Првиот пат тој плати, се затрча ја скенира. Вториот пат јас инсистирав и платив ама нема везе, пак си ја зеде тој.
Хехе не можи од прв пат никој никого да сака иако ми рече дека ме сакал Ама дефинитвно едно од најглупите работи, маж да се затрча на прв дејт да скенира
Аха, те сака ама те сака за дома да се затворите, да штедите и да се мачите заедно Одмор? Шо е тоа Охрид?
Жалам за другарка ти и посакувам многу сила Емпатична си многу и внимателнаи тоа е многу убава особина.Нормално е да се чувствуваш така, но не си направила ништо лошо, не си ја навредила па да се извинуваш кој знае колкуСамо ако не сака да се отвара, повлечи се. Има време за се, еден ден ќе ти каже што навистина се случило. Имам прашање: Како осети дека се изнервирала? По што? Прашај ја, и да се изнервирала тоа е поради нејзината ситуација и нема никаква врска со тебе. Можеш да и пишеш: Што и да ги треба тука сум или ако треба муабет тука сум.
Каква шпанска серија е ова?! Излегуваш на пиење со женет човек кој почесто е во кафана отколку дома, а ти смета што ги собира фискалните???
Со женет човек? Од газо си ги вадиш муабети? Реков само дека познавам ОЖЕНЕТИ мажи кои прво на жената им ги даваат фискалните за скенирање, не дека овај беше женет. Шпанска серија си, оргинал
Нема лошо ништо во тоа што скенира сметки. Ама ред флег е ако ја грабнал и истрчал за сметката како што велиш. Културно е да праша "Дали скенираш и ти и дали би ти било проблем јас да ја скенирам? ". Не само на дејт и со друштво да си културно е да се праша дали и некој друг скенира па да се дог кој да ја скенира.
Па немам ни јас проблем ако скенира, туку одма уште не дојдена сметката без муабет одма за камера се фати
@Youknow Можеби непопуларно мислење, Ама мислам дека Фејсбук е одличен од тој аспект. Таму по коментари ич не се кријат (валјда мислат никој не може да види или не сфаќаат дека нешто споделиле на ѕид со се коментарот) и таман убаво можеш да видиш кој каков е навистина. И млади и стари Па како за превентива некоја ако мисли дека налетала на некој принц, супер е за отварање на очи А и општо да не ги преценуваме многу луѓето само оти имаат убаво уредени или семејно-религиозни слики
Дали со некој, со кој не сте во врска уште би му признале чувства, во смисол дека ви е стално во мисли и сл. Чувствувам потреба да му го кажам тоа, а и со надеж дека со тоа може ќе иницирам да дојде до нешто повеќе меѓу нас.. Или сепак да не се глупирам? Што мислите?
Јас не би одела така со клизачи дека ми е постојано во мисли и сл. Но ако ми се допаѓа некој и имам вајб од другата страна дека можеби исто се чувствува, би признала дека ми се допаѓа, зошто да не. Зависи каков ви е односот сепак. Но ако навистина сакаш и ти тежи тоа, нема штета да признаеш, ќе знаеш на што си.
Ова зависи од тоа дали тој некој е слободен човек. Ако не е слободен, стој на страна и не кажувај ништо. Ако не знаеш за неговиот статус, тогаш прво обиди се да дознаеш одоколу. Ако знаеш дека е слободен, полека флертувај пред да му признаеш. Не смееш да улетуваш со признание, ќе испаднеш нападна.
@jasjasjas3 На мажите не им се потребни признанија за да одлучат дека сакаат нешто повеќе. Ако те сака и посакува, тој ќе го знае тоа, а и тебе ќе ти даде до знаење, trust me Попаметно, step back и остави простор тој да иницира повеќе. Ако веќе сакаш, можеш да кажеш нешто во смисла, ми се свиѓа енергијата меѓу нас. Без пребрзо и премногу да признаваш длабоки чувства. Воедно, дали тој се докажал доволно за да заслужи така да му се отвориш (да покажеш ранливост) и да му го кажеш тоа? Ако одговорот не е кристално и јасно "да", тогаш не треба ништо да кажуваш ни иницираш