А, бе, она може и да продужи со него и да не е он ич оделен. Ама, после? Многу мажи им продавале филм на жените дека ќе се иселат пред почетокот на бракот или за брзо време по потписот. Ама, не го направиле тоа и жените кукале/аат надвор и на форумов. Оти реално различен спрат пак е заедница. Истата куќа е и припаѓа на едно лице (најчесто на свекорот дур не ја препише, ако воопшто сака). Родителите на мажот ќе влегуваат и ќе се мешаат. Додека под кирија кај трета страна или дом на младите на друга адреса, нема да можат. И да пробаат можат да бидат избркани од таму и готово. Подобро е од старт типот да е тргнат или заедно со неа да тргне. Макар и под кирија. Не е лесно од финансиски аспект, ама па мирот нема цена и за него вреди да се проба.
И јас сакав животот да ми е бајка се дур не ме плесна шлаканица реалноста. Најдобронамерен совет, за да успее мажот, треба да има поддршка од жената и обратно. Овие се обострани интереси, заедничкиот живот нема потреба родителите да го решаваат, здрави, прави како што знаат да стварат фамилии, треба да знаат и сами да направат нешто за себе.
Клошар. Како бе си ги тргнала рацете па по некој пат се откажа. Гола да лежам покрај некој не значи не. Жал ми е што си имала вакво искуство.
Не се исмеваме со чистењето, туку со чистењето како исклучиво "женска" ствар. Не познавам ни една што сака да е Пепелашка. Не велам дека ги нема, туку не познавам. Особено е тажно ако место принц на коњ, пристигне само коњот. Ама за тоа прашај ги пепелашките.
Јас познавам жени што си сакаат да си чистат дома, нормално мажот нема да е за украс, ама вака како на форум што имам некое чувство дека сето е принцези и автоматско само постојат и ништо друго.
Замисли, стануваш сабајле, и прво шо ти паѓа на памет е- те обзема возбуда и ентузијазам, како со задоволство ќе си чистиш дома. Не знам зошто би било исклучиво женска привилегија таа радост.
Тие што сакаат само да си чистат дома растеле со патријархално воспитување. У превод - со испран мозок се.
Еве јас пример во среда или во недела си чистам, правмосмукалка итн, знам дека ми е обврска да исчистам и кај мене и кај татко ми, пошто тој си е мрза, си бил и останал. Нити сум воспитан така ни ништо, само се прашувам како успеал да ја убеди мајка ми на времето и да ме зачна мене и брат ми. Мене пример тоа ми е како потреба која треба да ја извршам, колку и да не ми се допаѓа. Да поминам со машина, избришам прашина, изџогирам и да треба да средам тоалетот.
Убаво. Е сега, знаеш дека има мажјаци као, што не пипаат, и пре ќе црвосаат него да исчистат дома, и затоа по секоја цена си бараат соодветна партнерка.
Мажите си мислат дека ние уживаме и рози ни цветаат кога чистиме Шо вика Биља, едвај чекаме да станеме од спиење за да чистиме Meanwhile, во една од групите Македонци во Германија на фб, наш се жали како земал за жена наша шо живеела и пораснала во Германија и го имала нивниот менталитет, и кука овој дека и он чистел, перел, готвел и седел по цел ден дома, па си прашува уште колку да чека за да си добие документи и да се разведе Изглеа од многу возбуда од чистењето чоекот бара да се разведе
Не ве мрзи вака на сред бел ден да вртите обратна психологија од Тему? Особено во држава каде 90% од жените се и мажот и жената Каде и да сакаат да се принцези, не можат, оти местото е веќе окупато. Па не знам во повеќето случаи кој само постои.
И јас си чистам. Ама не ми е сон или достигнување. секој ден само да чистам. Оти сум многу повеќе од чистачка или домаќинка. Освен што чистам, учам, работам, спортувам и тако даље.
Еве јас на пример уживам да чистам и не сум растена во патријахална фамилија. Дури и не сакам мм да ми се меша дур чистам. Нормално, тој помага во обврските, пример јас дур чистам он ручек спрема. Да, работам, шетам ама и преку ден сум со правосмукалката и марамиците за бришење на прашина! Таква сум од мала и ќе си останам, креветот дур не го постелам на кој што сум спиела не излегувам од дома! Се е до карактерот, другарка ми ужива да живее во хаос, јас не можам така, исто и мајка, мојот и нејзиниот шкаф се два разни поими!