Ве молам за мислење. Со еден дечко сме уште напочеток, бевме излезени и нешто гледаше на колата се извалка со уље или нешто друго, не знам конкретно, и ми побара влажни марамици или палома, му велам не носам ништо, и ми рече де бе девојче си како може да не носиш такви работи туу ѓубре, вајда беше нервозен заради колата. Јас шокирана не ми се веруваше дека така ме нарече. После му реков како можеше така да ми речеш ми рече абе зафрканција беше не се фаќај ти толку за ситници одма. Јас не се осетив убаво. Не знам што да мислам за дечково. Дали е нешто ова red flag? Не знам што да очекувам понатаму. Дали да продолжам со него или да се оддалечувам. Дали преувеличувам само пошто е првпат вака ама па и не се знаеме нешто многу. А вака до сега делуваше фино, доста се потруди за Валентајн, за 8ми март.
@Aminka Според мене, Да, црвено знаменце е. Како партнерот се однесува со тебе кога е изнервиран, лут или при конфликт е далеку поважно од тоа колку фин бил за Валентајн. Валентајн и 8-ми март се планирани моменти. Секој може да биде перформативно фин кога сè е убаво и scripted. Ситуацијата со колата е непланиран момент и многу повеќе открива за неговиот карактер и почитта кон тебе. A Валентајн не ја брише непочитта. Мислам, ако уште на почеток те навредува и ти ги минимизира чувствата, најверојатно подоцна нема да е ништо подобро
Малокурецов повеќе колата ќе ја цени искрено, штом ради неа те нарекол ,,ѓубре". Овој штом на почеток е со краток фитиљ, после ќе биде бетер. Или батали го или следен пат носи си средство за чистење у ташна, за скандал Дивата да не вреѓа луѓе пошто клиото му се измачкало со уљенце.
Еднаш реков и ќе речам пак- како партнерот реагира во лутина према вас, кажува колку ве цени. Затоа никад не паѓајте на манипулации од типот ама лут беше ама не знам што.
Сите сме лути, нервозни, имаме проблеми но не ги навредуваме луѓето окулу нас, а и никој не заслужува. Мораш повеќе да се цениш и не дозволувај повеќе никој да те навредува. Red flag во секој случај мене повеќе не би ме видел.
Прво за толку ситна работа толку лутина е претерано. Ти треба се да носиш со тебе затоа што си женско во случај да не му притреба? Ако мора ти да носиш марамчиња затоа што си женско и во кола се носи крпа, кај му била? А и да си ја исфрла лутината на тебе е ред флег.
Импулсивен и нервозен е и веројатно ја сака многу колата, пази да не ја удриш посилно вратата па да ти искара се до трето колено. Ако сакаш тип што е хард кор по коли и тоа му е на прво место, оди со овој, ако не, прекини.
Огромно црвено знаме е! Сите можат да се изнервираат, но не сите навредуваат. Бегај подалеку од него.
Не е во ред ама ич не е да ти се обраќа така со навреди, макар и ако бил изнервиран. Едно е нервоза за колата, друго е да навредиш некого ни крив ни должен, особено девојка. Фактички со тоа шо ти рекол "туу ѓубре" те навредил. Ако постојано вака ти се обраќа со навреди во иднина и а не си го смени односот, време е да размислиш за понатаму дали ќе продожиш и ќе бидеш мета на идни навреди.
@Aminka Да надополнам, Како партнерот те третира на роденденот и посебни пригоди како Валентајн е исто така апсолутно важно. Но, тоа треба да е црешата на шлагот, а не целиот шлаг. И тоа не треба да те буни, да го користиш како позитивни поени да оправдаш непочит. Aka клучот е конзистентото однесување 365 дена во годината. Во текот на целата година треба да се чувствуваш сакано и почитувано, па дури и кога се карате. А посебните денови да се само плус - екстра најс, а не единственото најс во целата врска
Ова воопшто не ти е зрело размислување мила Нина, ти ги прочитав мислењата и здрава, права, образована млада личност пред кој е целиот живот вака ниско да падне и да седи со некого за да заштеди неможам да разберам. Искрено жал ми е за тебе оди барај си го чарето под кирија за да не ти падне круната и да бидеш нечива хигеничарка како што и сама напиша низ постовите. Од друга страна гледам и добро по космо си пазарела и машки и женски скапички парфемчиња, па ме интересира на таа сметка од 15 илјади и кусур денари ти ја плати или дечкото кај кого седиш за да заштедиш и купиш машина од 40000денари? Пс. Ако сакаша да ми дадеш инфо каква е таа машина и дали е практична дали таа сама ги пере, суши дипли и мести во шкаф? Да, против сум секакво малтретирање на жените не сум фемино мрзец но овде во оваа ситуација што ја исчитав од твоето излагање ни најмалку не е фер спрема момчето... ова твоето ми личи повеќе на спонзорство, едноставно можеш да му кажеш каква е ситуацијата па ако се смилува да те остави да седиш кај него (ако веќе е тоа негов личен стан) за да заштедиш и да си ја оствариш целта. Немој да злоупотребуваш никого во животот еден ден сите плаќаме за сбоите поатапки и грешки размислувај малку и на тоа. Ти посакувам многу среќа со уредувањето на твојот стан и што побргу да фатиш штрафте од кај момчето и да не бидеш хигиеничарка. Подобро во празен стан отколку спонзоруша
Run. Ако се изнервирал за јебена кола и те навредил, утре за посериозни работи ќе се однесува полошо. Ретко носам со мене, никогаш ме нема навредено, ствар на култура е тоа, овој тоа го нема.
Се запознав со еден тип со кој излеговме 2 пати на дејт и се договоривме кога ќе си дојде од странство да се дружиме и запознаваме т.е. јас му го кажав тоа. Вечерва ми праќа едно видео како двајца се гушкаат , и јас нешто уз муабет му реков - " уште да се заљубам и да си најдам партнер" , и он ми вика -"јас", јас му одговарам- "може". И он ми вика -" се заљуби во мене или треба уште ?". По мое, по разговорот ми се чини дека намерно ја смени темата ( со муабетот " се заљуби во мене или треба уште"), наместо да каже - "значи заедно сме веќе "( да потврдевме). Што мислите дали ја смени темата? Се си мислам дека ме чува како опција.
Да, за истиот се работи, и намерно му пишав така за да поттикнам на таков муабет и да видам што ќе одговори.
Сеа како сте со комуникацијата? Не глеам нишо лошо во тоа со видеото, ама не си требала така да му кажеш.. Двосмислено е некако. Вајда не чита мисли да знае дека го тестираш. Дај време малце, види како ќе се одвиваат работите. Интерес покажува ли?
@Leptirka98 Тој ти праќа романтично видео од пар, ти му велиш "уште да се заљубам и да си најдам партнер", Па кој овде кого држи во опција in that case? Инаку, немате основна нормална комуникација, ниту поврзаност. Сте биле само на 2 дејта. Што ќе потврдувате дио мио? Ви фалат уште уплатници чедо Божјо