@Marijafemka Многу е посебен, гледам Откачи го и најди си дечко who actually likes you. Цени се себеси и своето време
Ме интересираат повеќе мислења на една тема. Другарка ми е скоро 10 години во врска со еден дечко, прва љубов, прва врска, заедно од средно. Нормално после толку години се споменува и темата брак. До скоро беше таа под еуфорија и сакаше, но сега тврди дека запознала и почнала да се допишува со некој друг дечко, со кого има хемија и дека веќе чуствува дека не се пронаоѓа во таа врска. Мајка и тврди дека не и требаат такви екскурзии и дека после 10 години не се растура врска, зошто дечко и бил добар и мирен. Додека ние другарките имаме спротивно мислење, ако веќе не се пронаоѓа во врската нема зошто да останува со него, пошто едноставно и е жал. Таа тврди дека го сака дечкото кој го познавала пред 10 години, останала вљубена во тоа дете, сега тој како партнер не и одговара. Не е поентата да се омажи и да живеат во една соба, мајка му во другата. Што мислите вие?
Скроз сте во право. Плус, 10 години ја мавта? Тој ќе ја остави за првата шо ќе му наиде, само шо не му наишла никоја во овие 10г. Ајде нека го откачи таму и нека си живее животот.
Не се живее во добар брак од жал. Најверојатно одамна им е станато монотоно и се заедно од навика, па затоа вниманието го фаќаат трети личности. Сигурно и сите во нивниот живот очекуваат дека треба да се земат. Во право сте што сте ја советувале да го остави. Во брак нема магично да станат работите подобри, најдобро е да не си го губат времето еден со друг. Освен нели ако сакаат за пред народ да глумат дека им е среден животот, тогаш нека се земат. Но колку ќе се среќни само тие ќе си знаат.
Нека размисли убаво. Нека испита терен. Дали и новиот дечко исто се чуствува или му е само за забава. Зошто ако не успее со новиот 10год ги фрла во ветер. Не дека е страшно или трагедија ама сепак би била непријатна ситуација за девојката. Затоа нека размисли убаво.
Ај ти стави се на местото од дечкото со кој одат 10 години. Убаво ќе ти биде да си резерва додека девојка ти не биде сигурна во друг? За проблемот, нека раскине и готово. Нема што од жал да останува со некого, барем нека има малку почит кон сегашниот партнер.
Девојката што даде опис не кажа конкретно што како се случувало. Само кажа дека има внимание од друг и чуствува хемија. Со тоа таа излегува дека нема почит ни кон едниот ни кон другиот. Но само кажав избрзана и импулсивна одлука може да биде грешна и да се покае после.
А не дека мора да се омажи по секоја цена де, ако не за првиот, за вториот. Штом со првиот не се пронаоѓа веќе, тоа е завршена приказна. Нема тука години во ветер и во не-ветер. Со сила убавина не бидува.
Го напишав тоа бидејки знам повеќе примери каде што дали од монотонија во врската или од други причини во даден момент туѓото внимание им годи на партнерите. Но, често пати тоа е само моментално. Затоа нагласив пред секој нареден потег да се размисли убаво. Сепак девојката си ја носи одлуката. Најдобро знае како се чуствува.
Зошто никогаш не се преиспитуваат и ставаат крај пред да се појави трета особа? Ова е многу често алиби. Сфаќаш дека ти е монотоно на првата насмевка и флерт од трета особа. Ами раскини, биди сингл година/две, истражувај, излегувај, преиспитувај се, најлесно е да смрдиш со некој/а со години ради страв да не останеш сам/а. Мој совет е да раскине, требало многу порано, али од ова што го прочитав, девојката до скоро била под еуфорија и сакала брак, сега се преиспитува откако го запознава новиов. Ризик е, или/или.
Како шо и одговара така нека си прави. Нејзина одговорност и избор. Немате потреба да се замарате со нечиј избор на партнер.
Точно е тоа, ама таа монотонија па ништо не ја поправа, ако е интересот изгубен. Кога почнале биле едни луѓе, сега се други, патиштата се разидуваат, се случува. Апсолутно здраво и за себе и за другиот, е да ставиш крај во таков случај, оди во брак не се влегува од погрешни мотиви, кои и да се тие ( дошло време, очекувања на други, страв од осаменост, што ако не најдам друг и слично).
Ако не и одговара да биде со него без разлика која е причината нека стави крај со него после нека бара друг.. Непочитување е додека си со еден во врска да флертуваш со други.. Сосема е во ред некој да не ти се допаѓа и да не гледаш иднина со него, ама да си играш и да го користиш како резерва не оди..
@m.m12345 Подобро нека раскине отколку да го 'мачи' дечкото или да му го троши времето. Прво треба да си прошета, да си смени, да си изживее, а после да влегува во темата на брак. Затоа јас викам, на денешно време, врски кои од мали години се створени пукаат во периоди баш кога треба да се зимаат работите во озбилен правец. Дали е машко, дали е женско, секако ќе си сакаат да си пробат нешто ново.
Ако раскине со стариот ќе му направи услуга и него и себе. Па и самото тоа што гледа на страна баш во периодот кога се збори за брак е доказ дека не и е срцето во таа одлука и дека го сака повеќе како човек, навика, за подобро или полошо. Све и со новиот хемијата да не успее да прерасне во нешто сериозно, не значи дека по секоја цена треба да седи со некој колку да остане во комфор зона. Подобро сега да се реши ситуацијата него после да се разведува или цел живот несреќно да живеат. Јас имам супер примери за луѓе што се заедно од мн млади години, од 20-21, од факултетски денови и израснале заедно, па не мислам дека е тоа лошо и дека секој мора да прошета и дека кај секој се јавува таква потреба па ќе ја препишеме на љубопитност/досада/монотонија. Све се тоа изговори. Ма да, има ризик да на таа возраст не знаеш што сакаш и наместо да израснете заедно да израснете одделно во различни насоки. It's just life.. тажно е да, ама никој тука не е крив и поарно да се настапи со свесност искреност него да се залажуваат заш ко што пишале другите со сила убавина не бидува.
Не може никој да не е крив. Зашто се 10 години заедно и зашто од чиста мира му текнува на некој или на двајцата од нив дека не се еден за друг? Сигурно не се будиш едно утро и заклучуваш дека не ти одговара повеќе личноста.. Алал да им е како толку лесно се отсакуваат, не можам да разберам.
Ако не биле еден за друг, тоа најчесто се гледа и зрело е да се препознае многу порано, да речиме првата година ајде и да заклучиш типот/типката не ми одговара, а не после цела деценија. После толку време поминато и кога веќе имаш изградено нешто сериозно, се познавате во душа и сте поминале секакви фази и заеднички моменти, нелогично е да речиш ми се здосади и монотон ми е, каде е тука зрелоста да се носиш со животот? Па нормално е да падни еуфоријата и да не е иста како на почеток, никој не го негира тоа ама па затоа двајцата треба да се потрудат како да ја одржат блискоста, не ми е јасно како е толку лесно да се откажиш од некого.. Ова повеќе ми личи на тоа дека ја фатил период на здосаденост зошто не вложуваат во врската, па новото лице и делува како “излез” зошто е само ново, интересно а тоа само по себе говори дека личноста не размислува зрело. Да раскинеш долга врска ради тоа е ризик што често после се каат многумина и сакаат да назад да се вратат. И која е гаранцијата дека во иднина ќе биде среќна со новиот? Никоја. И после некое време и тој ќе и биде монотон и што понатаму? А многу пати се испоставило во врската да не се многу среќни а потоа во брак да живеаат многу поубаво. Треба да ди размисли добро дали проблемот е врската или моменталната возбуда од нешто ново шо и се појавило пред очи