Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.390
    Допаѓања:
    7.154
    Пол:
    Женски
    Се тоа јасно, но многу лошо звучат таквите коментари посебно насочени кон жена, дека некој ја влече 10 години, а не знаат дали самата таа воопшто сакала порано да стапи во брак.
    Точно е дека од која страна и да гледаш, жената е секогаш таа која е сожалувана. А зошто? Како знаеме дека таа едвај чека?
    Според мене 10 години не се многу, ако има причина што се толку. Некој чека посоодветна возраст, диплома, стабилна работа, решено станбено прашање, итн.
    Секогаш има и спротивни случаеви каде навистина поминуваат години и никако не се решаваат на тој чекор иако навидум се друго им е средено, ама не е таа ситуацијата кај сите.
     
    На theowndemon и boo3 им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Секакви коментари на тема нечија врска и брак се лоши и непотребни. Одраз се на нашата култура и малограѓанштина. Ама тоа сме ние, залудно глумиме дека не сме. Инаку во животот, идеален момент да направиш нешто не постои. Што не значи дека треба да правиш така како што мислат и прават другите.
     
    На bicycle, Малечка Малинка и boo3 им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Има жени што сакаат да стапат во брак да речеме и на 25, 35 години, има мажи што уште не се одлучиле и им е тешко да го направат тој чекор, од паника и хехенца од типот животот ти е готов откако ќе рипнеш во тавче.
    Има жени што не можат да чекат и намерно остануваат бремени за да го задржат за секој случај, има мажи кои намерно ја оставаат партнерката бремена за да не му избега, има мажи кои што не се позрели од партнерката и се двоумат кој е вистинскиот момент.
    Има многу примери.
    Има и примери каде што долгата врска се распаѓа и веќе во следните месеци ги гледаш со нов партнер и спремаат свадба па си го тупат мозочето дека се влечеле со години и не стапиле во брак а со новиот по кратко време, психата е заебана.

    Коментарите се лоши, затоа како што реков општеството е такво непримерно и токсично и те замара за тема брак затоа што не знаат да си гледаат туѓ живот.

    Јас лично 10 години не би чекала, премногу ми е.
     
    На nextredstyle, quattro, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира што ти значи "не можам да чекам 10 години"? Што мислиш дека чекаш, или треба да чекаш? Без полемика, само љубопитство. Јас некаде пишав дека сум 45+, разведена, со семејство, иако со маж ми никогаш формално не сме стапиле во брак, разделени сме според законите во државата каде што сме живееле (и делумно уште живеам). Живеевме заедно 15+ години, деца, куќи, планови, бизниси. Никој никого не чекал. Бракот сам по себе како форма нема да донесе остварување на плановите. Ниту неостварување на плановите. Ама иако сме разделени, кога одам во градот каде што тој живее, спијам кај него, живеам со него, дури и едно време продолживме да работиме заедно. Никој никого ме мрази, никој никого не малтретирал, ниту за деца, ниту за алиметација, ниту за делење имот. Тука по темиве секој ден очи си копаат, ама битно се во брак.
     
    На M&M, Mr.Limonko и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Не би чекала некој толку време да се одлучи дали сака иднина со мене, фамилија, деца, да се двоуми што сака во животот со мене, да создадеме нешто заедничко.
    Можеби јас ќе сакам во тој момент а тој се уште размислува.
    Според мене, можеби грешам сметам дека после година ипол две, да речеме три треба да се води тој разговор дали гледаш иднина со партнерот/партнерката или не.
    Можеби грешам, но јас вака гледам на работите.
    Ете, не мора документ во моментот туку би сакала после извесен период да знаж во кој правец ќе ни оди врската.

    Нели, секој сака да си има план како да му се одвива животот.

    Еве ти пример најнов: Со партнерот беше 12 години во врска, тој ја остави, најде друга, се ожени и имаат дете.
    Таа уште е сама, сакаше брак со него.
     
    На LadyD, nextredstyle, quattro и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    63.175
    Пол:
    Женски
    Па зависи од целта на двајцата партнери. Ако целта им е склучување брак, јасно е дека треба да биде кога тогаш. Кога се 20 нормално е да поминат години пред да се одлучат на тој чекор. Ама крај на 20ти и почеток на 30ти на пример сосема е нормално некој да не сака да го влечиш со години, бидејќи тоа значи дека не си сигурен што сакаш (или не сакаш). Времето не е бесконечно.
    Вас целта не ви била да стапите во формален брак, и тоа е ок, ако е она што двајцата сакаат. Битно е да се искрени еден кон друг партнерите. :)
     
    На ecotte12, nextredstyle, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Токму тоа ми беше прашањето, зошто бракот е доказ дека некој "не сака да те влече"? Настрана желбите и договорот меѓу партнерите, бракот не е гаранција, уште помалку сигурност, за каква сигурност точно зборуваме, материјална, емотивна? Времето не е бесконечно ниту во брак, времето поминува исто за сите.

    Мислам дека не читате убаво или дека имате тотално погрешна замисла за бракот. Јас пишав дека имам фамилија, иднина, деца и бизнис, а немам брак, ти пишуваш дека "Не би чекала некој толку време да се одлучи дали сака иднина со мене, фамилија, деца, да се двоуми што сака во животот со мене, да создадеме нешто заедничко". Бракот, ајде уште еднаш, не е гаранција дека некој сака нешто вистински со тебе, може и само да мора да стапи во брак пошто му дошло време, доказ за тоа се брзите разводи и сите писнија во другине теми.
    пс. И да биле во брак, тој ќе се спанџал со друга и ќе побарал развод, како тука те спасува бракот?
     
    Последна измена од модератор: 23 април 2026
  8. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Џабе се трудиш, мислат дека тој ебан потпис значи се'.. :drunk:

    Парче хартија е и ништо друго. Намерите се тие кои се битни.
     
    На Mr.Limonko и Abel им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Ќе живееш одделно со партнерот или ќе го чекаш со години да се одлучува дали е спремен?

    @Abel не се разбираме.
    Ај одново.
    Ти ја сфаќам поентата тебе, листот ништо не важи, намерата е битна.
    Ама има врски во кои и партнерите не живеат заедно после долга врска, стојат во место, не формираат иднина, ништо од тоа.
    Не мрдаат од место, сега појасно ти е за што верглам цело време?
     
    Последна измена: 23 април 2026
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Тоа е друго. Да те влече за нос секако дека не смее да се толерира.
    Го глеаш дали е или не е спремен, не може да се сокрие тоа.

    Членката збори за бракот како 'институција'.
    Апсолутно се може убаво да се функционира и без да се регистрираш, доколку двајцата сте спремни на тоа и сакате заеднички живот.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.824
    Пол:
    Машки
    А кој ви брани да живеете заедно ако не сте венчани на хартија?
     
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Е, амин... тоа зборам.
    А бракот, листот е небитен, туку намерите.
    Чекање, чекање, живеење одделно и на крај тој со друга се одлучува а тебе ти поминало време.

    @Mr.Limonko читај поназад, се објаснив.
     
    На nextredstyle, Mr.Limonko и quattro им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    63.175
    Пол:
    Женски
    Ако бракот го сведувате на "парче хартија", тогаш зошто е тешко да се потпиши тоа "обично парче хартија"? ¯\_(ツ)_/¯ За мене значи многу повеќе, значи апсолутна љубов и доверба во другата личност.
    Пак ќе речам, треба партнерите да се искрени еден кон друг. За некој е битно да ја официјализира врската со брак, за друг тоа не менува, и ок е додека тоа е она што двајцата сакаат. Ќе си најдеш таков каков што ти одговара. Ама да, влечење е ако некој не знае што сака или дали сака да е со личноста која очигледно си има цели, а тој не се вклопува во нив.
     
    На FlirtBerry, LadyD, Касија и 4 други им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    17.871
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека после било какво искуство, секоја девојка/жена знае што (не) сака. И ако пред неа стои „силен“ пол што не знае што сака и/или не може да ѝ вети ништо, т.е дреме, во најдобар случај фер е да ѝ направи еден муабет. За ова треба карактер, тоа „влечење“ или како и да го класифицираме е веќе однапред познато со самото тоа што некој ќути и не може да каже „извини, јас хххххх“ (што и да е ова). Секој/а бара нешто во партнер, ретко кој како индивидуа зазема одговорност према својот партнер.

    Апсолутно, не можеш да тажеш по партнер што не ти го валидирал тоа по кое ти однапред си му го потенцирала (за секоја различно) и се радувам секогаш кога ќе видам девојка која излегла од никаква (без разлика дали кратка или долга) врска и наоѓа друг партнер.
     
    На Mr.Limonko и bicycle им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Значи според тебе, сериозен маж мора да сака брак затоа што тоа е единствениот начин да ти докаже апсолутна (?) љубов и доверба? Колку години имаш ако смеам да прашам, дали си во брак и колку години си живеела со партнерот пред да се одлучите на хартија? Сите партнери ги условуваш на тој начин, во кој момент (или во кој година од врската) сте разговарале на тема брак и потпис? Што друго треба да направи еден маж освен да се потпише како доказ дека те сака?

    Зашто би живеела одделно со партнерот, опциите ти се или во брак или секој со своите? Сериозно никој не искусува заеднички живот пред бракот? Како се стекнувате со доверба и со партнерска рутина тогаш, како осознавате како и двајцата се однесувате во одредени секојдневни и несекојдневни животни ситуации? Мислам може сум со некого во врска десет години, а да сме преспале заедно само еднаш во месецот на пример (тоа би биле 120 пати), насорема некој кој две години живее заедно и силом прилика се познава и открива многу многу повеќе.
    Јас не го девалвирам потписот воопшто, ме интересира зошто вонбрачните партнери се индиректно класифицирани како несериозни и луѓе кои не знаат што сакаат, или сакаат некого да влечат за нос, искрено тоа беше моето првично прашање, не отворив дискусија за некого да убедувам ниту да се оправдувам, се надевам толку сум јасна. Тргнувајќи од себе, да останев во врска со човекот кој сакаше брак и потпис, гадно гадно ќе се заебев, како што се заеба неговата сегашна жена.
     
    Последна измена од модератор: 23 април 2026
  16. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    20.443
    Не знам зашто волку е демонизирана вонбрачната заедница.

    Не знам ни дали знаете дека истата е регулирана со законски и подзаконски акти. Не е туку така ко шо се мисли плукни залепи и без никакви морални принципи :)
     
    На Alek90, Малечка Малинка и pinklipstick им се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.824
    Пол:
    Машки
    Бракот не менува ништо, хартијата да смени нешто нема, ама на маж кој што не му е битно тоа парче хартија, а жената што ја сака тоа и дава било каква сигурност би склучил брак со неа, бидејќи нему секако не му менува..
     
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Како што реков, многу партнери, не знаат што сакаат, не може да се одлучи, чека години и живеат одделно.
    Многу ретко денес се одлучуваат за тој чекор, прават прво веридба па после тогаш.
    Многу што стапија во брак а ги познавам, не живееја заедно претходно.
     
  19. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    17.871
    Пол:
    Женски
    ..па менува малку хартијата, ако некој од партнерите почине, децата наследуваат семејна пензија до 26 години (еве еден пример од многуте). Сега зависи кој како си толкува и милува.
     
    На Tanjamm, Mr.Limonko и Аничкаa им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    [QUO
    Во ред, ама некако излегува дека само на жената бракот ѝ дава сигурност (не мажот), а на мажот му е све рамно.