Апсолутно се сложувам. Да се надеваме дека тоа не е случај кај девојкава. Мада она секако треба да го откачи.
За врска преку жице треба двајца, не еден. Инаку по муабетов, да, се има оладено или има некоја друга. Трето нема. Поголема е веројатноста да му има дојдено преку глава од вашата 'врска' каде што се имате два пати видено. Тоа дури и не е врска, искрено.
Кога ќе помине тој период ќе се гледаме почесто рече ќе доаѓа кај мене во градот, ми ветуваше и дека имал во план да се сврши со мене па здравје и свадба понатаму. Не знам дали воопшто да го чекам може кога ќе бидеме заедно во живо ќе биде подруго, сега преку жице што, не е тоа врска нема никаква поврзаност ( од 2 пати што се имаме видено). Затоа и он делува неаинтересирано мислам.
Не. Проблемот е само што не се јавува ниту на камера пројавил желба да се видиме. Ама се викам рано е ова не е врска сега, кога ќе бидеме заедно ќе биде подруго.
Ќе ти кажам нешто што би и кажала и на другарка... Не си губи време. Тој не е сериозен човек. 2 месеца се премногу, не се наоѓате во различни држави па да не може да се видите. Не сака да зборувате на телефон и камера. Типов е полн со црвени знамиња. Цени се повеќе и себе и твоето време. Натака, ти знаеш дали ќе го чекаш.
Ама како ќе бидете заедно ако нит се гледате, нит се слушате? Баш дека сте на почеток, треба многу да се трудите и двајцата за да дојде до нешто посериозно. Ако уште сега се понаша вака незаинтересирано како ќе стигнете до врска? Еве размисли, ако некоја другарка, сестра, братучедка небитно кој, се најде во ваква ситуација каков совет би ѝ дала?
Мене најјако ми пушта на инста го прифаќам, го заследувам (иако не се знаеме нели) И место порака пишал текст во директ како слика да ми праќа нешто промрмла комплименти итн отворив порака и одма после неа исто во директ сеен?! Му одговарам во нормална порака, шо е ова детско пишење ти е страв некој да не ги го прочита разговорот? (изгледа младо неискусно момче ама нмв, одговори да дете сум и ме избриша ме отследи и така.
Јас не знам кој нормален планира свадба и свршувачка со некој што не го познава.Извини, ама ова мене не ми е нормално однесување.Тие работи се планираат(барем според мене)после извесен период во врската каде што има почит и доверба изграедно.Љубов се подразбира.
Ние 3 пати се видовме како дејт а скоро еден месец се пишевме се слушавме и на камера, не му сметаше далечината Све му беше убаво, сегде ме прошета и ми купи нешто мал знак и после некој ден ми вика да останиме другари не вреди ово оно и јас се изнервирав бидејќи типот рече ние сме во обид како пар и сеа друго кажува Толку не убо ми беше не се пишевме и неколку дена ме блокира на фб а на инстаграм не ме блокира и му викам за што заслужив блок и ништо не ми одговори и не ми крева и не ми отв на стори и си мислам да го блокирам.. Толку се разочарав.
Еве јас ќе го кажам @Ecaecushka , тие муабети шо ти ги зборел се типични муабети на некој шо си бара само секс. Плс, не си го губи времето веќе со него.
Зошто толку се разочара значи? Добро бе, вие полнолетни сте, имате право на глас и све по ред? Како можете толку емотивно да се инвестирате во Ојле од Дојле што сте го виделе пар пати или ич пати? Имате ли некои лични критериуми што треба да исполнува тој Ојле или кој и да е, битно било дечко да се има и да се омажите за него? Не ве разбирам жими се, ако сте полнолетни. News flash - не мора да му се допаѓаш после неколкукратна комуникација. Не мора ни тој тебе да ти се допаѓа. Не значи дека не сте вредна како личност, значи само дека не сте соодветни еден за друг. Поради 1 000 001 можна причина. Просто е, не е лично, математички е невозможно дека можеш да пасуваш со било кого. Важи и за мажи и за жени.
И си го пишува нејзиното име со неговото презиме во тетратка. Знам, и јас го правев тоа. Во 7мо одделение.