Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    А зошто тој да мора да има свое живеалиште? Зошто она да нема? Тешко е, нели? Епа се се очекува на готово
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Кај реков дека тој треба да има свое живеалиште?
     
  3. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Па цело твое претходно мислење. Некој да е свесен дека во заедница не е добро и да се очекува машкото да има се две различни работи. Претпоставувам дека си ја прочитала членката па на основа на тоа напиша мислење.
     
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Тотално спротивното го кажав, не знам дали не дочитувате или едноставно не разбирате.
    Да се повторам, никаде не напишав дека се очекува од некој да има свое живеалиште. Ако напишав повели цитирај, да видам каде.
     
  5. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Најточно напишано. Дури и она да има свое, поубаво ќе биде кај мамичка плус домазет ли да оди не бива ни тоа. Значи сум го поминала ова и коментарите се тие. Грешка сте дека жените бараат на готово денес, проблемот е што мамините синчиња не можат да се одделат од мами, па ако им спомнеш се навредуваат.
     
    На kim.k, Nausicaa, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.471
    Па мислам дека со тоа што одговорил feisty:

    "никого нема да ве изеде секој си гледа својата работа" - реклама за соживот :bug:

    А и фамозното :D

    "наместо да гледате карактер и душа"

    Прилично е јасно дека човекот нема аспирации ни утре со партнерка да градат заедно нешто свое.

    And that's okay, како што е океј девојката да одбие таков живот. Секој ќе си најде тоа што си бара at the end of the day :*:
     
    На Nausicaa, MeowMeow, tsanemsit и 12 други им се допаѓа ова.
  7. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова и јас !!
    Чуено, видено.
    Здрав прав, со работа и потенцијал во себе несака од мамичка и татичко никако.
    Што ќе правеле они сами.. хахах
    Епа седи си сам со нив.
    Фала многу.
    Пријатно.
     
    На Tam4yy, Nausicaa, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  8. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.307
    Пол:
    Женски
    Никој не сака да живее во заедница.И тоа е јасно.
    Ама поентата е а членката не одговори колку години е дечкото,ако студира и има 20 21год.и отприлика,колку е изводливо да има нешто свое.Кој имал на тие години нешто свое?Освен ако не е купено од родители.
    секогаш се излегува од контекстот на примарната тема.И очекувањата се преголеми некогаш
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Машки
    Никој не кажа дека е проблем што во моментов живее со неговите туку дека е проблем ако планира постојано да живее со нив.
     
    На MeowMeow, Annora, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.307
    Пол:
    Женски
    Па јас никаде не прочитав дека тој планира нешто или не.Членката напиша не сакам да живеам во заедница(сосема легитимно).А самата членка живее во заедница со три различни генерации.И како може да се планира нешто и да се открива се по 2 3 состаноци.
     
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.830
    Пол:
    Машки
    Членката кажа дека живее сама на спрат, а под неа живеат нејзини баба и дедо. Различно е спрат од ист. Плус ако спратот е нејзин си има свое и никој не може без дозвола да и влезе. Не планира, ама битно е какво гледиште има другиот на темата заедничко живеење.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.344
    Допаѓања:
    44.476
    Проблем е што лаже, а кога го фати во лага : нападот е најдобра одбрана...
    Инаку, далеку од тоа дека сите млади во 20тите имаат спрат или стан или живеат под кирија.
    Лагата е смешно-жалосна.
     
    На FlirtBerry, TrueToMyself, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.307
    Пол:
    Женски
    Можеби јас грешно сум разбрала дека живее со нејзините.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    28.836
    Пол:
    Женски
    Многу интересен феномен е како на женетите и мажените во заедница не смееш да им зуцнеш кога се котат во децката, али на млади луѓе им се труби на 18 години да се иселат.

    Ако е нешто моментално, АМА штеди пари, гледа решенија итн океј
    Ако не мисли воопшто да се исели од таму и сака во заедница да живеете, тогаш е проблем.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Машки
    Мислам дека дечкото не те излажал намерно, за него тоа е живот на спрат, слично другар мој живее така, горе една соба, купатило и една помошна соба помала и доле јаде со неговите. Можеби штеди за стан или реновација или имаат некој договор он да плаќа сметки и допринесува за куќата и домашни обврски, или пак си живее уште во детска соба целосно зависен од неговите за се, тоа на првите неколку дејтови што сте ги имало би требало да се знае веќе, и дали ти одговара или не тоа, понатаму ти си знаеш.
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Абе она живее сама на спрат (ако разбрав точно) ама срамота е да дејтаат кај нејзе, затоа дечкото мора да има свој спрат. Туго еманципацијо(facepalm)
    После ќе читаме у ,,снаи и свекрви,, нормално... тоа е тој мајндсет.
     
    Последна измена: 13 март 2026
    На Gosh, Angie1432, Wojak и 2 други им се допаѓа ова.
  17. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    5.258
    Пол:
    Женски
    Многу рано ги гледа тие работи членката, потточно себична е ако гледаме реално.
    Никој не живее сам од почеток, сите живеат во заедница, дури има и некои што уште живеат, тоа е, така налагаат условите за живот, не секој има или може да плаќа 400/500 евра за рата за кредит за стан. Не секои родители се моќни за да помогнат да се обезбеди ново живеалиште за младите, на некои им е полесно да спремат спрат/соба.
    Да реално заедницата е малку повеќе од тешка, ама понекогаш треба да се разбере поимот немаштија!

    Да се надоврзам на темата, @Vranjanka3 ако ти гледаш некоја си условно кажано 'иднина' со дечкото можеш и да се понудиш да најдете заедничко решение. Да си кажеш дека не сакаш да живееш во заедница, да понудиш да дојде кај тебе или на крај краеви сами да си створите нешто заедничко.
    Дали под ќирија, дали ќе се земе кредит за стан, има начини, само треба да се потрудиш. Не можеш да очекуваш нешто од некој, а да не нудиш барем дел од тоа што го очекуваш. :)
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам
    Нема никаков проблем ама домот да биде ПРОДУКТ на заеднички вложен труд нека ЗАРАБОТАТ нека купат стан или нека изградат куќа и после нека бараат заеднички живот.. вака испаѓа на готово родителите ИНВЕСТИРАЛЕ а овие на готово се вселуваат..
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Шо себична па и ти, на онаа другана не и' чинеше станот у зградата немалo лифт, така да оваа е супер во однос на неа (highfive)

    Место напаѓање и советчиња да побегне од него, можеа да и' кажат да покуша да разговараат, и да дознае кои му се плановите.

    Али нашиве членови се најискусни, па унапред ја знаат секоја ситуација :)
    Истово шо го кажа членката.

    И пази не се само мажите ова замисли :tmi:

    Да бидеме пореални. Ете само тоа :)

    Ко да сакате у бајка да живеете, така ми се чини.
     
    На IronMom, Alek90 и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  20. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Wdym? :?: