Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Не. Туку секој да си бира [по]сличен на него.

    Фер е еден да нуди и пружа све, другиот апсолутно ништо?
     
  2. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Да зашто да не, постојат и такви комбинации и што ти значи тоа апсолутно ништо? Може на тебе од страна така да ти делува а тој/таа да го има баш она на нему/неа што и/му е потребно, може да не е материјално може да е особина/и итн.
     
    На Tam4yy, IronMom, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Машки
    Не можат се исто да поседуваат..
     
    На nextredstyle и pinklipstick им се допаѓа ова.
  4. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    168
    Некои немаат ниту материјално, ниту особини, ниту ништо, а бараат ти да имаш се. Е тие се бедата на опшествово.
     
    На UsenameNotFound, eliesaab, tsanemsit и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Не е спорно едениот ако има повеќе, но за да очекувам јас од партнерката да има стан/куќа, кола или слично треба првин јас тоа да го имам.
     
  6. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    168
    И што? Ако го поседувам јас да речеме, треба ист да барам таков или? Со среќа во потрагата нека ми биде, зошто преголем број на мажи, очекуваат да бидат третирани како жени денеска. Затоа се повеќе жени се одлучуваат сами да го поминат животот, или евентуално ако сакаат дете да си родат.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Друже. Пред да го прашувам за иднината, ми треба да проценам дали воопшто би сакала иднина со него. А за тоа треба запознавање и време.
    Бтв, никаков љубовен проблем не е предмет на дискусија во муабетов од членката.

    Оф топик. Имам колега, ќе го речам дете, има 24 години. Разбрав дека од 17 години има стажирано во фирмава. Во моментов работи, студира, и живее со неговите. Ова дете по 4 години ќе има многу подобра позиција во животот од некој што неговите му купиле стан. Пошто има 2 чисти. Just saying ;)
     
    На Tam4yy, FlirtBerry, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    20.775
    Јас едвај стасувам до неколку дејта, не па за стамбено прашање да мислам после трета средба, али секој со своите проблеми.
     
    На Waverly Raven, Nausicaa, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.510
    Допаѓања:
    138.364
    Пол:
    Женски
    Членката или трола или има траума од живот во заедница (ради расправии) кога била дете. Ако е второво нема ништо чудно во тоа уште на почеток да разбере каква му е ситуацијата на дечкото. Треба да разбере на време за да не ја зафркне после и она да си ги кине нервите.
     
    На FlirtBerry и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    20.775
    Па у СРМ срцка ако у red flags ставиш ,,живее со неговите додека одиме" онда со среќа у потрагата, 90% се со мами и тати.:bug: Постои нешто што се вика планирање заеднички живот, разговор, имаат опции за кирија, земање станбен кредит, можат да живеат и кај неа, али тоа ваљда треба да се деси откако ќе се запознаат подобро, а не после неколку недели одење. Ова му доаѓа како - здр, како си, сам живееш, ааа твоите се долу, ти си на спрат аха, кај ви е кујната, на сликиве не ти ја гледам, омг со твоите ја делиш, sry, bye, имам дечко.

    Е сеа, ако ликов ги начукал 40/50 и седи уште на спрат у детска, онда нема надеж за живот без сценарио од Народни приказни. И јас фантазирам за Скандинавец со свој простор, кој живее настрана од домашните уште од негови 25, со 20см, али сепак сме у СРМ, други се стандардите.:inlove:
     
    Последна измена: 13 март 2026
    На senza.parole, Angie1432, JustBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.049
    Допаѓања:
    8.963
    Пол:
    Машки
    Да не кажал дека има спрат, а уствари живее во детска? :wasntme:
    Мене така ми изгледа ова.

    Изгледа сака да те импресионира и да се пофали лажно.
    Ништо чудно и да ти каже дека има мерцедес џип. :lol:
     
    На Tam4yy и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  12. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
    Вака да ви кажам наместо да се расправате со прашањето кој со кого живее... земете двајцата ПРВО најдете ДОБРО ПЛАТЕНА работа, ЗАРАБОТЕТЕ, потоа или КУПЕТЕ СТАН или ИЗГРАДЕТЕ СИ СВОЈ ДОМ.. By the way еве сега општините имаат мерки за ослободување од плаќање на комуналии за млади до 40 години..
    пс. не ги полнете ЉУБОВНИТЕ ТЕМИ со СОЦИЈАЛНИ прашања..
     
    На Stark и IronMom им се допаѓа ова.
  13. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.458
    Пол:
    Женски
    Јас не би продолжила со некој кој уште на сам почеток ме лаже.
     
    На Tam4yy и UsenameNotFound им се допаѓа ова.
  14. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    168
    Ако стварно тролате и измислувате вакви приказни, стварно немате попаметна работа во животот. Бедно.
     
  15. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Машки
    Мене не ми делува како да трола, само без да знае ништо конкретно прерано суди дека ако сега живее со неговите секогаш ќе бидиде така..
    Може прерано е да размислува каде би жевееле ако останат заедно, не се венчаат утре, ама убаво е да разговара за тоа каде и како се гледа во иднина..
     
    На senjorita-v, Panda00, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  16. IronMom

    IronMom Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2026
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    168
    Ниту јас не можам сега да препознаам кој трола, ваљда тие што се подолго тука би знаеле подобро. Ама да, прерано се суди, а и многу е рано на ова да се размислува, премногу нападно е некој уште на први дејтови да го прашуваш каде планира да живее, ама па од друга страна ако не ти одговара можеш одма да прекинеш, да нема лажна надеж ни за двајцата.
     
    На senjorita-v, mom to be и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Машки
    Јас не би рекол дека е нападно, мислам и дека е потребно уште на почетокот да видиш кој какво размислување има.
    Касно е кога ќе стане веќе сериозно само тогаш сериозни теми за разговор да се отворат, мислам не уште од прв дејт да планирате заеднички живот, туку чисто онака да разговарате на битни теми.
    Бито е на почеток да се знаат многу работи за да знаеш дали би можел понатаму со тој човек или имате планови за животот сосема други. Еве не мора да е заеднички живот исто битна тема уште во фаза на запознавање ми е "дали тој/таа еден ден се гледа како родител, дали некогаш би сакал/а да има деца или повеќе сака живот без деца?", бидејќи ако едниот сака, а другиот не и за ова да се разговара дури кога е сериозна врската е премногу доцна, џабе сте си го губеле времето еден на друг..
     
    На Nausicaa, Just_a_kid, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  18. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    4.406
    Небитно трол или не, ама мене ми падна во очи неговата реакција откако го открила дека ја лаже. Према тоа тој ниту ќе се одвои некогаш од таа куќа и секогаш ќе му бодат очи жени/ски кои сакаат самостоен остварен маж, а ќе бара некоја која не би и пречело живот во заедница.
     
    На kim.k, Nausicaa, Just_a_kid и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Дечки не знам зошто толку напаѓате, да му е страв на човек да побара мислење. Па и сите тролови ги направивте.

    Јас сметам дека е позитивно што сега голем дел од младите се свесни и бегаат од живот во заедница и навреме размислуваат на тоа прашање, што е тотално валидно. Знаеме какви се не проблеми излегуваат од тој живот во заедница или по ново на спратови, цела тема имате со којзнае колку страници :)
    Mногу е добро да се размислува и разговара за тоа уште на почеток, бидејќи има мажи кои никогаш не би го напуштиле "гнездото", па од таа гледна точка зошто би си губеле време со нив кога очигледно желбите не ви се совпаѓаат.
    Единствено ќе кажам дека не треба да се донесуваат заклучоци пред да се разговара, бидејќи многу мажи на нивни 30тина години сеуште живеат со своите родители, што не значи по дифолт дека не би се одделиле, едноставно можеби дотогаш немале средства тоа да го направат. Значи без разлика на моментална ситуација, ако има слога за иднината, не гледам никаков проблем.
     
    На Tam4yy, Nausicaa, Stark и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Да точно, можел да одговори "тоа ми е можноста моментално, ама отворен сум да се преселам на страна со некоја штом сум во стабилна врска/брак" или кратко јасно "сакам да си живеам со мама и тато".

    Сите слушаме и читаме колку е тешко да се живее со свекрва, па дури и најдобра да е, мешање секогаш ќе има. Тоа се валидни стравови на една жена и еден од првите муабети што треба да се направат.
     
    На kim.k, Tam4yy, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.