Си сакала се на тацна. Ама добро што си се освестила на време. Биди послободна во разговорите, поотворена, покомуникативна, подружељубива, секогаш насмеана, ведра, средена, убава и ќе си се наместат коцките.
Тоа и го правам сега ама од друга страна како премногу да сум отворена делувам, после прв-втор дејт јас сакам конзистента комуникација и очекувам многу побрзо да се развиваат работите па се разочарувам ако не е така
Тоа се само зборови, може да ти каже:да во врска сме, не си ми резерва, а во суштина да биде дека си му резерва, зборовите не значат ништо ако не се поткрпени со дела.Во случајов и не можат да бидат поткрепени на друг начин ,бидејќи физички не гравитирате на исто место,за да гледаш како се развива вашата врска, во која било насока. Што ти менува ако ти рече заедно сме, а таму може пак да си прави како што сака или онака како што си замислил. Ако ме разбираш...
Треба баланс да си напрњвиш. Не иде па и да си премногу отворена со луѓето, затоа што некои го искористуваат тоа за лоши намени. Затоа ти викам, држи си баланс и обиди се да процениш кој е за тебе. Не влетувај одма во врска, туку дај си малку време за да го истражиш човекот.
Секое утро кога одам на работа многу често среќавам еден дечко кој изгледа работи во близина. Пред неколку дена ме застана на улица и ме праша како се викам и кај работам. И јас немаше како па му се претставив. Вчера седам на работа ( сама сум ) и кога слушам некој ми тропа на врата, тоа тој дечкото да ти бил, како ме нашол вака одма не знам.. се насмеа и ми вика само да те поздравам. Не ли е малку манијачки?
Да. Не ве научиле дека не се кажуваат информации на непознати? Чудно ми е како непознат лик те прашува, а ти ко од пушка све си му изрецитирала.
Може јас гледам многу романтични филмови, ама прва помисла ми дојде дека му се допаѓаш на дечкото, сакал да дознае која си, па те застанал на улица. И најверојатно сака да продолжи комуникација ама нема никаков контакт од тебе, па дошол на работа.
Не е дека давам информации на баш непознати, дечкото ми е познат на фаца од ученичките денови и од секогаш сме имале едно Здраво, само не знаев ништо за него.
Со ова го ублажуваш „манијачкото“ однесување, не знам што совет бараш. Сама си се претставила на скроз непознат (ова де, познат лик), не знам што си очекувала поразлично. Сама одлучи дали ти е познат или непознат, или може тоа зависи како он ќе се покаже? Некогаш стварно не размислувате на зборчето безбедност.
Се допишувам со еден, неколку пати и се видовме. Сабајле пред да оди на работа ми пиша здраво како си и јас му вратив, кога се уклучи тој покасно не ми ја отвори пораката, си реков ај на работа е зафатен е, но и кога си дојде не отвараше, при што јас му пишав повторно...ми одговори но муабетот траеше 5 мин и ме остави на сеен. Што му е филмот ??
Ако не сака ништо повеќе , зошто воопшто ми пишува па не враќа. Кога не сакам нешто воопшто и не пишувам некому.
@Devojkata55 Најдобро прашај го него директно, ние не можеме да знаеме зошто и што. Секако сабалјето прв ти пишал. Може во меѓувреме имал некој проблем и подоцна едноставно бил лошо расположен
Можеби има живот надвор од телефонот (ај гес), па веројатно не е расположен и не му е до муабет... Види колку ќе трае па ако се врати на старо значи било нешто минливо, ако не, животот продолжува.