Никад не се знае што и како во животот. Може би сродната душа баш ќе ја пронајдеш со некој што е околу тебе, некој близок. Не си поставувај граници, пред се не си стара, друго, убаво би било да излезеш на по едно кафе, може би го има тоа нешто што го бараш. Пријателското кафе е секогаш добредојдено.
Интересно прашање. Ние уште не живееме заедно ама јас со неговата фамилија сум супер. Има две сестри одиме кај нив на гости прелу викенд/недела зависи од обврски. Приватно не толку многу ама на пример си споделуваме рецепти женско друштво хахах. Генерално како фамилија се преблиски и многу ми се допаѓа тоа. Се на се супер се сложуваме се надевам дека и така
Чим досега не те поканил да излезете или да отидете на кафе некаде значи се работи или за срамежлива шушумига или за некој на кој моментално не му треба никаква врска или дружење со жени, оваквите мажи се у мнозинство и затоа има многу сингл жени, ќе седи дома пред компјутер и ќе фантазира за некоја женска а можеби и за тебе ама нема храброст да те покани да излезете и го одлага тој момент и така се додека не те заборави што е и најжалосно во случајов затоа што можеби ако те покани да излезете може да испадне и добра врска или нешто повеќе ама...
Имам дечко од друг град, само 2 пати се видовме до сега а следните 2 месеца ќе не можеме да се гледаме од х причини. Освен што се допишуваме, само еднаш пред 1 месец се слушнавме и толку, ни на камера се немаме видено. Тогаш тој ми се јави, но сега не покажува интерес т.е. не спомнал да се слушнеме или да се видиме на камера ( а кога не бевме се запознале уште ми бараше камера ама не се сеќавам зошто не се видовме) И пишувањето не е тоа тоа, некогаш имаме ептен краток муабет ќе престане да ми пишува. Вчера му признав дека ми се допаѓа уште од првиот пат кога го видов и дека ќе го чекам да дојде. Можно ли е поради тоа да се оладил што му признав, и дали мислите дека само ме искористува, ако беше заинтересиран ќе се слушавме и сл. ?
@Ecaecushka I'm going to hold your hand when I say this, Немаш дечко. Имаш само некој кој најверојатно си води двоен живот и ти си му таму некоја далечна скриена занимација од време на време. Дечкото живее во друг град, а не во Америка, па само да се видите 2 пати или следните месеци што измислил кој знае што зошто нема да се гледате. Таа X причина најверојатно има име и презиме и моментално седи на кафе со неа. Односно, не дозволувај некој вака да те влече за нос и да си го трошиш времето. Верувам дека си повредена, но стисни заби и move on, заслужуваш подобро
@Ecaecushka Некој кој е вистински заинтересиран и те сака, едвај ќе чека да си пишете и да се видите на камера, особено бидејќи сте на далечина. И никој кој е заинтересиран, нема да се олади само зошто си рекла како се чувствуваш. Понатаму, твоја си е одлуката и времето. Нам секако ништо не ни прави разлика
Како некој што многу добро знае како е да се биде во врска на далечина, ќе ти кажам дека комуникацијата и одржувањето контакт се клучни. Кај не можете да се гледате толку често како кога сте во ист град или држава, уште да не се слушате, па што останува од тој однос.. Јас прва мразам да зборам на телефон и да се гледам на камера, ама кога ти е стало до некој едвај чекаш да го чуеш и секој момент ти е битен. Еве баш и сама кажа, ако бил заинтересиран ќе се трудел многу повеќе и ќе иницирал контакт и средби. Батали ги тие причи зафатен бил, многу работел. Секој може да одвои време да ти пише и да ти се јави, ама само доколку сака. Кога му значиш на некој, тоа се гледа и се осеќа. Во спротивно, не би осетила потреба да преиспитуваш и да бараш совети по форуми. Извини што сум директна, ама ако добро те разбрав типов живее во друг град во Македонија а не на друг континент, и викаш два пати сте се виделе а во врска сте? Мислам дека си го имаш одговорот. Треба да биде барем малку позрел и како човек да ти каже дека не е заинтересиран, барем не за нешто посериозно. Ама делава зборат место него. Верувај за твое добро ти зборам, од искуство. Не си го троши времето на некој што не вложува ни минимум труд за тебе. Заслужуваш многу подобро.
Да, те искористува, со тоа што ти ќе си го трошиш времето во животот мислејќи дека имаш дечко. Тоа твое потрошено време, нему му се монетизира преку апликација Немаш дечко, мислиш дека имаш дечко. По цел ден штекнати во телефон, не можеле да се чујат Е добро, ако оди у затвор или слично, оправдано е, мислам таму телефони им се забранети
Нема врска тоа што сте од различни градови и дека си му призала прва. Се зависи од тоа колку е човек спремен да пројави интерест за тебе, да се залага ментално за тебе и да му значиш, да има причина што би го натерало да те сака и бидете заедно. И не, не мора секој ден или преку еден да се гледате, многу е побитно да има поврзаност, оти без неа и секој ден да се гледаш нема аир. Но очигледно дечкото не е заентересиран и едноставно пробува да ти кажи "не, не сакам ништо со тебе" индиректно туку му одговара само твоето внимание за да пополнува време евентуално како замена. И не, нема врска тоа што сте рекле официјално сте во врска, празни зборови не значат ништо, треба да се пожи на дело колку ти значи некого. Шо би рекле србите, "стало ми је до теби", е кога на човек ќе му е дојдено до некого ако треба ќе го запри целиот свет само да те види, слушни или пиши порака, но за жал денеска не постојат такви особи. Не се надевај напразно и не си го губи времето со човек што не знае што сака од животот ниту е сигурен во своите чувства и постапки
Класика, већ виђено. Убави зборови, love bombing. Но, каде е сето тоа на дело? Мој најискрен и најдобронамерен совет е да не си го губиш времето со него. Тој што вистински сака да биде со тебе нема да те доведе до ситуација да се запрашуваш дали те сака. Па и таму се снаоѓаат.
Па да, ако доволно те сака, и во затвор ќе се снајде за да ти се јавува. Ама сепак, во таков случај -раскини му. Полна сум предрасуди, то е, јбг. Чисто срце и чисто криминално досие ми се минимум стандард.
Сериозни намери не може да има некој што едвај се гледа со тебе во живо, на камера или не се слушате на телефон. Јас со мојот партнер на почеток на врската првите неколку месеци поретко се гледавме, бидејќи и за викенди работевме, посебно тој, но ќе најдевме начин да се слушнеме по 2 - 3 пати во денот или да се гледаме на камера. Сега и почесто се гледаме и во живо, и на камера. Ако го нема тој труд, поврзаност, блискост, џабе е. Не е заинтересиран, не си го троши времето.