Не можеш со сила да направиш од човек нешто што не е , а ќе го губиш скапоценото време чекајќи. 4 години се и повеќе од доволно за да сфатиш каков е некој, а на 32 веќе карактерот му е испечен, не сте деца. Тоа "ќе" ти надокнадам обично е идно време од *те лажам додека ми веруваш*. Не дозволувај некој да ти ја потценува интелигенцијата, да нема обзир за твоите чуства. Тоа што било "месец после стартот " не е изговор. Човекот на стартот се презентира најдобро што може за да те освои и верувај дека тој што е на почетокот тоа е неговиот *максимум*. На сите им е на почетокот убаво и највозбудливо и после се разоткриваат, а он тоа го направил после само 1 месец. Се додека си правела филм за потенцијалот негов , он ја користел твојата наивност и на крај не те удостоил ни со труд и финален муабет за раскинување после 4 години. Не е лесно да се раскине толку долга врска, знам од сопствено искуство, ама млада си животот е пред тебе, не си ломи нерви за некој што те остава анксиозна и збунета. Пиши ја пораката, рефератот ако имаш потреба да се исчистиш и да ја извадиш енергијата од себе, ама не очекувај дека нешто ќе се смени и не завлегувај во објаснувања. Аt some point ќе почуствуваш дека све е кажано и нема напред па ќе свртиш нов лист.
Вака коа пишувате.. Колку добро све си знаете што е, како е, што треба, и не треба, како да се постапи, а сепак ви треба валидација од други. Интересно
@Maja12. Луѓе раскинуваат и подолги врски и продолжуваат понатаму, и долгогодишни бракови се распаѓаат а ти се уништуваш поради човек кој не те сака и почитува. Ќе те боли ама ќе помине. Престани да се жалиш себе, да се уништуваш и да се затвараш. Сите речиси сме поминувале во таа фаза, ќе помине време, ќе боли помалку и еден ден ќе се сеќаваш на ова со смеење. Немој да анализираш ништо, немој да бараш одговори, не си ти виновна овде. Ти направил услуга, ништо друго.
Нема да бидам нежна со тебе затоа што ова себе-мразење сме го прочитале милион пати на форумов. Го гледаме во блиската околина, па сум го поминала и јас. Иако се надевам дека нема да биде така, мислам дека нема да послушаш ниеден совет и сега да ти се јави типот ти одма ќе му се фрлиш во прегратка. Се држиш за него ко слеп за стап, затоа што се плашиш да бидеш сама. Или шо велат, кој е гладен за љубов, прифаќа и трошки. Во животот ќе наидеш на многу луѓе кои нема да се однесуваат како шо си заслужила, ама кога имаш цврста основа во себе, не е ни битно ни страшно. Тие демони шо ги спомна, мора и треба сама да се избориш со нив. Еден мудар човек еднаш ми рече "љубовта шо ја бараш од мене, дај си ја себе". Тогаш ме болеше, го мразев, ама бил апсолутно во право. Кога ќе се сакаш самата, нема да прифаќаш шупли "љубови". И за вакви ситуации сме винови сите како општество, првенствено родители, потоа браќа, сестри, друштво и така натака. И ДЕВОЈКИ И МОМЧИЊА, дај ценете се! Родители, ваша одговорност е да градите цврсти карактери за да не може после некој да си игра вака *ур-та*ак со вашето чедо. П.С. не те сака. И ако продолжиш со него, ќе бидеш несреќна и се погладна за љубов.
Мајка ми се поболе овие 4 години, така речено плачела да ме свести. Се имаме карано, дерено. И брат ми еднаш- два пати ми збореше..
Уште од прв ден те вара (онлајн), а ти пак со главата во ѕид, лудо заљубена во таков преварант. Откачи го. Нели гледаш дека не те сака. Штом гледа, лајкнува и пишува со други женски, значи си го гледа чарето и со други. Ти си му опција за да не му биде досадно и да си пополнува време. А во врска со другатљ девојка, треба да ја слушнеш и другата верзија, т.е. нејзината, за да заклучиш до кој е проблемот. Штом има чад, има и оган.
@Maja12. Се надевам не си го само отследила/избришала, туку и стварно блокирала. Од телефонски број до социјални мрежи. Воедно и неговите другари комплет. Ова ти е must прв чекор - кој мора да го сториш за да правилно оздравиш од сето ова. Без оставање ни 1% простор за можна идна комуникација. Воедно ете гледаш не си сама, ги имаш твоите дома за поддршка што е супер
Супер, сега уживај. Ќе видиш дека кога ќе се сруши сѐ што си проектирала врз него, ќе престане болката. Таа потекнува само од твојата одлука да се држиш за него. Ќе ти биде смешно, кога ќе се извлечеш од целава ситуација. Верувај. Животот е еден и само твој. Не те родила мајка ти за некој да те заебава, туку за да го уживаш и да бидеш среќна.
Значи не ти доаѓа умот.. ем те предупредиле, ти кажале кој се последиците и ти пак по свое.. епа сега извини ама сама си виновна..
Па да можда али фактот дека некој е толку пресовршен во живо, изгледа како да е презаљубен се тресе кога сме заедно над тебе, али и овие ствари се случуваат. Умот ти е поматен. Ти збори брак, деца, дури и со моите за вакви сериозни теми. А у меѓувреме се случуваат многу срања, раскини, плачки, трауми. Ќе се смириме пренајубаво ни е, додека јас пак за нешо не изреагирам, па напади од типот токсична си, луда си. Итн итн.. и така. 4 год. Јас што пројдов и што простив… Али бев убедена ќе се промени. За сега да не ме удостои скоро месец со некој збор.. Само за мене немаше време, иако викенд искачавме само. Чекај јас до последен момент дали ќе ме викне или не. Радувај се на ситници.. Не можам да престанам да плачам и од жал за мене, колку бев невина и наивна во однос со него. Колку само го сакав искрено. Шо не направив.. Али тоа еСигурно Господ ме чувал..
Кога бевме заедно беше ангелче невидено мислиш му иде да ме впие да ме уби од гушкање од мерак.. Алии не искочи така. И бев 100% сигурна ќе сфати, поголемо разочарување не знам дали ќе имам у животов. И допрва сега да основам врска, да се врзувам, да верувам. Дали ќе знам после воа и како да се понашам.
Не е нешто што не се случува, ниту си ти виновна.. Многу е често некој од заљубеност да не ги гледа црвените знаменца и само убавото да го гледа и секоја нанесена болка да ја прекрива и да мисли дека ќе се смени нешто.. Во ред е се тоа, ама мора на момент да си ги симнеме розевите очила и да авидиме дали и без нив е се розево, тоа е она што ќе те научи оваа врска и само не прави ја истата грешка следен пат.. Ништо ти не си изгубила, работи на себе, дај си време да се засакаш, и се ќе си дојде на свое. И на сите го кажувам и пак ќе ти го кажам ова и тебе, подобро плачи сега 1-2 месеци и преболи го отколку да плачеш цел живот покрај него.
@Maja12. Ниту бил ангелче, ниту ти било така убаво. Туку поради тоа што 4 години си играл со тебе push & pull манипулација, мозокот ти станал зависен од таа нездрава динамика. Како зависник од дрога - во моментите кога сте биле заедно, кога те наградувал со неговото внимание, си се чувствувала high. И кога ќе те игнорирал, мозокот одел во withdrawl фаза. И затоа си го ставала на пиедестал. А кога ќе помине време и ќе се сакаш себеси, ќе видиш дека уствари бил некој на кој ни велосипедот не би го потпрела
@Maja12. може ти изгледа вака трагично, ама верувај на делата. Тој си бара резерва, не те почитува и не те сака. Во денешно време најлесно е сѐ да се направи, сето е достапно и овој не се штеди. И биди среќна што имаш можност да го увидеш сето ова. Јас дури и фала би му кажала. Во здрава нога трн не се става.
Ако е осетлива на критики, а ти како пријателка сметаш дека си објективна, тогаш нема многу што да направиш. Не се секирај, ќе се реши, толку би ѝ кажала. Ти се јавила може да се излуфитра со некој, да ја валидираш, да ѝ кажеш дека е во право или дека ќе се смират. Што и да кажеш ќе згрешиш штом опцијата е само останување заедно.