Пишење пораки е чисто губење на време. Ке му се јавиш на телефон или ќе ти се јави ќе си направите муабет то шо треба или ќе се видите во 4 очи па макар било и на кратко. Разговорите преку порака и разговор во живо се целосно различни. Не секој сака да пиши пораки.
Мене ова ми личи дека си бара секс без обврски. Така ти е таа проста фора што уште се користи, лајкови, пишување ња,ња глупости и одма ај да се плеснеме. За 30 годишен малку ми е детско да си бара такви пријателки. Бегај од такви недозреани, мислам пак ти на крај си одлучуваш.
Ми треба мислење за едно момче кое долго време го мислам, дечково не живее тука живее во странство, но на подолги периоди се враќа, веќе се знаевме 3 години но годинава се откри некое жарче да го наречам, покажа голем интерес кон мене, но како тип е срамежлив, затворен, повлечен, сите околу мене примети ја и ја боцнуваа работата да биде нешто, после некој период ме бакна фино пристојно од никаде на само, па после некое време повторно, дојде време си замина но не комуницираше со мене освен во заедничка група на социјални мрежи, па направив чекор на два пати во приватна порака јас пишав, муабет добар како си што има ама тој никогаш не возврати да пише еднаш прв и сега незнам тек треба да дојде летен период ама не ми се трга од мисли не знам стварно….
@Panda02 Според мене, Не е заинтересиран, барем не за ништо подлабоко и посериозно. Фактот што не се потрудил ни 1% да иницира комуникација и покрај твоите приватни пораки, е поприлично јасен сигнал Би рекла да си ја насочиш енергијата кон себе ова лето и дружење со луѓе, наместо на него
@Panda02 Најважно е да не си го сфаќаш ова лично, ниту да му се замараш Заслужуваш некој кој едвај ќе чека да ти пише и да те види Впрочем, така и ќе знаеш дека некој навистина е заинтересиран, ќе биде конзистентен, јасен, ќе планира дејтови, нема да си збунета и нема да мора да му ги дешифрираш постапките Уживај си во летото и ќе наиде тоа што е за тебе
Или е премногу срамежлив или воопшто не е заинтересиран за тебе. Трето нема. Пробај малку подиректно, за да знаеш на што си.
Не бил срамежлив да те бакне а уште не сте во врска, а бил срамежлив да пише порака. Колку и да е срамежлив ти кога си му пишала ако бил заинтересиран немал да дозволи да ви престане комуникацијата..
Ти благодарам на мислењето Истото си го помислив, враќа на пораката ама според мене бадијала кога не иницира и тој прв некогаш да пише.
Да, враќа на пораката од култура, но ако бил навистина заинтересиран самиот ќе пишел, колку и да е срамежлив. Мое мислење дека и бакнувањето се случило под притисок на околината во смисла сите околу него го наведувале да направи некој чекор со тебе, знаеш муабети од типот ,,супер пар ќе бидете, види нешто направи со девојчето…” и слично и овој пробал, те бакнал, но потоа увидел дека не е заинтересиран толку и оттаму таков однос. Што е и во ред, негово право си е. Како што си е твое право да не се замараш ич и да си најдеш некој што одвај ќе чека да ти пише и да те види, некој што го заслужува твоето внимание.
Ти благодарам Навратив во мислата на тој период и гледајќи на назад и така било, секако негово право си е и валидни се и неговите чувства поркај моите.
Здраво. Имам пишувано лани летото излегов од токсична врска. Од тогаш наваму сум слободна, иако ми пишуваат не сум излегла со никого. Пред 2 недели бев на излегување во друг град и се запознав со братот на една другарка. (не толку блиска другарка, повеќе како пријателка познаничка, таа е повеќе блиска со друга моја другарка.) Всушност со дечкото сме биле пријатели на социјалните мрежи, но прв пат се запознавме во живо. Е сега овој викенд дојдоа во мојот град двете другарки со уште едно девојче и тој со другари ама не бевме на иста маса. Дечкото имал долга врска но раскинал изгледа лани. Забележав дека ме погледнува и ми се насмевна, и кога отидов дома ми имаше лајкнуванп на инстаграм. Е сега јас ме сум дете, годините ми одат накај 30 и знам дека ќе ме контактира. И мене ми се допадна, онака ми остави некој позитивен впечаток. Но во мојата глава постои на некој начин една бариера. После последната врска со бившиот која не заврши славно, си бев ветила сама на себе дека нема веќе да се плеткам со некои што нивните блиски ми се познати. Би сакала барем едно кафе да испиеме со дечкото, можеби и само пријателски, не мора ништо да значи. Ни сепак имам и некоја доза несигурност и срам. Јас сум разведена, немам деца.
@m.m12345 Според мене, Проектираш многу однапред врз основа на ситни работи (погледи, насмевка и Инстаграм лајкови). Те разбирам, човечки е, особено после долга пауза од токсична врска. Но, reality check: Дебатираш дали да излезеш на кафе со него, а тој те нема ни покането Сте се имале цело време на социјалните мрежи, 2 недели поминале откако сте се запознале. Заинтересиран човек пишува пораки и иницира комуникација, а потоа и кани на кафе Until then, ова моментално е само некој потенцијал, а не остварена намера. Најздрава средина е да не си претпоставуваш ништо. Ако некогаш те покани на кафе, лагано отиди, без притисок, буквално нема од што да се срамиш
Како прво, нема да те советувам што да правиш а што да не правиш бидејќи тоа е твоја одлука на крајот од денот. Би ти кажала јас како би постапила.. Би отишла на кафе само откако би го запознала подобро, макар и другарски, ништо не мора да се случи.Секако, доколку дојде до средба. Бев слична како тебе по една лоша врска чиј раскин тотално ме изремети и извади од памет, имав поставено бариера, имав голема доза на несигурност и страв, носев глупави и избрзани одлуки, сфатив дека таа бариера не ми донесе ништо подобро. Го променував мајндсетот постепено и дадов шанса на еден дечко кој ме промени на подобро и еве не заедно 3 години и неколку месеци. Ако мислиш дека можеш, дека вредиш да пробаш зошто да не? Еден ден мораш да го победиш стравот, дали со овој тип или со нркој друг.
Имам некое претчуство дека ќе ми пише тоест знам. Дилемата ми е дали да излезам макар и на едно пријателско кафе. Зошто си имав одлучено дека веќе нема да се гледам со блиски на познати мои. Подледната врзка и не ми заврши баш славно.А и тој и другарката се од мало место каде што секој со секого се знае. Не сум дете годините ми се накај 30 и не сакам да се глупирам.
А бе не се глупираш ако излезеш, и не си толку стара, де. Гледај да е саглам и дали ти се свиѓа. А тоа "знам дека ќе ми пише," е проекцијата за која зборува @Polyincognito . Не претпоставувај. Чекај. И тогаш одлучи. Или ти му пиши.
@m.m12345 После токсична врска, многу важно е да правиш разлика меѓу што е интуиција, а што trauma speaking. За да ова doesn't hold you back во иднина и да те спречи да искусиш убави работи. Интуицијата е вообичаено тивка, смирена и специфична. Таа нè штити од луѓето. Truma speaking е кога мислите ти се врзани со страв, срам, обид за контрола на иднината и анализирање what could go wrong. Ова е обид на мозокот да нè заштити од patterns. Појасно кажано, Ако е интуиција, ќе чувствуваш дека "something's off во врска со него", нема да ти биде удобно во негова близина. Ако е trauma speaking, ќе чувствуваш "овој тип на ситуација е опасен, веќе ми е видено, последниот пат не заврши добро". Кај тебе е јасно дека е вторто, бидејќи всушност се чувствуваш пријатно покрај него и имаш желба да отидеш на кафе, а тоа што те кочи е минатото, а не тој. Па пробај вака, во случај да те покани на кафе, кажи си самата на себе: "Обично кафе е, можам да станам и да си отидам/да прекинам во било кое време. Ќе видам како се чувствувам, па ќе одлучувам". Чекор по чекор. Едноставно не останувај предолго во мислите и не дозволувај минатото да ти ја контролира иднината. Со среќа!