Ако толку многу ја сака дали тој би склучил брак со неа затоа што таа тоа го сака тоа? За ова се седнува и се разговара и ќе најдат заедничка средина...
Е да ама ја јасно прашав, дали одма би го остаила? Еве нема простор за компромиси, тоа значи дека не ја сака и поштува? Може принципиелен е, може таква му е замислата за животот, а да не е лош чоек, напротив да е предобар.
Не разбирам зошто потенцирате дека не убедувате никого, ама еве пак ќе пишам, ниту јас имам намера некого да убедувам или да разубедувам. Прашањето произлезе од проблемите на членката која ја откачил дечкото после четири години кој таа го квалификуваше како сериозен и совршен зашто зборел за брак и деца, иако имало многу кавги (сериозни, драми, со плачки и сѐ што не треба) и затоа прашав зошто е бракот толку битен, непобитен, витален елемент во животот со некого и зошто сакате да бидете во брак со некој со кој не сте ни живееле? Не е единствен, ама е клучен, јас така разбрав. Не мораш на ниту едно прашање да одговориш, не е насочено кон тебе лично и не ми е намерата да си го пикам носот Читајќи ги темиве, брак и деца за мажот да се смени се пречести за да не се посвети малку внимание на себеиспитување зошто на пример ете поарно одма да се скокне во брак, пред искусен заеднички живот, или одма деца? Мене ми делува избрзано, особено ако десет години си во врска со некој а не сте се договориле да живеете заедно. Сите овие се реторички прашања да повторам, не осудувам, ниту советувам, ниту кажувам дека едното е подобро од другото.
@Mrs. right Ако е вистинскиот за неа, буквално ќе бидат aligned за крупните работи како вредности, цели и приоритети. Ако нејзе и е важен бракот, нему не, тоа е прилично фундаментална разлика меѓу нивните вредности. Ова понатаму лесно може да доведе до големи несогласувања. Не е само важно колку е добар спрема неа, туку колку се и компатибилни long term. А партнерство тешко се гради и опстанува врз различни визии
Колку и да сте предобри и двајцата ако сте инаети и не знаете да направите компромис, не сте еден за друг и најдобро е да не продолжите заедно. А инаку нему не му менува бракот, и тоа што ќе се потпише, на неа може многу и менува.. Колку и да ми верува и да ме сака, ако она се осеќа посигурно, заштитено со тој мој потпис, па колку и да сум против брак ќе отидам и ќе се потпишам.. Сигурно многу ми е по битно таа да се осеќа сигурно и мирно покрај мене, од потписот..
А ако не најде подобар? Лошо е да се прокоцка приликата.. Исти не можеме да сме 100% идентични. Ако барате таква личност, шансите да ја најдете се 0
Мора компромис, мора да се седне и да се разговара, зошто едниот не сака, другиот сака, и да се најде златна средина.. Ако тераат двајцата инает, џабе.. Најдобар за никој не е партнер што тера инает со тебе и по секоја цена мора да е по неговото.. Мора некогаш да направиш жртва и ти и другиот за да функционирате.
@Mrs. right Луѓе да делат исти ставови околу крупните работи не значи дека се идентични. Баш спротивното, значи различни карактери добро усогласени, meant to be Воедно, нема такво нешто "ако не најде подобар". Вака од страв, може само двајцата да заглават во заеднички мизерен живот. Едноставно компромиси се прават кој филм ќе гледаме, не на теми дали деца ќе имаме Уште поедноставно, ако партнерот е за тебе, навистина сè ќе оди полесно и ќе чувствуваш одвнатре мир, а нема да се прашуваш дали има и подобро
Па да де, тоа викам, еве би напраила жртва и би го прифатила фактот шо неќе брак. Мора жртви јебига..
За деца е малку потешко и тука мора да најдеш некој што сака исто како тебе или некој што не сака.. А за брак дали да склучат постои можност да се договорат.. И може да се реши со разговор.. А за другово се согласувам.
@Mr.Limonko @Mrs. right Чеда божји, наместо да се нервирате, бидете со некој со кој сте стварно компатибилни Далеку полесно отколку да си го комплицирате животот и да анализирате зошто некој нешто сака или не сака Дозволено е да не се сака брак, деца и обратно. Нема поента да се терате меѓусебно или само на еден да му е убаво
Де, бре. Никој не бара скроз идентичен. Не ни може да најде таков. Партнерите треба да се на иста линија барем за најважните прашања како што е тоа парче хартија. Двајцата да сакаат или да не сакаат брак. Инаку сојузот (од каква природа и да е) нема да им успее.
Ако бракот беше круната на тој живот од фантазија, гаранција за вечност и силна љубов, немаше да секоја втора тема биде брачни проблеми, немаше да има неверства, немаше да има разводи, just sayin'. Мислам дека е малку наивно да се изедначува брак со некаква сериозност или посветеност.
Како да се справам со срцебиењето што го имам мн често, мислам ќе ми искочи срцето. А и се будам го сонувам у врска, заедно, шетаме уживаме. Се будам сред ноќ со кошмари. Ќе пројде фазава?
Ќе пројде нормално, треба време. Можеш да си побараш и психолог да ти помогне да стигнеш до closure со оглед на тоа што си поштено гоустната од тој. Го сонуваш затоа што со мислите си заглвена во периодот на врската, природно е, сонуваме работи со кои сме оптеретени. Не се грижи.
Пробај со дијазепам. Само немој да ги клукаш како бомбони, затоа што ствараат зависност. Ако немаш дома, тогаш мора да ти ги препише матичен, а пред да ти ги препише, треба да му кажеш причина зошто ги бараш. Последниве неколку години многу луѓе почнаа да бараат дијазепам, па матичните се малку повнимателни кога ги препишуваат.
Еден совет Живееме во странство во Швајцарија со сопругата скоро 1на година од како се преселивме тука како да се оладивме еден према друг…. дали имал некој такво искуство? *Не се проблем интимните односи дури и се пречести
I'm sorry, ама ужасен совет За некој кретен да пие апчиња, како да не. @Maja12. Значи Маја, дозволи си да тагуваш. Не можеш за еден ден да преболиш ништо. Ова што го чувствуваш е нормална реакција бидејќи мозокот ти е сега во фаза на одвикнување по токсична врска и емоционален шок. Плачи кога ти се плаче и воопшто не го потиснувај ова во себе. Разгварај постојано со најблиските, а можеш и со психолог. Најдобро е да започнеш често да излегуваш на свеж воздух и сонце. Создади си некоја нова рутина. Целосно посвети се на себе. Започни да вежбаш, работиш ли, имаш ли некое хоби? Сè ќе помине, не е ова засекогаш