Ова што го опишуваш НЕ Е ВРСКА. Прочитај ја реченицава седумдесет милијарди пати. Ќе си простиш што си му посветила четири години и ќе си најдеш некој нормален. Емотивен инвалид кој не сака да разговара и само бара изговори за своите постапки, кој те обвинува тебе, кој ти вика дека си луда и претеруваш (убаво разбрав?), кој лајка голи цицки не ти бил никад дечко. Незгодно му е може на триесет години да биде сам и да го тормозат од дома и другари цело време, ко што им е на 90% од "возрасните" битно да бидат со некого, па макар и најлошиот. Тоа е реалноста. Тебе ти е и егото повредено, ама ќе пројде. На сите нѝ било тешко, сега си викам фала богу сум се спасила. Не идеализирај, не мотај филмови, не се објаснувај, биди карактер, си го должиш тоа на самата себе
И покрај сето ова успеа да се скараш со домашните со тие што те ПРЕДУПРЕДИЛЕ што те чека.. Верувај колку години и да имаш РОДИТЕЛИТЕ, БРАТ, СЕСТРА ни мислат НАЈДОБРО. Се друго може да те извиси..
Во кој дел не само што е совршен , туку и пресовршен? Кои погрешни романи ги имаш читано? На 18 години разбирам вакви заблуди, ама на 28 малку посериозно треба. Се разбира дека може да доживееме разочарување и предавство во било кој период од животот, ама реакциите и справувањето со ситуациите малку...ајде малку на повисоко ниво. Не те напаѓам тебе лично, туку да се преиспитаат сите што ја читаат дискусијава, а се во иста или слична ситуација.
Не сите, само нормалните. Е како се прашуваш дали би знаела како да се понашаш.. Ко прво не си мала, второ искуства и лекции ти се ова. Од тебе зависи каква поука би извлекла. Најпрво да научиш да се вреднуваш себе, па да не си подложна толку на манипулации. Среќно
Па добро заслепен си. Кога ќе го земам супер односот со моите, со мајка ми посебно. Цело време вртеше одоколу за брак, кога бевме заедно сите ми викаа да си го чуваш детево се гледа дека те сака. Али некои ствари шо ги знаев само јас беа спротивни. И ти се помешува умот. Башка ми е бум, шок зашо до вчера сериозни намери, брак, деца, куќа и наеднашка го снемува зашо му се обратив за све шо ми смета, као да не дадеш валиден одговор и да исчезнеш па и да ме избрише од инста ноу сенс.
Не ми е егото повредено, срцето мине скршено на 100 парчиња, душата ми плаче, али немам солзи. Преплакав овие 4 години искрено.. Си мислам можда и воопшто не ме сакал а ете бившата ја сакал очигледно многу и тоа. Али таа го заебала и отишла во Германија, демек му вратила( сигурно и нејзе и правел така). Лутам со поглед сите ме осеќаат, а немам емоции во мене.Ни бес веќе, ни жал. Што е ова? Си мислам дека искочи дека 4 год си поигруваше со мене, човекот што ми ветуваше бајки. Како да си се излади.
Не ти е потребен ваков човек во животот. Не треба да си го губиш времето со некој кој немал воопшто почит спрема тебе и твоите чувства. Колку побрзо ти се згади типов и колку побрзо се откажиш од него и се ставиш ти себе на прво место, толку побрзо ќе оздравиш и ќе гледаш кон некоја нова подобра иднина. Ќе боли, ќе се присетуваш, но присетисе зошто си во ваква ситуација и поради кого, сети се на целата агонија која ја имаш од него и на секој еден лош момент шо ти го предизвикал и речиси си сама во себе, дали јас заслужувам вака? Не требаат зборови, зборовите најчесто завршуваат во корист на манипулација. Му паѓаат во вода сите зборови, залудо се надеваш и престани да се надеваш. Еден ден ќе сфатиш дека не требало ни 0% од твоето време и чувтва да ги трошиш на вакви неиживеани кретени. Сечи во корен, ако ги пресечиш само лисјата болката и разочарувањата и понатаму ќе продолжат. А тој ќе си плати кога тогаш, животот е тркало.
Ова ти е одговорот на сè: Едноставно цело време си била свесна и си знаела дека something's off, ама си ги туркала работите под тепих со надеж дека ќе се промени. Факт е дека уште од ден 1 луѓето си ги покажуваат црвените знаменца, само свесно се замижува на многу работи. Скршена си, тоа е нормално. Дај му на времето времето да си ги процесираш работите. А дефинитивно не оди во правец да мислиш и анализираш дека тој ја сакал бившата, па го скршила, па како не. Значи тука застани. Плачи кога ти се плачи, ама и гледај да си дадеш рака сама на себе. Отиди и на психолог ако сметаш дека треба. Кога ќе дојде ред за друга врска и кога ќе се сакаш себеси, ќе видиш уствари колку љубовта е лесна
Е како неееее, супер све било до вчера, денес му текнува дека доста му е од се, те гоустнува и те блокира. Абе ајде, така иде тоа мислите. Бајката у твојата глава била. Зашто дозволуваше да те растажува? Не заебавај. Да не заминал кај бившата пак? Не знам шо толку се фокусираш на неа.
Ќе бидам груба, ама не знам дали разбираш дека во иста реченица пишуваш дека "си преплакала 4 години" и "пресовршен". Тоа не може да биде. Вашата врска не била врска, човек што те гушка и ти праи муабет за деца, а гледа туѓи цицки и те убедува дека претеруваш кога сакаш да разговарате за проблемите кои те мачат, а се поврзани со вашата врска не е совршен, престани да правиш филмови во глава и да мислиш шта би било кад би било, кад би баба била деда и слични работи. Егото ти е повредено, и тоа е нормално, повредена си и увредена, оствена си. Фактот дека човек со кој си во врска четири години те игнорира скоро месец дена треба да ти каже многу повеќе отколку сите гушкања и муабети за брак. Не сакаш да бидеш во брак со таков човек, ти не си ништо подобра од бившата и не треба ниту да ти биде гајле колку ја сакал и што се случило (којзнае дали и ти ја кажувал вистината), нема да го промениш, не те сака повеќе отколку што се сака сам себе. Ќе преболиш, ќе ти поминат овие драмски и лирски моменти верувај, и ќе се смееш на постовиве. Сите сме биле во таква ситуација, луѓе се разведуваат, губат партнери, ќе ти поминее Само те молам престани да верглаш дека е совршен, совршени мажи не се однесуваат вака. Ти сакаш да остане во твоите сеќвања како совршен пошто те плаши помислата дека ќе останеш сама, дека може нема никој да те гушка веќе и да ти прави муабети за деца и брак и да им мачка очи на твоите, ама не бери гајле, сѐ ќе биде во свое време
Готово ај било што било, поминало НАЗАД НЕМА, ова да ти е животна лекција.. и да извлечеш поука од ова.. то е некој порано ги учи лекциите во животот некој подоцна..
Манипулатор. Маж од триесет години, не знае да разговара ко човек и да стави крај на врска од четири години? Најлесно му е да те мафне, сама да си сфатиш дека е готово, да не се мачи он да се поти и објаснува. И да си најдеш, послушај го. Затоа што според него тоа се твои проблеми, не се негови. Ти си лудата што претерува. Изгледа, ама не е. Да е заљубен, ќе ти се јавеше, ќе ти пишеше, немаше да те игнорира три недели. Свесна си значи дека ти го поматил умот, а НЕ дека е СОВРШЕН. Нема ни да коментирам, се изнервирав само што прочитав. Не е совршен. Тука што да ти кажеме, луѓето не се менуваат. Ова ти е лекција за идните врски и да не чекаш никој да се промени, очекувањето твое те изело. Поарно. И тоа поарно. Ќе си најдеш некој што умее да се организира во животот на факинг триесет години и кој ќе сака да го прави тоа без да МОРА и без ти да го ПРИТИСКАШ. Не се задоволувј со трошки, тоа што го сакш заслужуваш да го добиеш, сите ние заслужуваме. Ти бил потребен исто така. Чекање некој да се промени и да сфати секогаш ќе те доведе до ваква ситуација. Ти ќе плачеш и ќе се траскаш од земја убедена дека си го изгубила совршениот, а тој ќе те игнорира. За жал, можеби и ќе имаш. Не се плаши, ќе помине. Ете, сама си кажуваш дека ти го поматил умот и дека си заслепена. Значи ниту е тој совршен, ниту си ти толку заљубена. Еве тука малце его, надеж, страв, срам, сѐ испомешано. Не се секирај, ќе помине и тоа. Манипулатор. Шо да чуваш, незрел маж што ме игнорира кога му зборувам за проблеми е за фрлање, не за чување. Условена си од околината, да си го чуваш пошто МОЖЕ НЕМА ДА НАЈДЕШ ТАКОВ. Вакви има со лопата да ги ринеш, само не ти го треба во животот ваков верувај. Не сака да се замара со тебе. Свесна си. Што и да се случило меѓу вас, нормални луѓе седнуват на маса и раскинуваат. Три недели без одговор и на игнор, немаш никаква објективна причина да плачеш. Само ќе си дадеш време да преболиш. пс. Како жена од 45+ , разведена и со деца, те уверувам дека ваков човек не ти треба. Кога ве читам по темиве искрено се прашувам зашто сум се развела воопшто, во дваес години маж ми не ми кажал ништо од ова, а сепак сме разведени. Не знам дали е до годините, до зрелоста, до социјалниве мрежи што очигледно ве утепуваат во поим штом цело време читам во темиве, гледал, следел, лајкал. Разбирам дека има секакви будали, но мора да си поставиш граница, ова не треба да бидат нормални работи во врска.
Не си го толку него сакала, колку што самата себе си се напуштила. Вистинската љубов не се докажува со тоа колку можеш да издржиш лош третман. Таа најчесто се открива преку тоа колку малку мораш да се откажеш од себе за да останеш во неа. Ова не е никаков проблем, бидејќи е јасно дека ти раскинал и најверојатно веќе е со друга девојка. Таа реалност мора да ја прифатиш што побрзо. Воедно со тоа што ти рекол да си најдеш друг додека уште сте биле во врска, е знак дека цело време сакал да те откачи. + Тоа што цело време сте биле on/off, ми е индикатор дека одамна си водел двоен живот. Позитивното е што сега си го блокирала отсекаде. Второ, насочи си го фокусот целосно на себе и сè ќе дојде на свое место. Утре ќе знаеш дека оној кој вистински те сака ќе стравува да не те изгуби и да не те повреди.
Мене ме интересира зошто секогаш коментари од типот - х години ја матка? Што би значело тоа? Баш често го слушам кај долги врски и многу лошо звучи. Што, ние жените сме очајни и едвај чекаме некој да не запроси?
Верувам дека има, ама мислам годините не играат многу улога. Ако некој бил заедно од 15 години, логично дека ќе бидат заедно 10+ години додека стапат во брак..
Настрана бројот на години кои се поминуваат во врска, факт е дека информацијата дали воопшто си во врска/брак, го менува начинот на кој луѓето те перцепираат. Ако не си во врска, не те бива. Ако си во долга врска, а не си стасала до брак, исто не те бива (нешто ти фали). Ако си разведена, нешто ти фалело сигурно. Ако си разведена со деца, тежок мученик си, па сите те сожалуваат за маките што ги тргаш. Ако си разведена, па премажена, си се снашла, значи те бива. Ако си разведена и не си се премажила, односно си сама, пак не те бива. Доволно е да ги излисташ темиве врзани со љубов, брак и заеднички живот, повеќето жени се спаруваат со секакви одрони затоа што така ТРЕБА, затоа што МОРА, од срам и страв да не бидат/останат сами и повеќето не ни знаат воопшто како се однесуваат двајца кои се во врска/брак/кои живеат заедно. И жените се секогаш без исклучок тие што најмногу им судат на други жени кои одлучиле поинаку. Мене една таква пред извесно време ми кажа дека дур јас пребирам, се пробрале тие мажи што вределе Прашање е која ќе признае дека е ова навистина вака.
Има очајни, и жени и мажи. Ќе бидат со било кого само за да не бидат сами бидејќи живееме во држава со заостанат менталитет дека ако немаш никого, нешто ти фали. @Abel убаво објасни. Некои во долга врска изневеруваат, некои затоа што им е монотоно, други затоа што веќе не можат да чекаат на партнерот да ги побара за сопруга. Искрено, 10 години е многу за чекање, колку такви врски се распаднале затоа што исчекувањето ги убива. Има примери каде што прифаќаат брак а речиси и не се запознале убаво од истото што го кажаа претходно, страв да не останат сами. Пред некој ден сличен муабет имав: Ајде, што чекаш, зошто не раѓаш и други такви глупости. Некои се влечат со години во врска а уште не мрдаат од мртва точка.