Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    :o :drunk:
    upload_2026-4-20_11-48-47.png
     
    На Konfetka, Katie90, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.527
    Допаѓања:
    33.901
    Пол:
    Женски
    На FlirtBerry и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    6.815
    Пол:
    Женски
    А исто се случувало и да се во несреќен брак па после второ-трето дете да живеат многу поубаво. Оваа метода функционира. (y)
     
    На Gosh, Lavender4, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ecotte12

    ecotte12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Најчесто не е така идеалистичко црно/бело во животот, а и нема поента во барање кривец колку да се пребаци одговорноста. Секогаш 2ца луѓе учествуваат во врска и ја прават динамиката таква ко што е. Замисли се фаќаш со некој на 18. Во тоа време не си изградена личност, љубов и привлечноат има, зрелост нема. На 28 често имаш поинакви вредности и тоа е ок. На 18 ви е топ зашто живеете во моментот без нбогу помисли на кариера, иднина ,семејство. Главно ви е полагање матура, кај ќе се запишете на факс и каде ќе излезете во петок и за тајви работи полесно се прави компромис.
    Еве не знам за нивниот случај ама што ако до 28 едниот сфати дека е кариерист што не сака деца другиот дека сака семејство на младост? Кој е тука крив? НЗС ќе им биде да останат заедно и да посвојат куче?

    Она е крива единствено што не била искрена порано, дека од која било причина не се гледа со него во иднина и за тоа што се довела на некој начин емоционално да изневерува додека старата љубов од main и станува резерва, опција.. а таквиот третман е мн полош него чисто раскинување, затоа за двајцата поарно да се прекине, од некои работи нема назад, пример јас ако сум на местото на дечкото тешко дека би прешла преку тоа тој да се затреска во друга, а уште полошо да остане со мене ради атер на минатото. И да не му каже никад, брак на лаги не се гради.
     
    На Annora, Alek90, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    10.718
    Пол:
    Машки
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Мхм, функционира, и статистиката за разводи го потврдува истото.
    ,,Најголем број на разводи, околу 25% од нив, се случуваат меѓу 5та и 9та година од бракот,,.
    Таман да пробаш 1 дете, 2, 3, па ако не оди, јбг:doh:. Ама немој на првото ,,не оди,, да се откажуваш.

    Продолжете да ја следите темава, за повеќе совети- како да си го заебете животот, и не само вашиот, туку и на уште 2-3 деца, ни криви ни дужни:*:
     
    На sparklie, Gosh, bicycle и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Се слагам дека подобро е да се раскине, нема збор што понатака.
    Штом она повеќе не го сака, нема што друго да се прави.

    Мене само ме интересира како за период од 10 години не го увиделе тоа дека не проаѓаат компромиси? Ако се работи уопште за компромиси, или едноставно и' здосадил?
    Коа има нешто попривлечно и поинтересно..

    И коа ти здосадува твојот долгогодишен партнер, и тогаш треба да ги оправдаме?

    Имало јака причина зашто здосадил..

    Не се толку комплицирани нештата колку што самите ги правиме да изгледаат така.

    Многу е нехумано и некоректно ова да му го прави, само прочитај го овој дел:
    Не знам колку години имате, на форумов има луѓе на разни години, како би ви било утре на ваше дете ова да му се деси? Би реагирале исто вака ладнокрвно? Знам дека нема :)

    Не е фер едноставно да се прави нешто вакво на другиот, а некои од вас на тоа да гледаат ко да е нешто најнормално.

    Не можам да не осудам нешто вакво.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.027
    Да де, не е толку комплицирано.
    Нема што да оправдуваш или да не оправдуваш, ни за себеси ни за некој друг. Станува збор за прифаќање на реалносг- дека ништо не е вечно. Не се случува наеднаш, се случува капка по капка, и еден ден имаш тригер и последна капка што ја прелеала чашата. И толку е. Нема виновници и осудување, просто тие двајца веќе не се еден за друг. Ова важи за врска, кајшто ,,влогот,, е помал, нема дете кое ја усложнува разделбата, просто секој продолжува по свој пат. Во брак, со дете, е малку поинаку и треба да се вложи напор да се поправи ако е можно. Ама и така, нема гаранција за вечност, нема вечна љубов без взаемен интерес за истата и подеднакво вложување во неа. Се е постојано променливо.
     
    На Annath, Малечка Малинка, ecotte12 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.566
    Допаѓања:
    46.235
    Пол:
    Женски
    Не е нешто многу тешко да се заклучи зошто се случило ова, заедно се од деца, не искусиле ништо друго, пораснале и тоа е тоа. Сега сигурно ќе биде многу потешко да раскинат, ама не повеќе тешко од тоа да живеат без љубов.
     
    На Gosh, f.girl, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    24.413
    Пол:
    Машки
    Во меѓувреме си нашла друг и не цени толку време поминато заедно... Лошо.

    можеш да си најдиш илјада причини да му се скараш. :)
     
    На Аничкаa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    63.176
    Пол:
    Женски
    Зошто да си губиш 10 години со погрешната личност кога можиш цел живот. :nod:
    Не знам кој уште потпаѓа на пропагандата дека бракот е магично решение за врска која се гледа дека одамна не оди.
     
    На Tam4yy, Gosh, f.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.469
    Сè уште паметам тука една членка кога имаше пишано дека врската е лоша и сака да му раскине,

    АМА

    Иделе родендени и празници, па немало смисла :D

    Па нели после празници идат одмори. Како една друга членка што дечко и ја тепал стандард, ама морало да се иде и на одмор (heidy)

    И после како одат 10 години, епа вака, нема човек време кога да раскине еее :D
     
    На sparklie, Gosh, FlirtBerry и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да му раскине. Штом неа почнале да ја интересираат трети лица, јасно е дека љубовта одамна си отишла оттаму. Како што ти кажаа и другите, најверојатно од навика се заедно толку време, а во меѓувреме се смениле и пораснале. Ќе си направи услуга и себеси и на дечкото и подобро тоа да се случи сега бидејќи утре ќе стапат во брак, и најверојатно кај неа пак ќе се јави потребата да проба нешто друго или интересот ќе ѝ го разбуди некој друг и ќе го направи тоа во брак што е драстично полошо отколку сега да расчисти кога штетата би била многу помала.
    Имаше една изрека, парафразирам, штом сфатиш дека си во погрешен воз, симни се што можеш побрзо на првата станица, бидејќи што подолго чекаш да се симнеш, тоа поскапо ќе те чини враќањето назад.
     
    На Konfetka, ecotte12, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Подобро да раскинам отколку после да висам во темите за развод.
    А темите се полни.
     
    На Tam4yy, eliesaab, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Maja12.

    Maja12. Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Здраво. Ве молам за совет. Бев 4 години во врска и сега 3 недели сме скарани/раскинати. Јас имам 28 години тој 32. Почнавме супер, се грижеше, се трудеше, долг период инсистираше да сме заедно. Почна со некои чудни работички, прво му стасуваа снапови, искочи праќал со некои девојки, ајде беше месец после стартот.Аман заман му простив. После имаше заследувања од негова страна, оп ќе додаде ја познавал пријателка. Али мене почна све тоа да ми смета неможе сите да ги познаваш . Лајкувања на сториња и нормално Реагирав. Ќе запреше одреден период инпак истото со години. Му најдов чет со една девојка стварно рандом муабет али зашо му е тоа? Имавме неколку раскинувања досега. Истово у круг беше. И се уморив некако премногу труд љубов грижа макс му се посветив. Сега пред месец гледам и имал лајкнато у 2024та слика на девојка со огромни голи гради. И некоја друга од Демир Капија сега ја имал аднато, ја запознал на работа. И му кажав избувнав дека на нишо не личи све ова, што сака да прави реферат му напишав. Тој кажа у гужва е ќе чита а јас му кажав само колку сум повредена. И ништо не ми пиша а 3 недели пројдоа. Патем зборев со негови пријателки предходно имал врска од 1-2 години и нонстоп биле заедно од ист град дека. У еден наврат у кавга ми кажа некако се оддалечивме, нема хемија, ко да не се познаваме. После кажа извини претерав не го мислев тоа.И некако си мислам дека изгледал позаљубен, некако посветен со неа али отишла у германија со бившиот и го изневерила. Биле повеќе заедно, ама ајде ок таму си биле. Можно е да ја сака уште? А со мене ова најдолга врска му е. Сега проблемов е зашо го нема цел месец, па и ме делитнал од инста. И еден збор да не каже? А се шалевме демек за мајов да ме бара, ств бевме сериозни. Ова ми дојде шок, се поболев цел месец. Солзи снемав.Дали 4 години вака се решаваат што бидна? Многу пати има кажано работам три смени, тебе се ти е малце, да си најдеш дечко од твојот град.А ја само сакав да минеме време заедно макар и кај него дома, да ме почитува бев тие онлајн неверства, и малку да е понежен. Кога и да сум изреагирала тој вика ајдеее пак кавги, нејќам да се карам, претеруваш. И никад нема салам зборено за проблемиве, а ја се разреметив. Живот снемав. Сега и друг филм ме тепа. За бившава.;(;(;(;(Знам дека го заебала гадно и све.Али имам слушано и дека она на крај му вратила само. Не знам дали тој ја изневерил али имало нешо. Дека е ладен и се ,.”пази али знае што не направив за него.И сам викал вакво девојче нит има нит ќе има, ваква љубов од др немам осетено. А и едвај еден hughlights на инста има со мене. Слики не. Сакам еден реферат да му изнапишам за се дали вака заслужив да го нема еден збор да не каже и да ме остави да се борам со демони и да се поулавувам.
     
    Последна измена: 22 април 2026
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.469
    @Maja12. Не те сака.

    Овој факт нема да го промени ниту еден реферат што ќе му го испратиш, ни било што друго да направиш.

    Рефератот нема ни да ти го прочита, зошто не му е галје за тебе + е свесен што прави. Само може да ти се смее со другарите.

    Стисни заби и сериозно блокни го отсекаде.

    Потоа дај му време на времето и седни види зошто не се сакаш самата себеси? Од каде потекнува овој корен, па си си дозволила некој вака да те третира.

    Кога еднаш ова ќе си го средиш, ќе видиш дека ова не било љубов, освен некоја trauma bond:*:
     
    На Калатеа, Medea., Cosmic Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Maja12.

    Maja12. Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    А како да се помирам дека се беше океј, бевме 7 дена во Атина на почеток на Март. Милион планови, замисли идеи. За се знаеше за мене, цели денови сме си ги раскажувале. Нормално ко у врска. 4 години така ми отидоа.. И сега како? Сите солзи годиниве, простувања, вложувања, бев сигурна ќе успееме ток така викаше све ќе ти накнодам, заслужуваш повеќе. Ќе видиш една ден. Како да ги прегазам овие работи? Тие што ме знаат викаат Маја не си ти, друг човек е ова, тебе те снема. Како после овакво разочарување да биднам старата или тек подобра? Ужас.. :(
     
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.469
    @Maja12. Imma hold your hand when I say this,

    Но, врска во која 4 години плачеш, простуваш и си престанала да блескаш, е сè, освен врска.

    А тоа дека тој дека од сега започнал со изневерувањa, е исто така само заблуда :tmi:

    Како да се помириш?

    Па еве замисли уште 40 години вакво мачење, да плачеш, да трчаш по некој кој само те понижува.

    Можеш ли уште едно 40 години да си болна? Додади на тоа уште едно-две деца за кои сама ќе се грижиш btw.

    Вака ли изгледа твојот иден сопруг? Таткото на твоите деца? Зошто понатаму, во брак, би било 100 пати полошо.

    Така гледано, што се 4 години наспроти цел живот промашен? Сметај дека си имала среќа да не трошиш ни минута повеќе :*:
     
    Последна измена: 22 април 2026
    На molikaMk, Medea., Cosmic Girl и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.824
    Пол:
    Машки
    @Maja12. Дека боли ќе те боли, не ти фали тој туку човекот што ти имаш замислено дека е. Кога ќе го преболиш ќе разбереш дека воопшто не бил таков каков што си го замислила.

    Некој што може да помине толку време без да се слушне со тебе не заслужува ниту една точка да му пишеш не цел реферат.

    Не е до тебе што те изневерувал, може и не било само преку пораки.. Воопшто да не ти е гајле за неговата бивша и да прашуваш други што и како било..
    Не заслужуваш да бидеш со некој што не те сака само за да спасиш 4 години..

    Замисли каков би ти бил животот со него.
    Океј ти е да живееш со некој што вечер спие со тебе, преку ден гледа други?

    Дај си време да преболиш, посвети се на себе не на него..
     
    На Cosmic Girl, senza.parole, FlirtBerry и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ender C

    Ender C Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2025
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    @Maja12. Тоа однесување не е нормално за маж од 32 години, се подразбира дека си планирала нешто сериозно сепак се работи за врска од 4 години но тој НЕ те сака.

    Може да ти каже било што но со неговите дела тој тоне, не можеш и не треба така да функционираш, млада си дај си време и простор за мир, спокој, промена, љубов кон самата себе, цени се и на крај на денот што ќе ти е маж што издржал 3 недели без никаков контакт со тебе?

    Само главоболка, стресови и нервози ќе имаш, за жал 70% од жените толерираат вакво однесување само за да не им помине возот, да имаат некој до себе и да не се сами, затоа се разболуваат, страдаат и на крај „поради децата сум со него..„ едно големо НЕ.

    Self love и ќе дојде тој што ќе те цени сака и поддржува а не да го трпиш ова ниско однесување како да е средношколец..беда

    Ако не ти го олесни животот и не се чувстуваш како девојче со него туку како мајка што го учи кај како треба на 32 години сестро пиши пропало, за еден однос да опстане треба двајцата да се трудат а не само ти да го држиш конецот бидејки кога и да е ќе те заболи раката и ќе пуштиш и плус машко е тој треба да сака и да се труди повеќе.

    Нека го воспитаат неговите како треба не си ти должна, за изневерувањата нема да коментирам бидејки не е вредно си требала веднаш да прекинеш ама ете.. крајот се знае..

    Те молам не се базирај на зборовите, секој може било што да каже или вети, тоа се само прашкасти материи, летаат во воздух, нас ни требаат дела и само делата зборуваат особено кога се работи за љубов, не знам што чекаш ама кога некој не е за тебе а ти упорно пробуваш, даваш шанси, се трудиш и молиш Господ ќе направи се за да бидеш повредена до степен да не можеш повеќе, да дигнеш раце и да се откажеш, споделувам од искуство.

    Кој сака ќе најде начин, кој не сака ќе најде изговор, просто се оладил снемал чувства и заинетересираност, тргни го од твојот пат само те кочи.

    Блок секаде, куферот и чао.

    Girl, животот е пред тебе, откажи се ќе процветаш и ќе се препородиш.:f:
     
    Последна измена: 22 април 2026
    На molikaMk, Cosmic Girl, Tam4yy и 11 други им се допаѓа ова.