Правно многу менува, тоа сигурно, не знам точно што уште.. Поентата ми беше дека не ја менува љубовта, почита, карактерот на партнерот, проблемите. Бидејќи повеќе стапуваат во брак со намера дека ќе се смени партнерот, дека проблемите ќе исчезнат, ако не се среди ниту со брак мислат ќе се среди со дете, па ајде не со едно треба две..
Децата наследуваат пензија без разлика на брачниот статус на партнерите, ако се признаени од таткото секако. Сакаше можеби да кажеш жената ја наследува пензијата на мажот, бидејќи статусот на децата е ист во брачна и вонбрачна заедница. Децата се деца, на двајца родители.
2026-та сме, редно е да сфатиме дека секое партнерство си има своја сопствена динамика. Динамика која исклучиво си ја поставуваат партнерите меѓу себе, а не луѓето однадвор, општината или форумот. Што значи, нема едно погрешно и нема едно исправно. Секој пар е различен и има различно гледиште што значи за нив иста бранова должина, ист тим и тоа е сосема нормално. Важно е само да се сакате себеси, навреме да разговарате за важни работи и со партнерот да ви е 100000 пати подобро отколку кога би биле сингл
За правно менува да не се лажеме, не знам што менува и како, не сум многу упатен во тоа.. Ама пример јас ако почина би сакал мојата жена да ја наследи мојата плата и да не се мачи, ако веќе може така..
Абе не врат - шија. И да не се во брак т.е вонбрачно, таткото треба да даде изјава за признавање на детето. Да не одиме офф-топик.
Зборуваме за децата, а не за брачниот другар. Децата имаат полно право на здравствено осигурување, поделба на имот и семејна пензија без разлика дали се родени во брачна или вонбрачна заедница или се посвоени. Да не ги мешаме работите.
Не зборевме за одделно живеење. Одделно да живееш може и у брак да си, па да не те есапи за жив/а и да си прави гадости, со оглед на многу од денешниве бракови какви што се од 'љубов' создадени. Љубов, почит, верност и што ти знам таму, или се има или се нема, независно од парчето хартија.
Да, таткото дава изјава кога се раѓа детето и во извод од матична книга се впишува родител, тоа не е проблем. Но не шири дезинформации, децата и сопругата се правно две различни работи. Децата си се заштитени.
You wanna bet some money? Ама да, секој со своите убедувања додека не го разубеди животот. Битно да сме живи и здрави.
Да ама пак е битно како тој човек гледа на тебе, и треба да се потпише дека е татко и дека ги прифаќа. И зошто ако веќе има деца партнерите ко партнери не се битни? Зошто мајката не е битна?
Не сум воопшто напната, аргументираш со неточни информации, мислам дека е во ред да те исправам, за да престанат жениве да ѝ се тресат на пензијата.
Се тресе на пензијата во која смисла? Се мажат дека ќе земат пензија и си го убиваат мажот? Се согласувам потполно со тебе дека бракот не ја менува љубовта и намерите, ама правно менува и Членката даде само еден пример кај менува..
Лимонко, каде напишав дека мајката не е битна и дека не е важно како твојот партнер гледа на тебе? Стварно ниту кажав ниту помислив таква работа. Се прашувам која е разликата меѓу маж што на пример ќе му текне да те ожени тек доколку си трудна, а пред тоа не му дошло времето, и маж кој ќе си ги признае децата и ќе си биде одговорен татко и партнер (не сопруг). Како мерите во овие две хиптетички ситуации дека првиот е подобар? Правно не менува во конкретниот случај врзан за децата, а кој ќе умре прв и кој кого ќе наследи, јас натаму не одам, сори.
Подобар е оној што ќе биде татко како што треба а не само на збор или хартија.. Татковството се покажува со дела не се станува татко само со правење деца, кој е подобар татко е знак прашалник во случај кога не знам како едниот, а како другиот се грижи за децата и мајката на тие деца.. Истово важи и за мајката, не се станува мајка само со раѓање...
Реалноста на една личност не е реалност на сите други. Ако пар дозволува влијание однадвор, не е тоа разубедување од животот, туку пар кој не стои цврсто заедно
Не сум била во брак, сум имала сериозни врски. И да, за мене е битно да официјализирам, и не, не е единствениот начин за доказ за љубов, бидејќи ако нема љубов нема да има врска камоли брак. Јас не убедувам никој што сака да живее вонбрачно дека брак е единствениот правилен начин на функционирање на едно партнерство. Битно е двајцата да го сакаат истото, толку е едноставно. Therefore, маж што не сака да стапи во брак едноставно не е за мене. Додуша тука има и една разлика, дали не сака брак општо или не сака со тебе. Тука настануваат зезанциите често.
Замисли ситуација: Наоѓаш некој пристоен, некој асален, чоек на место, чоек што те сака и те вреднува, добиваш совршен третман, искреност, и почит, нешто што не си го добила од никого. Арно ама, типот не сака брак, не со тебе, туку општо е против бракови. Би била со него или би го остаила само ради таа причина?