Според начинот на пишување, односно истите печатни грешки, мене ми личи дека ист трол си игра овде на темава од 2 различни профили
Големи очекувања имаат одредени луѓе од идниот партнер/ка, а ни пола од тоа поседуваат. За да бараме нешто од партнерот, треба најмалку тоа прво ние тоа да го поседуваме, без разлика дали е спрат, стан, кола или слично.
Не, не мора да прекинеш комуникација, ама оддалечи се малку ти(не пишувај толку прва) за да му текне и нему да пише. Ако нема никаков напор и понатаму и честотата на пораките се намалува, значи не е баш заинтересиран. Еве јас сум од тие луѓе кои можат со саати да не погледнат во пораки бидејќи едноставмо правам нешто побитно и не можам да си дозволам дистракции. Често оставам пријатели и познаници долго време да не им вратам(освен ако не е итно нормално) зашто освен зафатеност, понекогаш и од ментален умор не можам дополнително да седам и да куцам на телефон, стварно немам умствена сила. И затоа и ме нервира очекувањето дека секому мора да му вратиш на пет минути. Не, ај да го избришеме тоа преглупо непишано правило. Не сме должни да сме зависни од телефон. Е сега, кога некој стварно ми се свиѓа, а сме на почеток, нема шанси да оставам да мисли дека не сум заинтересирана и ако треба ќе пратам и некоја глупост само за да тече разговорот, да не биде awkward да вратам после пет саати. Така да во генерала кога на некој му значи да зборува до тебе, ќе најде некој начин, па макар и да ти рече ајде да збориме телефонски еднаш дневно, не ми се пишуваат пораки. Или ќе ти прати воис, или рандом слики во текот на денот, значи било што што ќе ти донесе мир и нема да осеќаш потреба да бараш совет на форум. Been there и те сфаќам, така да не избрзувај со заклучоци, но и немој да одржуваш некоја преголема надеж ако не се подобри.
Ужас. Стварно не е фер све на готово бе да се очекува. Нели индипендент, шо сеа све од муж се очекува? Шо не придонесат заеднички?
Те замолувам немој да тролаш. Сфаќааааш Два дена сте се виделе, не знаеш ни кој е, ни шо е, ниту тој тебе и одма планови за брак и семејство и живеење, мислам.. wait wait И да е вистина, можда има одделен спрат со посебна кујна и вц а да не му е спремен па не ти кажал, можда планира под кирија да живее, можда ќе сака да се отсели/те во Немачка па не сака да вложува тука, можда ќе си купи/купите стан, куќа. Тоа со тек на време се планира а не од два пати гледање.
Па добро океј е да отвори битни теми со него што поскоро, никој не е должен никому да му го губи времето. Замисли со секој што се допишува да треба по неколку месеци да чека за да отвори отворени битни теми, годините ќе и поминат. Не е океј да се приврзе за него емоционално и тек тогаш кога е веќе касно да свати дека нема намера да изградат нешто свое на страна.
Кратко се гледаат, значи се уште се во фаза на запознавање лично како персони, каде шо реално не можиш да почниш планови за нешто повеќе се додека не се запознаеш убаво со другиот. После одреден период, не предолг, се разговара за поголеми работи да се видат работите и намерите. Ама од 2-3 пати гледање, некако е прерано и пребрзо за кроење план за заедничко живеење, да зборуваме во реалноста.
Во ред е тоа што не сакаш да живееш во заедница. Тешко е да се живее во заедница, без разлика колку се океј луѓето кои таму живеат.. Ама тоа што сега живее со неговите не значи дека планира така засекогаш. И не значи дека ако утре си кликнете мора ти кај него да живееш, ако веќе ти имаш подобри услови може и кај тебе. Мислам дека треба подобро да го запознаеш, како размислува, дали би се преселил или неговиот план е да живее постојано таму.
Купете стан 40квадрати 70,000 евра плаќајте цел живот и во место каде што спиеш таму и си готвиш. Будал народ оти живеел во соба и небил спремен спратот. И да дој ден да живеете заедно можи заедно да си го допрајте спратот доколку не е допраен.
А зошто ако моментално живее со неговите, тоа во иднина не би можело да се промени? Демек уште е со неговите, готово, крај, има таму корени пуштено, нема да може (ако тргнете за озбилно) да се преселите настрана заедно? Ќе мора ти во собчето негово да одиш и да ја користиш кујната на неговите, друго решение нема? Си можела да прашаш, дали планира да остане во куќата на неговите во иднина или да се пресели, како му е планот, на пример, наместо кај му е кујната. По одговорот кај планира да живее во иднина ќе знаеш на што си. Сите во одреден период од животот сме живееле со нашите, некој се иселил после студии, некој се иселил со партнерот, некој посреќен наследил стан... муабетот ми е никој не се родил самиот во сопствен гланц нов стан. Е сега ако живее во собата кај неговите, ама никогаш не планира да мрдне од таму, ама баш некогаш- дури ни кога би имале заедно двајцата можности, тогаш скрос леџит ти е муабетот и такви стресилици не ти требаат, фаќај патот со време.
Не знам јас во какви времиња и балони живеете, ама јас дечковците што ги имав, од мои 18 до 26, сите живееле со своите родители. Значи дечковци, со години врски, не допишување со некој. Сите се сега оженети, и колку што знам, никој не живее во детската, ниту во ист стан со мајка му. O tempora, o mores
Рано е уште али додека си лежите кај него у детска под постерите, зборнете нешто за иднината, прашувај го одоколу што планира, така ќе испиташ терен и ќе сфатиш дали и на 40 ќе останете у истата соба и кревет и ќе му викаш - потивко малку, мајка ти се долу.
Без разлика дали трола членов или не, факт е дека денес маживe (секоја чест на исклучоци) сакаат princess treat! Да ги носиш, да ги враќаш дома, да им плаќаш ручек и вечера, да им даваш подароци, да им пишуваш прва, фали уште цвеќе и отварање врата од кола и сме завршиле за овој живот со џентлменство и машки манири. И шо ќе ми е маж ако се ова јас треба за негo да го правам? Ако ние како жени имаме свој дом, автомобил, сами гледаме деца, имаме убава платена работа, добра кариера.. маж како трето дете да ми е дома? Да го третирам како принцеза? Не фала. Се знае што е прав и вистински маж, како изгледа и како треба да се однесува, кои манири треба да ги поседува, а не да сака принцеза да ми глуми наместо мене, и да нема пари никогаш кафето да си го плати. Од маживе во 21 век, да фаќаме патот на друга планета ние жениве. И да не ме напаѓате, не зборам за сите мажи, ама поголемиот број се вакви, секоја чест на исклучоците што се преретки. Со среќа на жениве денес нека ни е.
Mene pa mnogu transactional mi se vakvi vrski, demek mora isto da poseduvame ako ne edniot podominanten ke bide vo smisla ima pravo da mi nareduva a ja da slusam po difolt.
Да бе, обавезно, слушање и седење у ќош ако згрешиме, сиротињи остај. Абе нема нишо да ти понуди како маж, не мора материјално ништо да е еве, манири на маж нема, уште сјајчето на уста да си го стави му фали и толку, се на готово сака да му е, а вода у очи нема.