Изгледа не може да најде, не знам, стално напоменува како бил разочаран во љубовта порано и вели дека е многу осамен оти нема жена и деца, и јас повеќе се осеќам како да излегува со мене заради тоа што сум жена а не оти стварно му се допаѓам.
@Elenadjalo Пред 2 месеци прашуваше за истото. Дека на повеќе пишувал, ама единствено ти си му одговорила. Штом од тогаш впечатокот ти е ист и воопшто не се променил, move on
А ти што чуствуваш кон него,какви се твоите намери.Сериозна врска?Нормално е да се осеќа осамен,голем дел на тие години сакаат веќе да имаат жена,деца.Те брза во нешто?
Мене ме копка тоа што сеуште не спиел со жена на овие години не ми е ова нормално, да не има некој проблем. Немам сеуште чувства ама ептен се приврзав за него, по цел ден гледам во тел и очекувам пораки од него. Не ме брза тој за ништо, не спомнал ни за врска, и се си мислам да се повлечам од него ако му е стало ке иницира нешто повеќе.
А да го прашаш и да разговарате отворено? Не е мал па да крие ако има некој проблем. Комуникацијата е клуч за се.
Го прашав директно да не има некој проблем, и изгледа се налути таков впечаток ми остави. Ако беше заинтересиран немаше да се лути за глупости. Гајле ми е.
Чудно, непознат те среќава , те прашува по име и кај работиш. Очигледно тој лик знае отприлика да проценти кај се движиш и ти го демне чекорот.Не да е манијачки, ептен крипи. И ова не се премолчува, туку се пријавува во полиција Никако информации на рандом непознат што го среќаваш на улица! Колку тој да изгледа ,,фино"...
Не знам до што е… дали е до мене, дали едноставно не треба да биде, ама никако не ми тргнува во љубовта! Никако некој да ми понуди врска… имам 24 години и досега сум имала само еднаш врска, на 16 години. Од тогаш па наваму ништо. Не дека не ми се пуштаат машки и сето тоа, излегував со преубави и презгодни машки но ме бараа само за во кола и за секс а јас искрено не сакав, ми се смачи веќе од тоа… и еве секогаш заминуваат без да ми кажат збор значи едноставно ги снемува, престануваат да враќаат, да пишуваат и толку. Јас искрено не знам веќе што да правам ама не ми оди, секогаш ми тргнува наопаку. Баш пред два дена ми пропадна можност за многу убава љубов, се надевав ама ништо, го снема без збор… полека ме обзема очај…
@Herraa Според мене, Како била можност за многу убава љубов, ако те оставил и исчезнал без збор? Мислам дека you need to slow down. Ама најозбилно. Мораш да се фокусираш на себе, да поработиш на стандардите и да изградиш живот кој нема да ти се врти околу машкото внимание и валидација. Престани да им бидеш толку достапна. Само тогаш ќе си среќна, здраво-исполнета и ќе наидеш на оној кој е за тебе. Моментално си хипер фокусирана, на машки и имање врска како концепт, а тоа само резултира со очајност, дека готово крај е на 24 и мислење дека секој кој ќе го сретнеш е тој - тој. Ваквиот начин на размислување може да те доведе во врска - но со супер погрешен човек. А тоа верувај не го сакаш
Од сега планирам колку и да е убав некој веќе да не му враќам, барем да не почнувам ништо за на крај да не останам пак вака повредена, добро велиш ти, да не им бидам толку достапна. А како да изградам таков живот кога еве сето ми се уништува… што и да почнам и со кого и да почнам не бидува…
Тие што сте во врска, ама живеете одделно, ме занима каков однос негувате со фамилијата на дечкото? Со будуќи свекори, золви и девери? Ние за месец почнуваме заедно да живееме, за брак не сме одлучиле, здравје понатаму, а и не ни се брза. Од страна на негова фамилија, тие што сум ги запознала сум убаво прифатена. Он инаку е единец, неговите се разведени така да мајка му му е од најблиска фамилија. Со женичкава сме стварно океј, си ја поштувам и сакам, искрено. Ме занима дали имате класично само повремено иди ми - дојди ми на ручек и колку често, или и вие индивидуално се слушате и гледате со нив? Језда нема правилен одговор али ете, сакам да видам мислења.
@Herraa Само оти некој е убав и ти напишал здраво, не трчи предвреме дека е тоа-тоа и натаму да градиш фантазија врз основа на ништо. Вака самата се местиш за разочарување и полошо си правиш. За некој да ти биде потенцијален партнер, потребно е да биде конзистентен, да те почитува, да ти ги почитува границите, да не исчезнува, да не игра игри. Да биде постојан и докажан со дела. А тоа некој ќе го стори само кога ти прва ќе започнеш себеси вака да се третираш, да се почитуваш себеси. Бидејќи како што зрачиме, така привлекуваме. Тоа што толерираш им е знак дека тоа и го прифаќаш. Ете на ова фокусирај се да го поправиш кај себе. Да се сакаш, да се почитуваш. Потоа и да си го окупираш времето и умот со работа, хоби, активности, вежбање
Малку повеќе е шизофрено. Валда пишал порака по грешка кај тебе. Можно е да сте повеќе во инбокс (директна сум, но батали го) Знам неколку машки и женски во триесетите што немале сериозна врска не ни спиеле со некој. Прекрасни луѓе се ама срамежливи, сами си праат бариери. Така да, не мора да значи дека не е океј. Ако ти делува фино дај му шанса.
Јас 1г живеев оделено како дечко и девојка и 1г живеевме оделено кога се веривме. Дури после регистрација во матично почнавме да живееме заедно, т.е немавме пробен брак. Јас немав некое си недоразбирање со нив, важно ми беше што немав притисок како вереница да живеам таму со нив дур станот ни се спремаше. Не сакав да сум со нив пошто си сакав приватност. Инаку како однос имаме супер однос, еден период кога и да се јавев да ја слушнам нон стоп ми ја пееше ќерка и и спомнав на 2/3 пати дека не и се јавувам да слушам како е ќерка и, туку неа и престана. Не можам да се пожалам до толку, секогаш гледаат со свекорот да ми погодат, какво јадење сакам, што сакам, што пијам итн. Еден период имав исто недоразбирање со свекорот, не расправија туку ме убедуваше да го убедам мм да останеме во МК да живееме па не го сторив тоа, си отидовме, па ми се налути, па сам се одлути и така. Со золвата не сум во ок односи пошто е многу од корист, се гледа да искористи нешто од сите особено од брат и и тоа мене страшно ме нервираше, па од кога отидовме на страна се повлече, сфати дека брат и има негова фамилија. Инаку во глобала, со сите сум во супер односи, ги почитувам, ме почитуваат што е најважно.
Не е љубовен проблем, ама ќе пишам тука затоа што е во тој контекст и сум под стрес. Другарка која инаку живее во друг град и ретко се видуваме, ми се јави и ми кажа дека денеска дечко и се иселил и дека раскинале пред некој ден. Јас ја прашав што, како, ама многу малку ми се отвори само рече дека е тажна. Јас се чувствувам дека направив се погрешно, не знаев што да кажам и почнував да зборам за мои искуства со раскинувања, дека е нормално да и е тешко, но дека многу ќе порасне после ова искуство. Осетив дека е погрешен пристап и дека ја изнервирав. Глупо ми е да прашувам како да ја утешам другарка ми, но ако имате совет како да допрам до ваков карактер би била благодарна. Обично во вакви ситуации личноста се отвара сама и зборува што, како било, а јас појма немам што им се дешавало последни месец дена. Инаку е многу осетлива на критики за врската, не сака да слушне ништо во контекст дека не се еден за друг и дека е правилна одлука, така да и таква утеха пада во вода.
Само кажи и дека многу ја сакаш, дека знаеш колку и е тешко и дека си тука за неа 24/7. Можеш и да ја викнеш кај тебе на некој ден и да се дружите во живо, така би ја расположила најмногу. Не знаеш што им се случило, до детал врската си ја знаат само тие, така да немој да и долеваш сол и да почнеш да го напаѓаш типот.
Најубаво би било кога ќе бидеш слободна да отидеш кај неа или да ја викнеш кај тебе. Така многу по лесно би се отворила отколку преку телефон. Тешко се отвараат такви карактери преку жица. Во живо е многу по друго, сама ќе ти се отвори.
Доволно е да бидеш покрај неа, да и покажеш дека не е сама. Викни ја на кафе муабетете за било што, правете нешто заедно како и секогаш.. Не ја прашувај и не и отварај тема за раскинувањето и врски пушти ја ако осети дека сака да ти каже нека ти каже... Доволно е да не се осети сама..
Најискрен совет, близина не ти треба многу. Да се почитувате, одвреме-навреме кафе, ама пак, на (културна, политичка) дистанца.
Заедно живееме ама сами. Си честитаме празници и родендени со неговите и некогаш додека зборуваат на камера со него може да се вклучам во некој разговор ама поретко.