба. Ако глеаш ти фали нешто у комуникацијата, прекинуваш комуникација. Дека сама вика целата комуникација се сведува се' на се' на по 5 реченици. Вајда незаинтересирано и' делува. Нормално нели е да сака почесто колку што е можно да контактираат, да се зближуваат. Не све на сеен да ја оставал, а се уклучувал дури и коа е слободен од обврски.
Друго е брак, друго е почеток на гледање/врска/романса како сакате кажете го. Баш тогаш треба повеќе effort ако навистина си заљубен и заинтересиран за личноста нема да ми биде тешко да пишам “еј ќе одам сега на вежбање ќе си пишеме за саат време.” Сум била во врска на далечина и знам како е. Ниту еднаш тогашниот потенцијален дечко (сегашниот маж ) не сум го оставила на seen.
Не е заинтересиран за тебе, те мавта. Зафатен со обврски или, заинтересираниот секогаш наоѓа 5 до 30 минути за да пише. Можеби веќе има некоја, ама ти си му можност за резерва.
Ако му значиш на некој ќе одвои време да ти пише/врати на порака, ако не ќе те мафта дека не го гледал телефонот. Да бидеме искрени, сите го гледаме телефонот на секои 5/10 мин, барем погледнуваме колку е саат!
Здраво, почнав да се гледам со еден дечко , неколку пати имаме излезено , фин добар и разговор и се , меѓутоа вчера кога се видовме нешто ми остана во мисла, кога го прашав со кој живее, ми рече на спрат дека е ,ајде си викам ок и јас живеам со баба и дедо на спрат , меѓутоа не ќе да е спрат , ми покажуваше слики од нешто и случајно го земав телефонот да бидам и свртев друга слика по грешка собата негова викам извини јас нешто по грешка и вика а да да мојата соба е тоа ...викам супер ,вика да ете имам ТВ ,кревет маса ,нешто зборевме за готвење и му викам а кујната кај ти е , ми вика па доле , мене овој негов спрат ми личи како луѓе на спрат кои ги дели само скали а не врата , бидејќи јас живеам со баба и дедо ама имаме посебно се ,тие доле јас горе ,не мешаме ништо од кујна до машини , ви личи дека дечково има само соба негова а ми вика спрат ? Од кога тоа една соба значи дека живее "сам"? Малце се разочарав. Нормално дека е рано да го прашувам со кој живее и како ,ама јас за заедница не сум , чисто да не си го губам времето
Пола време од денот сум сама дома , утре ден да биде нешто со дечково , јас не би можела да се замислам во кујна со неговите и не само за во кујна, дали ќе испаднам лоша ако го откачам поради тоа ?
Јас имав двајца дечковци и буквално се исто со двата. Кога врската ќе стасаше негде 2-3 месеци јас секогаш ќе го поканев кај мене бидеќи сум сама на спрат, не можиме да се гледаме само на кафе или по ресторани цел живот, нели. АМА се заучија така, кај мене е плус се ново убаво (да не ме сфатите дека се фалам) и оп батињата само ами шо прајш шо ќе прајш кај е брат ти кога е на работа да дојделе. (брат ми е на друг спрат но сепак)... И ајде еднаш два пет пати ќе дојди ќе седиме треба приватност се ама ниту еднаш не ме поканил никој кај нив. Зошто не знам, као демек му велел тој на мајка му и таа ми рече да одам кога сакам ама лично мене тој не ми рекол а другиов веќе колку што бевме заедно не ни му падна на памет за тоа. И не ни знам каде живее едниот, овај другиот ај живееа кај баба му ама имаа купено куќа и ја спремаа.. Тешка е стамбената ситуација во државата изгледа.
Оди прелистај ја темана за свекрвите и снаите (ако не си до сега) и ќе сфатиш дека си во право што не се гледаш себеси во заедница. Поразговарај со дечко ти, да ти ја каже вистината како му е поделено дома. Па, спрема тоа ќе си увидиш дали можеш или не можеш даље со него.
Еве ми одговори Да да ние кои живееме со своите имаме шуга , тоа ви е битно се не е битно кој е каков човек ,наместо да гледате карактер и душа , гледате дали некој живеел сам или со некој никого нема да ве изеде секој си гледа своја работа , не ми е јасно зашто ми се претстави дека живее на спрат...
Можеби не му е спремен спратот,со кујна сеуште.Можеби не планира тука да живее понатаму.Можеби е само моментална состојба.Колку години има дечкото?
Може се срамел?? Не е можно? Колку години е? 40, 50? Свесни сте дека е тешко сам да си обезбедиш живеалиште? Ти имаш стан сама спечалено? Прашај го дали засекад планира да останува таму. Може планира у иднина да си купи/напраи. Многу осудувачки пристапот ти е уше на сам старт. Доколку планира у едно сопче да глеа фамилија, сите собрани на куп, ондак мрчи му, и откачи го.
Изгледа една соба ја рачуна како спрат , како што видов на сликата имаше кревет, ТВ и маса и рече еве имам се ,овде кога реков за кујна ми рече ,доле а доле се неговите ...сега ми префрла дека не фалело ништо и дека сме гледале тоа а не каков човек бил