Здраво девојки Имам брат кој е предобар, но ете досега немал среќа во љубовта. Многу е срамежлив, а добрината му е безкрајна. Ако има некоја девојка од 20-25 години за сериозна врска би ми било драго ако ме контактирате во порака, ќе ви испратам и слика ако сакате таму
А зошто ти му бараш девојка, ако е срамежлив сигурно не е глуп, може не нашол ни една која би му одговарала. Дури и да најдеш ти од кај знаеш дека би си кликнале?
@Angelllla Дали ова тој сам ти го побара или на своја рака оперираш? Инаку, не е спорно што е срамежлив, секој е различен. Но, решението не е ова. Многу подобро е пример да го вклучиш во излегување со тебе во друштво со другари и другарки, на собиранки, забавни активности и сл. Односно, ќе се опушти повеќе со нормална социјализација, па девојката и љубовта природно ќе дојдат
Излегувам со еден тип се супер убав впечаток ми остава, ама сеуште не сме во врска. Мене лично ми е многу убав целосно и карактер и изглед и ми е стварно чудно како имал само 3 девојки досега, притоа и ми спомна дека не знаел сеуште какво е чувството да спиеш со жена. Зарем е можно на 38 год??? Ова баш ме кочи да продолжам со него понатаму. Се прашувам некој проблем да не има со него. Што мислите?
Си дала информации на демнач и манијак. Што ако го знаеш од ученичките денови, луѓето некогаш се менуваат и на полошо со текот на годините. Ако продолжи вака да ти се појавува, кажи на твој претпоставен и по потреба на полицијата. Леле, бе. Ти си трета со ваков проблем за краток период. Не е заинтересиран за тебе. Веројатно си му само опција.
Проблем ако е женкар, проблем ако не е. Можеби бил во долги врски. Ако ти се допаѓа дај му шанса, ако не кажи му и не си го троши ниту твоето време, ниту неговото.
Не знам што му бил проблемот, може едноставно не успеал да најде некоја која што ќе му одговара, секој со својота среќа. А и да бил во долга врска може таа што била со него едноставно не сакала.. Разговарај види каков е па после донеси заклучок, прашај го колку му траеле врските, која била причината што раскинале...
Изгледа не може да најде, не знам, стално напоменува како бил разочаран во љубовта порано и вели дека е многу осамен оти нема жена и деца, и јас повеќе се осеќам како да излегува со мене заради тоа што сум жена а не оти стварно му се допаѓам.
@Elenadjalo Пред 2 месеци прашуваше за истото. Дека на повеќе пишувал, ама единствено ти си му одговорила. Штом од тогаш впечатокот ти е ист и воопшто не се променил, move on
А ти што чуствуваш кон него,какви се твоите намери.Сериозна врска?Нормално е да се осеќа осамен,голем дел на тие години сакаат веќе да имаат жена,деца.Те брза во нешто?
Мене ме копка тоа што сеуште не спиел со жена на овие години не ми е ова нормално, да не има некој проблем. Немам сеуште чувства ама ептен се приврзав за него, по цел ден гледам во тел и очекувам пораки од него. Не ме брза тој за ништо, не спомнал ни за врска, и се си мислам да се повлечам од него ако му е стало ке иницира нешто повеќе.
А да го прашаш и да разговарате отворено? Не е мал па да крие ако има некој проблем. Комуникацијата е клуч за се.
Го прашав директно да не има некој проблем, и изгледа се налути таков впечаток ми остави. Ако беше заинтересиран немаше да се лути за глупости. Гајле ми е.
Чудно, непознат те среќава , те прашува по име и кај работиш. Очигледно тој лик знае отприлика да проценти кај се движиш и ти го демне чекорот.Не да е манијачки, ептен крипи. И ова не се премолчува, туку се пријавува во полиција Никако информации на рандом непознат што го среќаваш на улица! Колку тој да изгледа ,,фино"...