Мажите си мислат дека ние уживаме и рози ни цветаат кога чистиме Шо вика Биља, едвај чекаме да станеме од спиење за да чистиме Meanwhile, во една од групите Македонци во Германија на фб, наш се жали како земал за жена наша шо живеела и пораснала во Германија и го имала нивниот менталитет, и кука овој дека и он чистел, перел, готвел и седел по цел ден дома, па си прашува уште колку да чека за да си добие документи и да се разведе Изглеа од многу возбуда од чистењето чоекот бара да се разведе
Не ве мрзи вака на сред бел ден да вртите обратна психологија од Тему? Особено во држава каде 90% од жените се и мажот и жената Каде и да сакаат да се принцези, не можат, оти местото е веќе окупато. Па не знам во повеќето случаи кој само постои.
И јас си чистам. Ама не ми е сон или достигнување. секој ден само да чистам. Оти сум многу повеќе од чистачка или домаќинка. Освен што чистам, учам, работам, спортувам и тако даље.
Еве јас на пример уживам да чистам и не сум растена во патријахална фамилија. Дури и не сакам мм да ми се меша дур чистам. Нормално, тој помага во обврските, пример јас дур чистам он ручек спрема. Да, работам, шетам ама и преку ден сум со правосмукалката и марамиците за бришење на прашина! Таква сум од мала и ќе си останам, креветот дур не го постелам на кој што сум спиела не излегувам од дома! Се е до карактерот, другарка ми ужива да живее во хаос, јас не можам така, исто и мајка, мојот и нејзиниот шкаф се два разни поими!
Скоро 20г живеам сам и се правам сам. Како мал и помагав на мајка ми, и сега помагам кога сум дома, ниту ми е тешко, ниту ми е срам. Некој ден кога се оженам ќе и помагам и на сопругата, колку побргу ги завршиме домашните обврски, толку повеќе ќе имаме слободно време за нас.
Едно е да сакаш да ти е чисто. А друго да сакаш да чистиш. Кој не сака да му е чисто? Освен луге со депресија тешка или сериозни психички проблеми, или хордери. Ама дека "сакам", не, не сакам, ниту ми е интересно ниту задоволство плус ако пресметам колку би заработила за тие сати ако бев на работа, многу повеќе ми се исплаќа да работам на мојата работа, а дома да платам некого. Повеќе ќе уживам така. Домот излезен како од списание е едно, чист дом е друго. Да гланцам по цел ден ми е бљак, уште пак ако маж ми си го прчи за тоа време, би полудела. Или оние жени што велат : никој како мене нема добро да ми исчисти. Уххх, браво сестро, дојди и кај мене, еве признавам дека си најдобра од сите.. Само спаси ме од досадиве досадни повторувачки предосадни.
Дааааа скрозз, неплатениот домашен труд кој најчесто паѓа на жената и е предмет на дискусии и реформи со години наеднаш не постои како општествен проблем зашто на некоја од вас педантноста ѝ е вродена карактеристика.
Да сигурно има луѓе што уживаат додека чистата, ама никој не ужива цел товар од домашните работи да му паднат на грб и да се осеќа виновно ако нешто не е исчистено, средено... И не ако некој мрази да чисти не е лоша жена и не сака автоматски само да одмара и ужива, едноставно не сака тоа да го работи.. Домот е заедница и мажот и жената имаат иста одговорност и кон домашните работи и децата, не е жената должна се сама. Маж е лош маж дури и ако само помага, помагаш на странец, дома ти е обврска и ти живееш таму и ти јадеш од тие чинии и твои алиш се валкани и ти дишеш од прашината ако не е избришана..
Многу чистам,и сакам секогаш да ми е чисто. Па не дај боже да ми се најават гости во текот на денот,абе куќата ја превртувам Дали е некое пореметување или не, не знам! Битно знам дека ќе се мрднам од чистење,перење,пеглање....
Абе да, вродена карактеристика. Уште кога се родила, сама пелени си менувала Не постои такво нешто. Чистам, да, јер за разлика од Дентина не ми е платена работата по сат. Иначе ќе чистев, ко ќе си го видев тилот. Тоа е мојот начин да се заштеди нешто. За големи чистења викав една комшика, таа со мажот и под рака, сложно чистеа прозори и гланцаа патос. Никаква врска нема чистењето ни со пол, ни со љубов, ни со талент. Работа ко секоја друга, за оваа конкретно само раце и нозе ти требаат.
Да нормално, никој не ужива да чисти прозори или вц, сигурна сум во тоа. Ама еве една искоментирала како не искачала од дома без да си го намести креветот и ја нервирал неред. Супер, и јас сум таква, само шо е последно нешто што е битно да се спомне кога збориме за толку распространет проблем - поделба на домашни обврски. Мислам who cares.
И мене не ми е биљо, на процент е . Aма и за селари'д ваљда делиш бруто или нето со број на работни часови и та-дам. Проблемот е овде агенциите ги дерат тие што чистат ако не е на црно, па бедак се платени, и затоа не се претргнуваат. Ама како што кажав: чисто, а не од подот да лижеш и стерилно да биде и на корнизите и ролетните и чорапите испеглани... Нали. Тоа е повеќе психолошка тактика за да почне денот, наместен кревет : прв успех, 1:0 за тебе. Има денови кога ќе излетам од дома на брзина ако до доцна сум спиела, па кога се враќам го местам. Маж ми никогаш не пропушта веднаш кога стане да намести ако е празен креветот. Мене прва мисла ми е : кафее.. Исто на масичка до кревет имам наредени неколку книги што тековно ги читам што ако беа каде што седат сите други, ќе беше понаредено, ама ќе ми беше мачно да ги земам навечер и ќе штракав на телефон место нив. Веројатно дека работата ми бара строга хигиена и ред насекаде мора да има за да тече без киксови и нервози, дома сакам да ми е поопуштено. Шо не значи дека гнасотии ќе собирам, ама познавам женски особи што тврдат дека секој ден, ама секој ден генералка прават на купатилото и тоалетот. Не обично пребришување и дезинфекција или туш кабина бришење од капки. Туку детално чистење плочки секој ден и се' од корен во купатило, вц, и кујна. Не фала. Се надевам дека лаже. Не и' го имам видено купатилото, веројатно комотно може да ручаш на подот без чинии, и тодлерот да си лижнува и грицнува кај стигне. Таа е убедена на пример дека секој ден треба се' да исчисти, и плус веројатно ги пегла и чорапите како што исто сум чула од некои женски особи. Ама не се замарав да прашам, едноставно не се кликнувам со толкава педантерија, и се чудам дали има денот за нив повеќе часа. И не дај боже ако имаат миленик што ќе му прават.
Никогаш не разбрав кое фајде е да ти е до тој степен чисто ако плуќата и кожата ти се 24/7 во контакт со хемикалии? Немој прашинка да вдишеш, ама средствата поздрави се, нема грешка.
Нема врска хороскопот, јас сум дупла девица, па мразам да чистам. Го правам тоа од што морам, не од што сакам. Порано бев опседната секој викенд да чистиме по дома сите место да го искористиме за квалитетно поминато заедничко време. Шуќур со време ми дојде памет дека од чистење спомени нема. Па си чистиме преку недела. Кој кога стигне и што може во моментот, зависно од обврските што ги имаме преку ден. Е се'уште алиштата се само моја обврска, ама другото, секој си има задачи и си ги завршува.