Не ми остава впечаток како да е нешто многу заинтересиран, во последно време само некои видеа ми праќа со смешки или нешто др., или слики од какво му е таму кај шета што купува. Не сме направиле асален муабет. Изгледа тоа другото му е поинтересно..чист информативен разговор.
Не му пишувај некое време, не ќе играте брканица, ако е заинтересиран нека биде отворен ,или биди ти отворена и стави ги сите карти на маса.Што имаш да изгубиш?
Што повеќе од тоа треба да се запознаваме, излеговме 2 пати , пишуваме подолг период, и шо повеќе? Човек го запознаваш подобро кога ќе бидеш во врска со него, а не само од кафе пиење и муабетење.
Мене реално муабетот ми е глуп и малку детски. Овде ми стои дека ти очајно си бараш внимание. По колку години сте?
Па ако така размислуваш прекини комуникација.Нема потреба да го наведуваш на нешто и да прашуваш нешто што веќе го знаеш.
+ Во право си, дури и превише сте се запознале, само печат од општината ви треба во овој случај I mean Мислам дека тебе ти се свиѓа идејата за него и идејата да си во врска, врска како етикета. Но, бидувањето официјални нема да го реши магично постоечкиот проблем со комуникација
И јас мислам дека тоа е култура, начин на изразување, веројатно дома така си се викаат, па му е навлезено. Со сите што ми дадоа одговор се согласувам, во право се, но си викам дали да пресечам, еднаш е, ако разговараме, дека ќе се поправи. Од друга страна да не завлеземе повеќе после, па да се зезнам и да речам се знаеше исходот, уште напочетокот имаше знаци...
@Aminka Ние не можеме да ти забраниме да си или да не си со него, одлуката си е сосема твоја. Но, треба да бидеш свесна дека со тоа што прифаќаме да толерираме, ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас. Ова е за жал реалноста. Исто така, пробуваш да ја рационализираш ситуацијата со тоа дека било еднаш. Но, не е само еднаш или само еден збор, туку отсуство да преземе одговорност зад своите постапки, не се извинува, ти ги минимизира чувствата, вината ја префрла на тебе, вреѓа кога е изнервиран. Вакви особини нема магично да исчезнат во долга врска или брак. Но, мислам дека со тоа што самата размислуваш во смисла што ако го игнорираш ова, а зажалиш подоцна, длабоко во себе веќе чувствуваш дека something's off
Која е тајната да се сум многу пасивна и да не инвестирам премногу? Не сум го научила тоа сеуште, еден ден мислам дека ако не превземам нешто ќе останам сама засекогаш, друг ден мислам дека ако инвестирам многу (не знам дали е многу тоа што го правам) дека ги учам така луѓето и си одат пребрзо зошто ме гледаат како сигурна и неинтересна опција.
Биди она што си,ако си човек кој се вложува во луѓе што ти значат и ги цениш, тоа не се менува. Ама ако гледаш дека едноставно тоа што го вложуваш не ти се враќа на соодветен начин, не мора да значи исто дека ќе се враќа, тогаш го оставаш. Едноставно ќе процениш ситуацијата во која што си. Не мораш да си пасивен.Отоврено постави ги своите граници
Не ја знам конкретната ситуација, ама се се базира на тоа што бараш во некого ,дали тоа нешто го нуди и го поседува и дали тебе ти е доволно. Ако се работи за партнер се гледаат сите работи на почеток.Од нас зависи дали сакаме да ги видиме или ќе ги занемариме ,па подоцна ќе станат проблем. Луѓето не се менуваат, не можат долго да глумат и вообичаено сите red flags се гледаат на самиот почеток
Срамежлива и мислев дека треба се да направи другата страна, а јас само да чекам и да земам што ми се сервиеа па со тоа однесвање дадов погрешни знаци дека не сум заинтересирана. Тоа беше во минатото
Не, не мора да имаш ознака врска за да запознаеш некого подобро. Мислам дека повеќе се замараш да бидеш во врска и да кажеш дека имаш дечко, отколку да се запознаете со некого. Само два дејта плус сега живот на далечина, тоа не е врска туку сѐ уште рани фази на дејтинг. Мислам, дури и да ставиш етикета врска, пак ништо не ти менува зашо он е таму ти тука...
Како не менува ништо..може ме чува како резерва. Од една страна ветува дружење кога ќе си дојде, одење на одмор заедно, запознавање со неговите родители, планирање на заедничка иднина и сл, а од друга страна ми се чини како намерно да ја смени темата кога стана муабет да бидеме партнери. Која е неговата поента? Штом така направи нема што повеќе да комуницирам со него јас мислам, или ќе бидеме заедно уште од сега или толку. А да бидам нечија резерва, фала, Не.
Леле како ти работи мозокот, ај земи здив и одмори малку. Моментално сте на далечина, што би требало да направи според тебе? Ситуацијата е таква ко што е да не може да се однесувате како во нормална врска. Плус, пораката со рилот што си му ја пратила е многу детска и двосмислена, ти сакаш да ти чита мисли и да го каже тоа што го очекуваш.