Наташа, јас сега прочитав дека си била цело лето кај него...тој сега си дошол од таму значи најверојатно ќе поседи некој период па ете нема да бидете толку многу разделени...стрпи се бар нека помине некое време па за некој месец ќе отидеш пак...можеби твојте родители мислат дека е пребрзо за еден месец пак да одиш кај него па затоа сега не те пуштаат.
Многу "добар" совет и даваш, чукни си ја малку таа лејката што ја носиш на рамења и размисли што кажуваш...
Девојко не брзај многу, не е цел во животот да се има дечко и со него да се биде постојано. Не сакам да бидам негативна, но ако навистина сте многу поврзани со дечко ти, тој нека разговара со твоите родители и нека им каже какви планови и какви намери има тој, бидејќи сите знаеме дека ништо не е сигурно(ова звучи како на филм, но сепак твојата ситуација со дечко во Италија е специфична).Од друга страна ти имаш само 19 години, колку години има дечко ти јас не знам и повеќе од јасно е дека не ве познавам, но сепак како што ни кажа и ти самата дека тој не живее овде и се работи за врска на далечина. Имај во предвид дека не се само твоите планови со дечко ти како што те посоветуваа и другите твоите родители сигурно се грижат што ќе правиш со него и сл. и секако да не се случи нешто. Јас не знам што друго да ти кажам, но сепак ти најубаво си знаеш што планирате со дечко ти и што да правиш и секако да не ги загрижуваш родителите.
Мене ова ми личи дека твоите ти дале прст а ти сега сакаш цела рака. Искрено кога веќе си била цело лето таму најверојатно на твоите им е незгодно пак да одиш кај лугето. И донекаде во право се. Да си независна финансиски и ти и дечко ти ајде, ама јас како шо разбрав ти седиш кај неговите. А и сега заврши летото бре. Јас разбирам дека е тешко врска на далечина, ама пробај да ги сватиш и твоите. Сепак во нашата средина има многу алапачи. Се надевам ме свати шо сакам да кажам.И незаборавај дека никогаш немој да го лутиш тој што треба да го молиш. Така да кавги и нервози заборави, контраефект ќе постигнеш. Почекај да помине малце време и тогаш прашај пак.
Биди јака знам дека е тешко и дека боли ама немој да попуштиш немој бидејќи од вакви ситуации понатаму излегуваат други работи кој повеќе болат,планирал за жена да те побара а излегува до 4 сабајле и ти појма немаш за тоа јас на твое место би се замислила 2 пати и нека не изиграва повреден и навреден кога немат излез ја вртат топката кон тој што е во право ама неможе така ти кажувам оти тргам од мене истите финти ги прави дечкоми ама повеќе не сме мали можиме да ја процениме добро секоја ситуација и на мажите ако не му дадеш до знаење со кој си има работа ќе те газат...
Женски јас сакам нешто да ве прашам... дале сте имале некогаш врска на далечина и дали ви успеала, зошто има момчиња кои не се ни трудат да пробаат туку раскинуваат кога и да му се спомене таа врска на далечина ..... јас не верувам баш дека ќе успее ама сепак вас да ве прашам за совет и мислење
Успеваат, но потребна е преголема жртва, и притоа ни за момент да не дозволите љубомората или посесивноста да надвладеат, инаку отиде јабана . Ќе треба додека сте разделени да мислите на креативни и инвентивни начини како да останувате во контакт, што за среќа ви е олеснето со сите видео повици кои денес ги имаме преку компјутерите. Но ќе повторам, се’ зависи од вашата подготвеност за жртва, што на моменти дури може и да делува неблагодарно и невозвратено... Токму во тие моменти на криза е критично да не дозволите да се појават особини како тие што ги набројав погоре. Ако не те мрзи, повели статија што ја имам напишано за врските на далечина во истата тема, прочитај и размисли за понудените опции. Сепак, и овие врски можат да бидат прекрасни искуства.
Успеваат, но потребна е преголема жртва, и притоа ни за момент да не дозволите љубомората или посесивноста да надвладеат, инаку отиде јабана . Ќе треба додека сте разделени да мислите на креативни и инвентивни начини како да останувате во контакт, што за среќа ви е олеснето со сите видео повици кои денес ги имаме преку компјутерите. Но ќе повторам, се’ зависи од вашата подготвеност за жртва, што на моменти дури може и да делува неблагодарно и невозвратено... Токму во тие моменти на криза е критично да не дозволите да се појават особини како тие што ги набројав погоре. Ако не те мрзи, повели статија што ја имам напишано за врските на далечина во истата тема, прочитај и размисли за понудените опции. Сепак, и овие врски можат да бидат прекрасни искуства. [/quote] Nightwalker фала за мислењето и за овие да кажам чекори за успешна врска на далечина
Јас сум имала две врски на далечина, првата не ми успеа не заради таа далечина туку заради други Х причини, втората исто заради др Х причини.Што значи од искуство ке ти речам Може да се одржи таа врска, ама треба да се сака да се одржи. Со многу љубов, доверба, труд и најмало количество љубомора ке ве бидне. А за тоа дека машкиве раскинувале коа станувало збор за таква врска тоа е затоа што мислат дека има еден куп обврски (што не е точно) Или пак не се сигурни во себе дека можат д аистрајат во нивната верност. Искрено вреди да се проба. Ама не се залетувај уште од сам почеток, и со одврзани раце идите.
Да објаснам! Јас сум запишана на факултет ама поради здраствени проблеми ја стопирав ова година! Значи сега сум многу подобра со здравјето но сепак фак е стопиран! Моите родители знам дека се грижат за мене и стварно ги прашав зошто да не отитам сега со него ми рекоа не може и точка Мојот дечко има 22год и во Петок си оде значи дојде само за свадбата на негова братучетка. МоЖеби е чудно но мојта врска со него навистина функционира иаку сме далеку! Иначе навистина паметно но сепак не би го направила тоо! Задржи го советот за себе па ако некогаш се најдеш во вакса ситуација еве слободна прифати го советот
Наташа па нели ти беше спремна на брак пред некое време? Чисто да си прашам да не сум во заблуда. Инаку, на твои 19 години премногу сериозно си се фатила за врската и претеруваш. Штом сама велиш дека врската ви функционира иако сте далеку, издржи некој месец на далечина. Искрено мене би ми било незгодно да му седам на дечко ми дома со родителите, сепак е обврска и за нив да имаат дома некој толку месеци, колку и да се гостопримливи, плус ете и со здравствени проблеми си па имаат плус обврска да внимаваат на тебе. Штом имаш и здравствени проблеми доволно сериозни за да го стопираш факултетот, значи се доволно сериозни за родителите да не те пуштат во друга земја затоа што сакаат цело време да знаат дека си во ред.
Pupi.girl, несакам да те обесхрабрувам ама еве мојата врска на далечина речиси се распадна прочитај ги мислењата во претходните страници, но сепак ќе кажам се зависи од двајцата партнери, ако се одржува некој баланс и те како може да успее, па..со среќа Mime87, јас секако не му попуштам, го направив првиот чекор па за понатаму е полесно...инаку еве го сега ме бара, вчера разговаравме и ми прави сосема нормален муабет како ништо да не се случило ми иде бокс да му акнам
Да бев но како што реков имав здраствени проблеми и затоа мораше сите мои планови да се одложат! А напротив мене не ми е незгодно да седам кај нив пошто се осеќам некако сигурна! Но да не претерувам и само сакам да ми кажете како со добро да ги обедам родителите па макар и 1 месец да сум тама? а Пупи.гирл ретко се врските кој не успеват едноставно јас му верувам на него иаку не знам што тој прави таму! Се слушам редовно со него и на мобилен и на домашен тел на скајп висеме по цели вечери! Сите сабота излегуваат а јас висам на скајп!
Наташа, прво ќе те замолам да користиш точка на крај на реченицата, место извичник. Сите твои постови просто вриштат - читам ама онака со едната нога спремна да бегам, страв ми е од извичниците А за твојот “проблем“ мислам дека не треба да бараш преку леб погача- стварно нема смисла, си го стопирала факултетот значи не можеш да одиш на предавања, а можеш да патуваш 1000км во еден правец, не ти е малку чудно? Јас ти предлагам да си го исполниш времето, и самата кажа дека не излегуваш туку висиш на скајп- земи излези, запиши се да го научиш италијанскиот , пробај да го активираш факултетот и ќе видиш дека твојата желба да одиш во Италија ќе исчезне Плус навистина нема смисла толку време да седиш кај неговите, точно дека тој те вика, ама треба да имаш осет, знаеш како велат Србите- “Сваког госта три дана доста“ а ти си седела 3 месеци, сигурно си тука нецел месец и сега сакаш пак да одиш. Пробај да го акивираш факултетот, а Италија остави ја за зимскиот распуст. Така и твоите среќни, и ти со обврски, ќе му фалиш повеќе на дечко ти, а кога ќе се видите ќе имаш што да му раскажуваш затоа што ќе ти се случува нешто, нема само да седиш на скајп А тој работи таму? Ако да, што ќе правиш ти цел ден додека него го нема?
Фала Сесилија на советот. Како прво почнувам без !!!! Фкулетот неможам таа година да го активирам затоа што местото е исполнато и ке морам од Струмица да се префрлам во Штип а јас несакам да одам на страна и затоа ова година е стопиран. Дечко ми оди на факултет ова година ми е последна и што знам како ама преку факултетот има работа и работи до 2 часот напладне. Татко му исто работа а мајкаму е дома значи јас со неа седам до дека дојде тој.
Абе се е во ред тоа наташа, ај те подржуваме за врската и амбицијата ваша, ама па и не иде нон стоп да си му на некој дома. Нели ? Олабави, остани некој месец овде, после пак замини , па дури ако имаш можност запиши ти таму факс... Имаш решенија, ама не е најдобро решението да му се струполиш на некој дома со месеци. Сепак си треба обзир. Остај го малку некој месец, и ти овде, наместо да го чекаш на скајп излези и ти со другарки Уживај забавувај се. Така ем нема да ти е досадно ем нема да пропуштитш од животот многу. Зашо најлоши грешки шо ги прават девојките кои имаат врска од далечина е да седат дома по цели денови и ноќи и да чекаат нивниот принц да дојде од чаршија.