Ах леле. Да бев трол бар ќе ми беше раат душава. Господ ми е сведок дали сум трол. Камо да бев ќе речам.
Добро де, ниту прв, ниту последен, без нервози. Ако нема попаметна работа, а и малце да се размрда форумов
Наместо да се правите паметни и одредувате кој е трол подобро ако имате совет дадете кога веќе толку знаете отколку мудрување, no one gives a fuck who you are.
Најди си занимација да не мислиш на проблемот.. Пример ќе ти кажам во слична ситоација зедов да си ја измалтарам визбата и сета сила ја потрошив.. какво неспиење легнував во 10 станував во 10, капнат унорен, ем проблемо заборавен ем визбата измалтарена.. Најди си и ти по можност физичка активност.. нешто со што ќе се измориш физички..за да не мислиш на проблемот..
Без да се навредиш, нема потреба од пораки, немам капацитети за толку комуникација. Анонимен е форумот, можеш слободно да пишеш тука што ти тежи.
Пробувам ама тек кога ќе задремам ме напаѓа… Ужасно се осеќам. Пробувам на лошите ствари да се сетам да си помогнам. Ама џабе у моменти некои. 7 дена последно спомени, појадок. кафиња будење заедно. Шетање. Ама па тој нели мисли вака? Ме мисли ли он. Башка мојата љубов грижа и посветеност е неизмерна во однос на неговата. Разочарувањето е огромно и боли.И се што тој правеше ми беше испрезентирано као нормално и прифаќав дека не е big deal. Сите викаа веќе со една нога у брак сум. Ама ваљда Бог ме чувал од лош брак? Ќе се омажам понатаму се надевам.
Имаш мнооогууу слободно време.. и се оптоваруваш со тоа.. ако ти се мислите во нешто друго нема да те оптоварува толку.. Наместо да мислам на нешто што ме разочарало ќе мислам како да сработам нешто попрецизно или некој проект побрзо да го стасам..
Нормално е да се чуствуваш разочарано.Ама веќе треба да размислуваш да продолжиш понатаму.Секој ден потсетување нема да ти помогне.Еден ден ќе сфатиш зошто ова било добро.Низ страдањата учиме и создреваме. Млада си,посвети се на себе,на работа,на љубов(не мора да е само партнерска).
Потсвеста твоја ти зборува, ти не ја слушаш! Јави му се, прости му! И потруди се да го намамиш да те затрудни, така ќе се земете
Од една страна велиш тешко ти е, го сонуваш бившиот и ред други работи а од друга страна велиш дали да идеш на дејт, и после се чудиш зошто ти велат дека тролаш.
Се слагам. Луѓето се лоши! Шанси неќат да даваат, па после кукаат... Нашле па зашле Златно дете, совршен, пресовршен, а она ќе го испушти, и ќе се мавта со друг Маж ко маж мора и да се издува, тоа е баш здраво за една врска или брак. Сакаат монотонија или им смета? За да нема монотонија, мора и нешто вакво, он секако ќе и се врати на таа која вистински му е во срцето
Па да претешко ми е го сонувам плачам ја си знам како ми е. Добив совети демек да искочам чисто да сменам мисли, а и што заслужува? И покрај се јас го мислам и се преиспитувам да не претерав со нешто, да не ќе биде лошо ако искочам. А и секако решив дека не искачам. Не можам…
@Maja12. Типот тебе те сака, да знаеш, и сигурна сум дека ќе те побара, stay tuned Осеќам дека нема да може без тебе да живее. Кикснал, е шо де, на сите ни се дешава, ти да си го поштуваш Замисли, би можела без партнер да останеш Остај ги другиве шо се самотњаци, се преценуваат Дечкото те сака, тоа е најдоволно! Чекај го стрпливо, се' ќе се среди
За кого би било лошо ако излезеш на кафе? Освен за тој шо те викнал? Оти уште имаш отворена рана. На кафе појди, за друштво. А за друг да ти ја лечи раната немој. П.с. за срцебиењето земи витамин Б6 или некои таблетки за смирување на природна база. И кога ќе западнеш во мисли стани прошетај, земи чисти, прај нешто друго. Преусмери ги мислите и тоа е тоа. Многу е едноставно, само ние не дозволуваме да е. Убаво ни е да се држиме со канџите за јадот.
Нешто фали кај една од врските шо го наоѓаш у втората. И не си сигурен шо сакаш, па малце од ваму малце од таму. Ништо страшно. Смири глава, размисли, извагај, види шо како. Двете не ти се љубов, една е. Или ниедна од нив.